Увоз на работна сила во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата DACIA
  • Време на започнување Време на започнување
Кромберг, Дрекслер, Актива во Штип прашај некој ако работи таму да видиш колку е зголемен бројот на Роми вработени во последниве години ;)

Не сум од Скопје ама и по градежниве фирми низ градов се гледа колку роми работат сега во тие сектори, нема веќе наши и дај шта даш е работата..
РаботеЛЕ!
Се откажуваат на вториот месец!
 
Кромберг, Дрекслер, Актива во Штип прашај некој ако работи таму да видиш колку е зголемен бројот на Роми вработени во последниве години ;)

Не сум од Скопје ама и по градежниве фирми низ градов се гледа колку роми работат сега во тие сектори, нема веќе наши и дај шта даш е работата..

Ова го потврдувам дека е точно. Работам во голема фирма со преку 2000+ вработени. Последно време е дај шта даш како шо рече. Не дека имам проблем со нив ама ептен се накотија. Ни работат ни бутур, ама и ништо не можиш да му речиш. Ама последниве 2-3 недели се подрасчисти, се помалку ги има.
 
Точно е дека почнува да фали работна сила, работата е да се вработи било што, ама сепак да работи колку толку, никој приватен газда нема да чува некој што ништо не работи, младите генерално не ги бидува за некоја физичка работа, толку се нежни што мислеш ќе се скршат, а и умствено се ептен слаби, образовниот систем очигледно ни станува ептен тапа.

Сум зборувл со постари работници и викаат пред 10 години ептен ги бираа, сега на позиции за „мажи“ вработуваат жени, пред некое време гледам една познаничка викам дај да пробам што работиш и и викам па овоа било многу лесно што се жалете нонстоп, па ми вика мош за машки е лесно ама за нас е тешко.

Исто така многу голем број на пензионери работат по некоја работа плус, иако во оваа фирма што работам не работат незаконски, оние надворешни фирми што ги ангажираат за се и сешто има пензионери, во градежништвото продолжуваат да работат ако можат, конфекциите, транспортни компании... се разбира постојат инспекции, ама тие газди се секогаш шајки со власта.

Реални да бидеме лошо и се пишува на оваа држава, можеби вистинската невработеност е помала од 5% и тоа веројатно поголеиот дел се жени, за машките има работа колку сакаш или па ептен неработници кој чекаат нивната партија да победи за да се накцаат државно, за големината на платите е друг муабет, тие знаеме колку се, минимално па до 500 евра и се огромна причина за секој човек да се проба било каде на друго место.
 
Пошо не видов ваква тема да има си реков ај да отворам да видиме до кај сме :D
Поттикнат од масовното бегање во странство на млади дури и на повозрасни лица(комшија мој на 50г замина Австрија) гледам по фирмиве со месеци се вртат огласи за работа посебно во ТИРЗ зони низ МК. И да вработат, не седат многу долго 1-2 плати и си одат. Дали сево ова ќе поттикне издавање дозволи/визи или што и да е и да има увоз на работна сила од земји од трет ред (Африка,Украина,Азиски делови).

Цитат од наш медиум

Недостигот од стручна и нестручна работна рака ќе биде најголемиот предизвик со кој во иднина ќе се соочи македонското стопанство, едноставно нека кој да работи во фабриките поради масовното иселување, оценуваат од Регионалната стопанска комора во Прилеп. Овој системски проблем би бил далеку поголем од сите досегашни кризи и морало итно да се интервенира и да се стопира миграцијата, со тоа што ќе се обезбеди поквалитетен начин на живот тука. А моменталниот недостиг на работна рака сметаат дека треба да се покрие со увоз на работници.
„Можеме да го решиме или со можност за издавање на убрзани дозволи за работа на украинските семејства на кои во овој момент им е неопходна помош. И секако она што јас веќе долго време зборувам е увоз на потенцијална работна сила од земји кои Македонија би им била можност за дополнително заработување за нивните семејства, така и за остварување на некои кариери“, истакна Ирена Јакимоска, претседател на Регионална стопанска комора – Прилеп.
Извозно ориентираните компании и покрај предизвиците во 2022 имале зголемување на бројот на вработени затоа што станале едно од клучните добавувачии на компаниите од ЕУ.
„И сметам дека сега е баш сериозно, право време каде што може да се сконцентираме на техничко-технолошки раст со цел да можеме да ја задржиме нашата конкурентска вредност и да ги задржиме пазарите во Европа“, рече Ирена Јакимоска, претседател на Регионална стопанска комора – Прилеп.
Дел од компаниите пак освен недостигот на работна рака најголем предизвик во 2023 очекуваат да остане високата цена на електричната енергија и бараат поддршка од државата.
„Ние сме мал пазар и доколку сакаме успех мора да бидеме глобално конкурентни. Доколку компаниите во Македонија бидат оставени сами на себе си тоа ќе биде проблем, како што кажав од аспект на глобалната конкурентност, бидејќи на пазарот се соочуваме со фирми кои веќе се субвенционирани од нивните институции“, додаде Љупчо Велески, директор на извоз во прехрамбена компанија.
Од Комората сметаат дека стопанството в година ќе може да понесе ново покачување на минималецот, еден од основните услови за останување на граѓаните во Македонија.
Се заебаваше народот за сликата на Француска репрезентација, ама за 30 години може истото да ја снајде и Македонија.
1672712661514.png

Реалноста е дека нема народ за работа, особено не писмен.
На тие што се на државно, или невработени, во најголем процент треба да им платиш само да не ти бидат вработени.

Инаку ова за Украинците го имав пишано уште пред месеци, би биле од корист за многу работи (паѓање на процент на шипците, работна сила, повеќе жени од иста религија за ергените и тн), само тешко дека некој ќе ги наговори да дојдат во Македонија.
 
Ова го потврдувам дека е точно. Работам во голема фирма со преку 2000+ вработени. Последно време е дај шта даш како шо рече. Не дека имам проблем со нив ама ептен се накотија. Ни работат ни бутур, ама и ништо не можиш да му речиш. Ама последниве 2-3 недели се подрасчисти, се помалку ги има.
Ромите работат ама ако работат како сам свој газда пример сечење дрва со циркулар, или во свои ковачки работилници...

Досега не сум видел некој каур да ги работи тие две работи...
 
Не се будали и овие да работат за вакви плати
 
Бегствава се воглавно од градежни фирми и конфекции, фирми на кратковиди душовадници, кои можеа да даваат за нијанса подобри плати и услови на нашите работници, додека се уште ги имаше и со тоа да си осигураат децениска стабилност, ама одбраа наместо тоа да купат бемвиња со првата пара што им падна во рака.
Сега слободно нека им бидат тур-оператори на луѓе од шупакот на светот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom