Вештачка мајчина утроба

Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
Еве иде денот кога жените ќе бидат ослободени од товарот на бременоста и пораѓањето, фините чичковци и тетки од EctoLife се на пат да ја склопат првата лабораторија во која ќе раснат бебиња од првиот момент на зачеток до крајниот момент на бременоста, во стаклено ѕвоно наместо во мајчина утроба. Лабораторијата на EctoLife во (а каде на друго место јеботе доктор Менгеле) Германија ќе им понуди на заинтересираните да бираат од мени какво дете сакаат: пол, раса, висина, боја на очи, коса...

Екто бременост- бебе од стаклено ѕвоно

Artificial wombs

Al-Ghaili believes that artificial womb facilities could become a reality in 10 years or so if ethical restrictions are removed, reports Mirror.co.uk.

“Every single feature mentioned in the concept is 100 per cent science-based and has already been achieved by scientists and engineers”, he said.

“The only thing left is building a prototype by combining all the features into a single device”, the filmmaker was quoted as saying by Mirror.co.uk.
Ама доста многу битен момент е што лабораторијата е 100 посто обновлива енергија. Е шом е 100 обновлива енергија нема причина зошто да не им се дозволи да почнат со работа :P

The facility — which would run on renewable energy — plans to house 75 labs, each equipped with up to 400 growth pods or artificial wombs, reports UK’s Metro newspaper.

These pods are designed to provide the same environment that is present inside a mother’s womb.
Ете дојде и тој ден, жените веќе не мора да раѓаат деца, ќе си порачаат од лабораторија скроено бебе какво таа отсекогаш сакала, без брачен другар, без комплицирана бременост, старосно ограничување на бременоста, без лотарија со полот на бебето...
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Brave New World

Ова е многу чувствителна тема во секоја смисла на зборот и покренува многу прашања...етички, социјално, биолошки. Технолошката еволуција оди многу побрзо од психолошката, културната, социолошката и тука веќе имаме големи проблеми.
И покрај мојата силна верба во науката, малку ми делува страшно. Ме плаши и иритира во вакви ситуации способноста на хомосапиенсот да го злоупотреби она што има за цел некаков прогрес.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512

Ова е тема на која или жените ќе си дадете шах мат, или ако сте паметни ќе бидете против со се што имате.
Единствените 2 работи со кои жената можеше да го вози секој маж беше одлуката/способноста за продолжување на неговиот генетски материјал, вагината како задоволство. За второто досега имаше поедноставни решенија, но за првото освен плаќање на сурогат што е уште поосетлива тема, немаше решение, па секој што сакал потомство мораше да наведне глава и да трпи жена.
Да не правиме муабет што втор сегмент е и можноста за злоупотреба и производство на „војски“, или пак „секти“ од страна на држави/корпорации кои би се користеле за специјални намени.
Ако клонирањето никогаш не се прифати, не гледам што е ова поразлично.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.691
Поени од реакции
42.280
Некако жените не сакаат да раѓаат деца, па тој проблем "добрите" научници сакаат да го решат на поинаков начин. Иначе жената со децении се уништува себеси со разни феминистички глупости. И овие батки трансформери планираат да ги истиснат жените од све што постои. Истите што ги тапшаа по рамо и им викаа дека можат да бидат жени до вчера. Истите оние Adga Beata што ги брани нон стоп.
 
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.397
Поени од реакции
3.823
Да не правиме муабет што втор сегмент е и можноста за злоупотреба и производство на „војски“, или пак „секти“ од страна на држави/корпорации кои би се користеле за специјални намени.
Токму како во видеото што го ставив. Од една страна е добро зошто на жените им се олеснува работата. Нема болки, нема умирање при пораѓај, ако бебето е болно може болеста да се отстрани на време. Но од друга страна џабе е тоа кога сите во култот се подготвуваат за војна следејќи еден лудак што им пере мозоци.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Ова е тема на која или жените ќе си дадете шах мат, или ако сте паметни ќе бидете против со се што имате.
Единствените 2 работи со кои жената можеше да го вози секој маж беше одлуката/способноста за продолжување на неговиот генетски материјал, вагината како задоволство. За второто досега имаше поедноставни решенија, но за првото освен плаќање на сурогат што е уште поосетлива тема, немаше решение, па секој што сакал потомство мораше да наведне глава и да трпи жена.
Да не правиме муабет што втор сегмент е и можноста за злоупотреба и производство на „војски“, или пак „секти“ од страна на држави/корпорации кои би се користеле за специјални намени.
Ако клонирањето никогаш не се прифати, не гледам што е ова поразлично.
Не треба никако да го игнорираме напредокот на технологијата и науката, но тенка е линијата помеѓу употребата и злоупотребата на науката и технологијата.

1. Има жени кои не може да имаат деца, па ова на некој начин може да им биде шанса за остварување на најдлабоките тајни (иако, јас лично би дала предност на можноста за посвојување дечиња).

2. Ова би било надеж за предвремено родените бебенца.

3. Абортусот веќе не би имал смисла. Жената ќе си ја задржи власта над сопственото тело, но не и над животот на плодот.

4. Што со емоциите кои фетусот не ги добива додека е во утробата на мајката? Каков иден возрасен човек би добиле?

