Reaper-ите се огромни, многу поголеми од овие Турските, така да нема да преживеат ни 15 минути, внатре во нивниот воздушен простор, далеку од фронтот, не пак да бидат користени за напади.
Ракети со долг дострел исто нема да бидат ефективни колку што се мисли, бидејќи Руското ПВО лесно би се справило со нив (не дека некои нема да ја погодат наменетата мета), а метите за такви ракети треба да бидат битни, а секоја битна мета е добро штитена.
Ф-16ките рековме, и стотици да имаат, нема ништо да сменат, бидејќи секундата кога ќе летнат над одредена висина, проектил со брзина од 2км во секунда ќе иди накај нив.
Единствен авион што може да го искористат е А-10ката, дизајниран за блиска поддршка и ниско летање. Или Ф-35ката.