Анализава е веродостојна у пм, јебига, што би рекол Ванлок факти се ова. Појака пеинт демонстрација немам видено.
Значи според тебе рекетите и зрна на орудија под азимут паѓаат а? Знаеш што е азимут? Извидници од второ одделение тоа го учат, ај гуглајте малку не се резили вака.
На пример гугл може да ти каже колкав кратер може да направи рекета од Град систем (хинт: далеку поголем е од тие на сликите и далеку поголем од ширината на таа улица) , на кој исто така може да се пресмета кое полнење било, кој агол на траекторија го имал (долна, средна и горна група на агли) и азимут. И да, возможно е со точност од 500 радиус да се пресмета од каде нападнало орудието. Сликата со цртеж потекнува од прирачникот за Град (има и Македонска верзија тој ) ама го објаснува уништувачкото дејство на експлозијата, не каква дупка ќе направи во асфалт ако не експлодира.
Можеше да изгуглаш било што од ова и да видиш дали има благе везе, ама одбра да им веруваш на фактите..... Пошто од нашите е информацијава мора да е вистина.
Еве да речеме дека е така, дека се е како што нацртале. Паднале рекетите и направиле малце дупки баш исти како нашите низ Скопје, и испрскала кал во некој правец. Приметуваш колку нечепната е калта? Не ти е тоа чудно?
Пази, после падов на неексплодирани рекета горе доле процедурава е следна. Иде екипа инженерска за деминирање, идат минимум 40 полицајци/војници и евакуираат цела населба. Ако рокне тоа чудо има убиствена моќ од 50м до 200м во дијаметар, во зависност од полнењето. Мора цела населба да се евакуира. Мора да се обезбеди местото и физички и со сигнализација. Иде тимот деминери, копа околу за да дојде до капислата напред во врвот на рекетата, значи длабоко. Од кога ќе ископаат и ќе можат иницијалната каписла да ја извадат, безбедно е да ја извадат и релоцираат рекетата. Ама таа меретна не е метла, тежи тоа чудо, не знам точно колку ама правило на полнење е дека 4 војници минимум ја држат додека се полни орудието. Можно е инженерски воено возило, кран или багер да дојде за да ја крене, сепак треба да се одглави. На крај се товари во камион и се носи на безбедно.
Заклучок:
1. Нема траги од копање околу
2. Нема траги од обезбедување или сигнализација во нечистотијата
3. Нема траги во нечистотијата ниту од тие што деминирање, ниту од тие луѓе или машини што ја извадиле рекетата
Ама има траги дека дошла од север
Мене лично не ми изгледа местово ко удрено од рекетна артилерија, макар била неексплодирана. Мене ми изгледа како двете страни да лажат за да ја демонизираат спротивната. Нема да биде прв пат
Крај краева, Град е артилериски орудие кое припаѓа на артилериски баталјон или поголема артилериска единица. Како такво игра улога како поддршка на пешадиска или механизирана бригада или поголема единица. Има точно одреден борбен комплет на муниција и план на огнено дејствување. Тоа значи дека штабот на таа бригада треба да побара огнена поддршка на координати, минимум 10 луѓе вклучено, Командантот на бригадата треба да одобри/ нареди. Штабот на баталјонот треба да прими наредба, да дешифрира, да спроведе, Командантот на баталјон да одобри/нареди, уште 10-15 луѓе. Наредбата стасува до батеријата на терен, Командирот ќе ја добие од врскар, ќе му нареди на пресметувачот да пресмета елементи, после ќе нареди на командирите на водови да заземат елементи, па од кога ќе добие потврда дека наредбата е извршена наредува "Оган". 20тина луѓе вкупно минимум. Од 45минимум луѓе што ќе знаат за настанов никој нема да се противи неговите да си ги гранатира а? Нема никој да зуцне? Ами бројот се дуплира ако наредбата дошла од зелениот ти како што викаш.... Како вака Садомазохисти сите излегоа чудо некое, еден патриот у армија а не најдоа.
Настрана муабет што Град рекети им се мањак. А русите ги имаат во изобилие...
Настрана муабет што премногу скапо ќе ги кошта финансиски а не уништуваат непријател.
Настрана тоа што со обичен минофрлач истото може да се постигне ако е веќе до пропаганда дојдено, па би правело 100 пати повеќе смисла и би коштало 200$.
Рака на срце, добар пеинтот