Помош за мачка што постојано се крие

Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.372
Локација
Скопје
Здраво на сите,

неодамна морав да ја земам мачката од кај татко ми бидејќи не беше во можност повеќе да ја чува од здравствени причини. Мачката има 10 години и цел живот беше научена само со него. Станува збор за доста несоцијализирана мачка која беше научена само на еден човек.

успеав некако да ја излажам со храна, ја сместив во транспортер и ја донесов кај мене каде што и наместив во посебна соба се што е нејзино, храна, песок, креветче, перница, меѓутоа мачката од кога е кај мене (6 дена) не излегува никако цел ден. Откако ќе си легнам и нема никакво движење ни галама само тогаш излегува да јаде и врши нужда. Во спротивно постојано е скриена под плакар.

Дали има некој начин да и помогнам да и го намалам стресот и шокот од оваа транзиција бидејќи веќе ме загрижува тоа што е по цели денови скриена...

Дали постои некаков суплемент од ветеринар за во храна, catnip нешто било што да и помогнам да се опушти полесно/побрзо?
 
Дај време да се приспособи,остави ја сама слободно да се движи,игнорирај ја и надзирај ја само што прави. Нова средина и тензично е за нејзе . Нека се десинситира од околината и луѓето . Однесувај се нормално и движи се низ дома . Надзирај ја само дали јадена е и вода пие .Доколку НЕ , има сериозен проблем ,одбива храна . Ќе треба многу време за навикнување оти е стара мачка . Земи нешто и од вашиот татко како стар мирис од него ,не знам облека или слично предмет да се забрза работата .
 
Купи си мачор. Само такво друштво веројатно ќе и одговара. И ќе има причина да излегува. Нема друго чаре. Клин со клин се вади ;)
 
Во поголемиот дел од денот седи во собата кај што се крие мачката, и полека ќе се навикне на тебе...само дај и време, и ќе бидне се :)
 
такви се старите мачки. И јас како дете имав една таква што ни ја оставија, преку ден ќе седи цело време под шпоретот, вечер ќе искочи надвор да шета. И еден ден не се врати.
 
ма ништо, едно 4 играчки и купив, ги игра навечер а денски нејќе да мрдне од под плакар
Гали ја почесто,држи ја у раце,посветувај и внимание.Само е прашање на време
 
Гали ја почесто,држи ја у раце,посветувај и внимание.Само е прашање на време

не излегува воопшто од под плакарот за да можам да ја фатам и погалам. Приметив и дека слабо излегува за нужда па и јадење
 
Ако успее да ти избега, ќе се врати во куќата кај татко ти.
Знам случај од преселена мачка од куќа во Радишани, во стан во Лептокарија, и тоа сосе газдите.
Прв момент кога успеала да избега, се вратила во куќата во Радишани, ги преплашила новите газди, дека се однесувала таму како дома, без страв од ништо.
Мачката не се врзува за луѓе, колку што се врзува за место на живеење.
 
не излегува воопшто од под плакарот за да можам да ја фатам и погалам. Приметив и дека слабо излегува за нужда па и јадење
Биди упорен,мора да ја припитомиш.Држи ја колку можеш повеќе во раце и гали ја,наскоре ке почне да ти се радува кога ке те види
Автоматски споено мислење:

не излегува воопшто од под плакарот за да можам да ја фатам и погалам. Приметив и дека слабо излегува за нужда па и јадење
Пробај да ја извлечеш некако,не може така да живее
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom