Cold cases

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.155
Поени од реакции
30.290
Black Dahlia
1671969517786.png
Уште еден познат мистериозен и морничав случај кој никогаш не е разрешен.
Елизабет Шорт била млада жена која се преселила во Лос Анџелес бидејќи пробувала да стане актерка. Таа последен пат е видена на 9ти јануар 1947 година.
Нејзиното безживотно и масакрирано тело исечено на половина е пронајдено на 15 јануар 1947 година. Нејзиното тело било поставено намерно, на јавно место и наместено во чудна поза со рацете над глава и нозете раширени. Нејзиното тело било целосно исцедено од крв, така што изгледало многу бледо што кога го пронашле мислеле дека е кукла. Нејзиното лице било исечено од краевите на устата до ушите.

Никогаш не е потврдено, но најголем осомничен за нејзиното убиство се смета дека е George Hill Hodel Jr кој бил хирург. Кога ќе се земе во предвид знаењето и прецизноста со која се нанесени раните на Елизабет, тој го пополнува тој профил со неговата професија. Неговиот син го обвинил за убиството, како и за неколку други, и за силување на неговата ќерка. Неговата ќерка исто така го обвинува татко и за убиството.
Бирократијата и корупцијата во полицијата си го направила своето GH никогаш да не биде приведен поради врски и случајот никогаш да не се разреши.
 
Последно уредено:

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
Од тоа што читав и гледав, двајца очуви на две од деца личат на виновни, едниот го имал ножот што детето го носело со себе тој ден, другиот на новинарите им го дал својот нож, на кој е утврдено дека имало крв, а очувот рекол дека не е користен ножот. Овој вториов ги извадил сите заби беспотребно и рекол ќе става вилици само откако се кажало дека на едно од децата е најден угриз по кој може да се идентификува сторителот ... многу измешано, ама и двајцата очуви личи дека се вмешани, не само едниот.
Точно , за другиот очув си во право и тој е премногу сомнителен но кон крајот на животот и тој самиот беше убеден дека децата металци се невини а кривецот е веројатно другиот очув ...

Инаку збориме за John Mark Byers

Тука се доаѓа до ... 1-стварно мисли дека тој Тери(друг очув)е крив ,2-Заедно ги убиле па прават некоја драма да ја разделат истрагата со муабет "другиот можеби е крив"

На овој Џон не му помага тоа што и он е апла тежок дегенерик цел живот,потврден крадец,наркоман,насилник,со муабети од местата каде живеел дека
имал пипци и интерес за сатанизам... и нели ги извадил забите,го имаше ножот кој за чудо му го даде на новинарот мада ништо не докажа тоа ..

Е сега Terry Hobbs не е класика реднек со камп приколка како првиот и повеќе ќути а е бетер од тој првиот, многу пати виден како дреме пред геј клубови, со најдобриот другар децении се криеле да се драпаат и да врбуваат млади деца со дрога за секс,видени од многу сведоци ,дента на убиствата купувале дрога од приколка и од пред геј клуб ,собрале двајца џанкери за пиење и дрогирање во шумите и секако секс услуги а тоа место било играчница за децата каде се криеле и тие деца многу пати претходно гледале педери како се двоцефкашаат таму , но овој пат ги виделе тие шо нетреба а тие шо нетреба биле очув на едно од децата + сите тие зависници од алкохол и мет и може да се претпостави шо се случило понатака ... Ова е една од поглавните теории шо кружеше на нет лани коа читав за случајов.
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
1.004
Поени од реакции
3.994
Најпопуларниот cold case е секако Zodiac убиецот. Потврдени 7 убиства, но тој во своите писма се фали на 37. Единствените преживеани од неговите обиди за убиства се Michael Mageau поради кој го има скечот, и Kathleen Johns со нејзиното бебе, која потврдила дека човекот кој ја нападнал е оној од скечот.
Прегледај го приврзокот 360034

Никогаш не е откриен идентитетот на убиецот, иако веќе има скеч. Тој почнал да ја исмејува полицијата со писма, некои напишани и на неговиот код, кој криптографите сеуште не можат да го решат.

Прегледај го приврзокот 360035

Поради славата, се појавуваат и многу лажни Зодијаци, но, иако има неколку осомничени, полицијата не успеала конкретно да изолира еден за да го уапси.

За Зодијак се снимани многу филмови и документарци, бидејќи сеуште се трага по неговиот идентитет. Најпопуларен е филмот со исто име од Дејвид Финчер.
Не го имам гледано филмот но од тоа што имам читано порано има повеќе верзии и осомничени за кој бил Зодијак но најмногу се верува дека Зодијакот бил некојси Ричард Гаиковски од Калифорнија, инаку починат во 2004

 
Член од
27 март 2011
Мислења
361
Поени од реакции
161
a makedonecov,vlado tanevski,so go udavile u kofa u zatvor,neli za nego nikogas ne se dokaza deka gi ubil tie tri babi, toa sekoas ostana misterija iako vo filmot majki toj e glavniot vinovnik
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
1.004
Поени од реакции
3.994
a makedonecov,vlado tanevski,so go udavile u kofa u zatvor,neli za nego nikogas ne se dokaza deka gi ubil tie tri babi, toa sekoas ostana misterija iako vo filmot majki toj e glavniot vinovnik
Чепкав малце за Танески и го најдов овој бисер

Screenshot_6.png

Инаку нема шанси да се самоубил со давење. За мене најверојатно е некој од роднините на 3те жртви да платил некој во затворот да го среди или пак платил за да оди сам да го стори тоа