5. Веројатно би била достапна само за одреден број луѓе кои дебело ќе платат за тоа, така да, дали природната бременост ќе биде знак на сиромаштија?

6. Оваа технологија ќе има огромен потенцијал да ги контролира жените.
Што се промени кај жените, па мажите не ги сакаат повеќе? :D
 
Абе јас сум секогаш за технологија, во последните неколку месеци сум интензивно посветен на ML и AI, но ова е нешто каде би ги размислил границите.

За точка 1 можеби и ќе биде од корист, за точка 2 можеби може да се направат подобри инкубатори, но за се останато е многу скокотлива тема.
Мое мислење е дека жените ќе изгубите повеќе отколку што ќе добиете, и затоа не би се мешал воопшто :D
 
Хм, вистинското прашање е дали мажите ќе сакаат да ги задржат жените кога ќе се усоврши оваа вештачка утроба. :D
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.902
Поени од реакции
25.243
Ова е тема на која или жените ќе си дадете шах мат, или ако сте паметни ќе бидете против со се што имате.
Единствените 2 работи со кои жената можеше да го вози секој маж беше одлуката/способноста за продолжување на неговиот генетски материјал, вагината како задоволство. За второто досега имаше поедноставни решенија, но за првото освен плаќање на сурогат што е уште поосетлива тема, немаше решение, па секој што сакал потомство мораше да наведне глава и да трпи жена.
Да не правиме муабет што втор сегмент е и можноста за злоупотреба и производство на „војски“, или пак „секти“ од страна на држави/корпорации кои би се користеле за специјални намени.
Ако клонирањето никогаш не се прифати, не гледам што е ова поразлично.
Жените ќе си дадат шах мат? Јас сум строго против ова! Човекот премногу си игра Господ. Освен тоа, бременоста колку и да е ебено тешка, а пораѓајот уште потежок, ништо на светов не може да го замени чувството кога мајката го чувствува бебето во утробата.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Хм, вистинското прашање е дали мажите ќе сакаат да ги задржат жените кога ќе се усоврши оваа вештачка утроба. :D
А која е другата опција за мажите... Затоа не знам ни што толку пари трошите на шминки и фризури :toe:
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.902
Поени од реакции
25.243
Osekjam deka ke umri nekoe magare , ako ne e i vekje umreno posle muabetot na Agdeto :cautious:
Не, Владе, јас апсолутно поддржувам напредок на технологија и медицина, но ова е веќе лудост и малку се граничи со себичност. Освен што би можел да се увиди некаков „дефект“ кај бебето, не гледам никаква друга позитивна страна. Тој што искусил, знае кој магичен процес е бременоста и кои емоции се јавуваат. Ова само би ги оневозможило жените да го доживеат тоа. Јас имав делумно тешка бременост и тежок пораѓај. За „деформации“ на телото после сето тоа и да не зборувам... Кога некој би ми го покажал син ми и би ми кажал низ што треба да минам за да го имам, а воедно и би ми посочил што сѐ ќе почувствувам за време на тој процес, кога однапред би знаела што ме чека, би поминала низ сѐ што поминав без размислување и не би дозволила некој научник со луда идеја и глупи изговори да ми го одземе тоа чувство.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Хм, вистинското прашање е дали мажите ќе сакаат да ги задржат жените кога ќе се усоврши оваа вештачка утроба. :D
Тоа го пишав и погоре, еден од најбитните асови на жената беше можноста за продолжување на генетската линија на мажот, и во последните неколку илјади години ја има користено доста паметно (се имаат водено еден куп војни, кавги/тепачки/расправии, се склучуваа милиони бракови со забременување и тн.).

Голем дел од мажите нема да сакаат, ќе одат на варијантата да го гледаат детето сами, и ќе менуваат партнерки по други параметри, и уште побитно - без долгорочни обврски.

Жените ќе си дадат шах мат? Јас сум строго против ова! Човекот премногу си игра Господ. Освен тоа, бременоста колку и да е ебено тешка, а пораѓајот уште потежок, ништо на светов не може да го замени чувството кога мајката го чувствува бебето во утробата.
Да, ќе си дадат, без разлика што бременоста е тешка, го променува целото женско тело, постои ризик и за фатален исход, но сепак беше еден од асовите кои и помагаа при контрола на мажот, суштество кое е далеку посилно физички, далеку помалку емотивно, но сепак со правилна манипулација од тигар станува маче ;)

Како беше онаа поговорката, „мажот е глава на семејството, ама жената врат“, епа со ова главата ќе може да „функционира“ и без врат (во поглед на продолжување на потомството).

Мажите сме телиња кога станува збор за психолошки игри и полесно може да сме манипулирани, НО, кога осетиме моќ сме далеку побрутални од вас, погледни само што се случува во војните и ќе ти стане јасно. Дури и по штета на детето голем дел од нас се способни да одат со глава во ѕид, и нема да покажат слабост пред жена, ете побарај колку жени останале сами и продолжиле да се грижат за детето, а колку мажи решиле да дигнат раце од нив.

Не навлегувам во етичкиот/моралниот/религиозниот дел на ова, чисто од гледна точка на маж кој е поголем феминист и од многу жени, мој совет е да се борите против ова, затоа што ќе ви помогне да се спасите од тешкотиите на бременоста, но ќе ви земе многу повеќе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom