Klinton
wanna BOMB?
- Член од
- 11 април 2010
- Мислења
- 2.829
- Поени од реакции
- 4.533
Јас мислев геопозиционирање функционира по принцип на триангулација, со тоа има комуникација измеѓу уредот и сателитите.Да, така функционира сателитското позиционирање, можеш да ми веруваш, или да побараш на интернет.
Има ситуации во кои обичните уреди (наменети за јавноста) испраќаат пораки до CORS мрежи (станици на земјата), но тоа се случува кај DGPS и RTK, методи кои се користат за професионални уреди/автономни возила/дронови, и станува збор за мрежи кои се во сопственост на државите/приватни лица (кај нас се вика МАКПОС, го одржува сектор во катастар и користи опрема од Leica), во тој случај најчесто се користи комуникација преку интернет (NTRIP), или база-ровер со што комуницираат преку радио врска но си лимитиран со растојание. Радиото што го имав јас во мкд беше до 20км.
Гарминот од сликата е еднофрекфентен, еве ти малку постар модел на истиот, го имав земено поодамна.
Прегледај го приврзокот 360589
Кога станува збор за авиони, проектили, дронови, може да се врши навигација и на сосема различни начини, имав пишувано пред некое време, само што е малку покомплексно.
Антените кај телефоните се уште поглупи, генерално читаат псевдокод, можеш да им правиш интерференција како од шала, и потоа добиваат корекции од мобилна мрежа.
Токму затоа постојат овие дебати.
Јас денес научив нешто ново.
Ти благодарам