ПС темава е стварно интересна, и од сите споменати случаи тука единствен што ми е тотално не логичен и не можам да го сфатам е со Ларс во Бугарија
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.310
Чепкав малце за Танески и го најдов овој бисер

Прегледај го приврзокот 360151

Инаку нема шанси да се самоубил со давење. За мене најверојатно е некој од роднините на 3те жртви да платил некој во затворот да го среди или пак платил за да оди сам да го стори тоа



ПС темава е стварно интересна, и од сите споменати случаи тука единствен што ми е тотално не логичен и не можам да го сфатам е со Ларс во Бугарија
Kој дебил ја ставил сликава од Славен Билиќ ? Која страница е оваа ?
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.155
Поени од реакции
30.290
Инаку нема шанси да се самоубил со давење. За мене најверојатно е некој од роднините на 3те жртви да платил некој во затворот да го среди или пак платил за да оди сам да го стори тоа
Најшизофрена теорија е комуњарската, дека Груевски наредил да го убијат.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.470
Поени од реакции
87.267
Темава може во Мистерии да иде...

Иначе да не останам покусо, најверојатно една мистерија која нема да биде никогаш одгатната е за убиството на Ken McElroy... Кен бил локален силеџија од Скидмор-Мизури кој бил обвинуван за грабежи, силувања, малтретирање на животни, убиства, педофилија итн. Локалните власти го гонеле, ама овој искусен како Мијалков овде секогаш ги избегнувал драконските казни. Еден ден на некој од Скидмор му скурчило од неговите глупости, земал пушката и го убил среде бел ден пред повеќе очевидци... Ниту еден од жителите не го издал човекот кој го стрелал Кен, а и самата полиција не напнувала многу многу да се истражи кој го убил, дека и нив им олеснало што конечно некој го скротил дивјакот. И ден денес скоро цел град знае кој го убил, ама љубоморно си ја чуваат таа тајна :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Нешто ново од 48 hours. Иако сите погледни, за исчезнувањето на Марша, се свртени кон нејзиниот сопруг, кој нема една иста конзистентна приказна за тоа каде се наоѓа неговата сопруга, при теоретизирањето има уште една алтернатива... Обвинителството, во неколку наврати се откажува од обвинението за обиство поради недостаток на докази.



Спојлер: Лично, сметам дека се работи за убиство. Да, во домот не се пронајдени траги од крв, но постојат начини да се изврши убиство (давење, гушење, труење) без да се остави една единствена капка крв на местото на злосторствто. А тука е и фискалната сметка. Ја оставила колата, облеката, накитот, телефонот, па и кучињата. Едноставно ми нема елементарна логика.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ова е релативно познат случај, за убиството на шестгодишната ЏонБенет, каде има премногу прашалници околу спроведувањето на полициската истрага, прибирањето на доказите, испрашувањето на тогаш првоосомничените (нејзините родители) кое се пролонгирало со години, па дури и спроведување нетемелна истрага во куќата каде е извршено злосторството (на пример, не го пронашле нејзиното тело кое било оставено во подрумот), запоставување на докази и сведување на теоретизирањето за убиството само и само кон нејзините родители, (претпоставувале мајката) дека и била нанесена фатална повреда во афект и потоа родителите, заедно, го исценирале местото на злосторството со цел да личи како киндапирање, а потоа и убиство.

Подоцна е најмен нов детектив кој прибира нови докази и прикажува нова, алтернативна теорија, каде од вина ги иззема родителите и вината ја вперува кон некој надворешен член. Дап, трае релативно долго, но има искази и истервјуа направени низ годините од родителите, детективите, роднините, пријателите, полицајците, но и од членови на семејството на детективот кој подоцна се вклучува во истрагата, односно се враќа од пензија со цел да ја разреши оваа мистерија.

После скоро 3 децении, овој случај сеуште не е разрешен.


 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Една горчлива мистерија, поврзана со христијански дом за стари лица, каде 4 лица исчезнуваат и никогаш не се пронајдени. Евентуалниот мотив за овие исчезнувања лежи во злоупотребата со нивните пензиските чекови од страна на семејстото Лам, кое ги води христијанските домови за стари лица, каде неколку членови добиле условни казни односно биле осудени со затворски казни за овие злоупотреби.



Ова е апдејт, има доста штуро интеврју со еден инспектор, каде не дава никакви полезни информации со оглед на тоа дека истрагата сеуште е во тек. На површина излегуваат нови информации и инкриминации поврзани со овие домови за стари лица, како тоа дека вкупно 16 лица, низ годините, починале, што и не е нешто неочекувано со оглед на тоа дека станува збор за старски домови, но 4 од нив исчезнале, сеуште се водат како исчезнати, а притоа никој ниту еден член од семејството Лам не ги пријавил како исчезнати и по нивната последна трага од очевидци, некој продолжил да ги користи нивните пензиски бенефити. Злоупотреба се бележи кај сите лица кои престојувале во овие домови.




Ова е еден стар случај, каде млада девојка во 60-тите Џејн Доу, (Џејн Доу е има кое им се дава на женските неидентификувани лица, Џон Доу на машките неидентификувани лица, а за бебе со непознат идентитет е бебе Доу) е прободена повеќе од 150 пати, повеќе од 50 децении никој не го знаел нејзиниот идентитет, но кога предметот го презема единицата за ладни предмети, презема одредени чекори за евентуален обид за разрешување на оваа мистерија. И тогаш имало осомничени, меѓу кои се и членовите на семество на Чарлс Менсон.

 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
За мистериозното исчезнување на Шели Мискавиџ, сопругата на лидерот на скиентолошката црква Дејвид Мискавиџ. Се води како исчезната од 2007мата година.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom