Македонска берза

Член од
1 февруари 2022
Мислења
29
Поени од реакции
10
Zdravo vaka sega imam 10k i vas sovet dali Kmb ili uni na podolg period vise 1 godina pratam go forumo i nauciv dosta iteresni traboti i gledajki go forumo isto taka i uloziv citajki gi isturenite igrac Pozdrav
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Секогаш пробувам прудентно да преиспитувам било каква галама и фама околу конкретно нешо кое е во тренд или хајп. Истото го правев со ПКБ која преставуваше мејн дискурс на форумов.
Доколку се исполни проекцијата на извеснава Милка од УНИ од пред некој ден (иако во неколку наврати имаа утки во минатото во проценките, прашајте го професорот, ќе му текне.) искрено не може а да не ме фаќа FOMO од потенцијални фјучр п/е од 5,32 и 0,58 п/б со веројатно агресивно покачување на дивидендата за оваа година се со цел градење на позитивен имиџ.

Ми текнува за УНИ колку лоша харанга се дешаваше пред две-три години од типот: Twitter copy-paste: ,,Уни банка е пред затварање, вадете пари кој има во неа. Паѓаат дефинитивно и Заев и Борисов, а со нив и банката'', ,,Уни банка е пред затварање, вадете пари кој има во неа. , Пропаѓаат УНИ БАНКА и ПРОКРЕДИТ!? Минатиот пат за ЕУРОСТАНДАРД дознав ден порано и објавив (касно) утредента.... Сега со време кажуем две недели порано, дај боже да не е точно ама сами истражете си ако имате таму кеш...'' и уше многу.

Тук-таму и сеа се менува некоја плоча во стил УНИ патрон против македонски интереси со комшиите но сеуште на ниво на статистичка грешка. Да сумирам. Во нагорен тренд со исполнување на зацртаниов план, УНИ со 680 ЕПС x 10 (просечен малтпл) би бил easy 6.800 денари пер шер . Секако занемарувајќи ги пропратните ризици.

#Џајст а ток
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Прв пат ја споменав УНИ на форумов пред 6 години.

Ќе напишам малку подолг текст вечер или утре овде, но главната поента е дека во ниту еден момент од тие претходни 6 години не бил подобар (попотентен) момент да се посетува акцијата на UNI од овој период сега.
 

CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Секогаш пробувам прудентно да преиспитувам било каква галама и фама околу конкретно нешо кое е во тренд или хајп. Истото го правев со ПКБ која преставуваше мејн дискурс на форумов.
Доколку се исполни проекцијата на извеснава Милка од УНИ од пред некој ден (иако во неколку наврати имаа утки во минатото во проценките, прашајте го професорот, ќе му текне.) искрено малце повеќе ме фаќа FOMO од потенцијални фјучр п/е од 5,32 и 0,58 п/б со веројатно агресивно покачување на дивидендата за оваа година се со цел градење на позитивен имиџ.

Ми текнува за УНИ колку лоша харанга се дешаваше пред две-три години од типот: Twitter copy-paste: ,,Уни банка е пред затварање, вадете пари кој има во неа. Паѓаат дефинитивно и Заев и Борисов, а со нив и банката'', ,,Уни банка е пред затварање, вадете пари кој има во неа. , Пропаѓаат УНИ БАНКА и ПРОКРЕДИТ!? Минатиот пат за ЕУРОСТАНДАРД дознав ден порано и објавив (касно) утредента.... Сега со време кажуем две недели порано, дај боже да не е точно ама сами истражете си ако имате таму кеш...'' и уше многу.

Тук-таму и сеа се менува некоја плоча во стил УНИ патрон против македонски интереси со комшиите но сеуште на ниво на статистичка грешка. Да сумирам. Во нагорен тренд со исполнување на зацртаниов план, УНИ со 680 ЕПС x 10 (просечен малтпл) е easy 6.800 денари пер шер . Секако занемарувајќи ги пропратните ризици.

#Џајст а ток
Штотуку помислив дека сум поднаучил нешто, ќе излезе дека сум го згрешил влезот, скроз. Ама не треба да губам надеж.
До секоро милсев дека мултипл 10 може да има само оној кој ќе измисли фузија на собна температура, ама што знам за кај нас. :несвест:
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Штотуку помислив дека сум поднаучил нешто, ќе излезе дека сум го згрешил влезот, скроз. Ама не треба да губам надеж.
До секоро милсев дека мултипл 10 може да има само оној кој ќе измисли фузија на собна температура, ама што знам за кај нас. :несвест:
8 малтипл е за банкарски акции. Кај нас земам 10 пошо сме кратки со блу чип
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Нема поголема drama queen компанија на МСЕ од Макпетрол
 
Член од
7 септември 2018
Мислења
297
Поени од реакции
402
Според моето гледиште УНИ пред издавањето на перпетуалната обврзница ми делуваше како компанија од соништата на хартија, обврзницата ми влеа сомнеж. Додека јас исклучиво инвестирам во компании кои исплаќаат дивиденди, компанија која нагло ја менува политиката за исплата на дивиденди ми влева дополнителен сомнеж. За мене УНИ има непредвидливо однесување што значи висок ризик. Доколку 4-5 години по ред континуирано исплати дивиденда, ќе можам да ја прекласифицирам во стабилна компанија. Сега за сега, поради непредвидливото однесување, не можам да предвидам или да искалкулирам што ќе се случи следната година или на подолг план, затоа јас лично ќе се држам понастрана.

Ова е мое размислување според мојот систем за инвестирање и управување со ризици. Тоа не значи дека компанијата не работи добро и дека не може да се заработи од таа акција. Едноставно, УНИ не ми одговара на мене.
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635
Секогаш пробувам прудентно да преиспитувам било каква галама и фама околу конкретно нешо кое е во тренд или хајп. Истото го правев со ПКБ која преставуваше мејн дискурс на форумов.
Доколку се исполни проекцијата на извеснава Милка од УНИ од пред некој ден (иако во неколку наврати имаа утки во минатото во проценките, прашајте го професорот, ќе му текне.) искрено не може а да не ме фаќа FOMO од потенцијални фјучр п/е од 5,32 и 0,58 п/б со веројатно агресивно покачување на дивидендата за оваа година се со цел градење на позитивен имиџ.

Ми текнува за УНИ колку лоша харанга се дешаваше пред две-три години од типот: Twitter copy-paste: ,,Уни банка е пред затварање, вадете пари кој има во неа. Паѓаат дефинитивно и Заев и Борисов, а со нив и банката'', ,,Уни банка е пред затварање, вадете пари кој има во неа. , Пропаѓаат УНИ БАНКА и ПРОКРЕДИТ!? Минатиот пат за ЕУРОСТАНДАРД дознав ден порано и објавив (касно) утредента.... Сега со време кажуем две недели порано, дај боже да не е точно ама сами истражете си ако имате таму кеш...'' и уше многу.

Тук-таму и сеа се менува некоја плоча во стил УНИ патрон против македонски интереси со комшиите но сеуште на ниво на статистичка грешка. Да сумирам. Во нагорен тренд со исполнување на зацртаниов план, УНИ со 680 ЕПС x 10 (просечен малтпл) би бил easy 6.800 денари пер шер . Секако занемарувајќи ги пропратните ризици.

#Џаст а ток
Јас не само за УНИ, туку се сеќавам и за СТБ во 2008 коа имаше патка дека после блокадата за НАТО се што е грчко во државава ќе оди по канализација, но не бидна така. Потоа пред 10ина години кога КМБ беше на ATL од 1,7К МКД повеќе од година дена кафекуварките вражаа дека Грујо и Ставре одлучиле да му ебат м....а на Хари и компанија (пропаѓаа ТПЛФ, СПАЗ) со што ќе го зададат последниот удар на транзициските херои и слични глупости, ама и тоа не бидна. И секако дека се сеќавам за приказните дека УНИ и Прокредит се пред пропаст, тоа беше само неколку месеци откако влегов во УНИ (и си мислев, зар пак ПОПК shit ќе ми се деси?), но еве барем УНИ плива добро после „пропаѓањето“.

Според моето гледиште УНИ пред издавањето на перпетуалната обврзница ми делуваше како компанија од соништата на хартија, обврзницата ми влеа сомнеж. Додека јас исклучиво инвестирам во компании кои исплаќаат дивиденди, компанија која нагло ја менува политиката за исплата на дивиденди ми влева дополнителен сомнеж. За мене УНИ има непредвидливо однесување што значи висок ризик. Доколку 4-5 години по ред континуирано исплати дивиденда, ќе можам да ја прекласифицирам во стабилна компанија. Сега за сега, поради непредвидливото однесување, не можам да предвидам или да искалкулирам што ќе се случи следната година или на подолг план, затоа јас лично ќе се држам понастрана.

Ова е мое размислување според мојот систем за инвестирање и управување со ризици. Тоа не значи дека компанијата не работи добро и дека не може да се заработи од таа акција. Едноставно, УНИ не ми одговара на мене.
Секој со своја глава, тоа е едно од првите правила.

Јас првпат бев на собрание на УНИ во 2018, и тогаш на прашање кога ќе има дивиденда беше јасно кажано дека нема да ја има во наредни 2-3 години, па така и бидна. Кога Коста замина, на собрание, поточно по завршување на официјалниот дел, off the record ни кажаа дека платата и бонусите на Коста биле out of our reality, плус ненормално високата кирија за експозитурата во ГТЦ е гомненица на Коста, и еве за брзо ни Коста во УНИ, ни УНИ во ГТЦ. За мене ова се мал дел од информациите/знаците дека УНИ оди во правилна насока.
 

Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714
Нема поголема drama queen компанија на МСЕ од Макпетрол
se izgleda ke zavrsi kako so toplifikacija koga ja vrati licencata
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Прво сите компании доаѓаат од една индустрија која години наназад бележи одлични резултати, особено што нето кредитната маргина моментално е највисока и резултатите се подобри во банкарскиот сектор споредбено со било кој период од минатото.

Прво ја имаш STB, која 3-4 години носи по 25, па 30 еве сега и 40 милиони евра профит, која има доминатно пазарно учество кај населението, која се знаеше дека ќе се продава, само не се знаеше терминот, па сега после одлевањето на парите од дивидендата, тој настан е со огромна веројатност и ќе се случи во многу блиска иднина. Веќе немам слободни средства во портфолио, но колку и да би имал би инвестирал во STB.

Подоцна ја имаш UNI која како што ги постирав графиците во минатото историски се тргувала со p/e од 6 до 8. Оваа година бележи страшни резултати, па и само да остане на резултатот од 9 месеци, без воопшто да има добивка во последниот квартал, ќе има forward p/e од 4,12 на оваа цена. Во случај да продолжи трендот и во овој квартал да се обезбедат дополнителни 4 милиони денари профит, forward p/e ќе биде 3, што ја прави најатрактивна акција на пазарот. Немаат можност за некој страшен раст и експанзија, но од друга страна, си ги знаат клиентите и соработуваат долги години па нема можност за големи промени кај ставката исправка на вредности и сомнителни побарувања...

Прегледај го приврзокот 162598

И на крај ја имаш OHB, за која имам долгорочна задршка, сепак краткорочно имаше голема кредитна експанзија, од корпоративна се префрлуваат кон население, населението си ги плаќа кредитите (барем во првите години), ја имаш Бранка која ја среди банката во Црна Гора, па со истата цел е донесена тука, па освен раст бар во наредни 6 месеци до година дена, не можам да видам ништо друго.

Не сум толку оптимист кај еден куп други компании од MSE, но трите наведени се дефинитивно зелено.
Скоро точно после 6 години од анализата на банкарскиот сектор еве нешто ново:

1671754927143.png
*Релативно вреднување според резултатите од 3 квартал
**Идната книговодствена вредност е проектирана поле исплата на дивиденда

Очекувам дека КБ ќе има нешто подобра добивка во однос на лани, ако нема некое негативно изненадување со проблеми при наплата на некој од дадените големи кредити поради лошата состојба во економијата. Би рекол стандардно добро, ќе поделат стандардна дивиденда што е очекувана од акционерите. И волкот сит, и овците на број. Стои како можност вака скоцкана да ја спакуваат како банка која со евентуално поефикасно работење би имала уште поголем потенцијал и да му ја продадат на некој. Но со оглед на состојбите на банкарскиот сектор во Европа во 2023 година, тоа нема да се случи. Бар според мене има подобри алтернативи.

СТБ ако продолжи како што работеше до 3 квартал ќе има една од финансиски најдобрите години. Не очекувам исплата на дивиденда поради се уште не потпишаното избегнување на двојно оданочување со Грција. Со внесот на добивката од 2022 година, книговодствената вредност доаѓа на 1. Во вакви услови како што се, тој што ја поседува акцијата или тој што има намера да ја купи треба да има долгорочен хоризонт за инвестирање, и да се надева на решавање на тоа економско – политичко прашање во делот со даноците. После неколку обиди, сепак нејзина продажба во скоро време нема да е актуелна.

НЛБ вака релативно гледана е најатрактивна од големите банки. Ќе видиме што ќе донесе последниот квартал со оглед на тоа дека имаа дури отпис на исправки со крајот на 3 квартал. Верувам дека ќе се држат на најавената 70% исплата на дивиденда од нето добивката иако во овој дел имаат проблеми со НБРМ. За обожавателите на НЛБ би им сугерирал да ја погледнат мајката банка НЛБ која котира на Љубљанската и на Лондонската берза која бар според мене е поатрактивна од TNB.

Како што кажав и со претходниот пост, според резултатите од 3 квартал, и според дадените очекувања од Милка, Уни Банка според вреднување е апсолутно најатрактивна во однос на оваа група Банки и во однос на самата себе во споредба со било кое време во минатото. Но не само поради овие релативни показатели. Секако си има ризик со кредити како и секоја банка. Овде 70% се кредити за население, додека 30% се корпоративни кредити. Уни нема кредити во вредност од над 10 милиони евра, но сепак има доволно големи што би предизвикале проблеми во одредена година.

Оние што подлабоко ја анализирале Банката знаат дека лани имаа прилично лоша година, кога решија да направат големи исправки и да го исчистат портфолиото од ризични кредити преку факторинг и слично. Со резултатите од 2022 година, во однос на КБ како репер ќе е двојно поевтина во однос на p/e, тројно во однос p/b, а во исто време ќе исплаќа двојно поголем дивиденден принос.

Иако јас очекував УНИ да влезе во индекс, сепак ова беше позитивно изненадување и за мене, затоа што мислев дека за тоа да се случи е потребна повисока пазарна цена на Банката. Сепак одлуката за неисплаќање на дивиденда на СБТ, ја чинеше излез од индексот. Да споредам кога ТТК влезе во индексот иако по сите фундаментални показатели е убедливо полоша банка за кратко време порасна за 40% од 1.000 до 1.400 денари каде за чудо се оддржува до ден денес.

Влегувањето во индекс ќе ја донесе толку потребната ликвидност која до сега преставуваше проблем за оние со “лесни раце“. Да знаеш дека можеш да ја продадеш акцијата ако ти треба по цена не драстично помала од пазарната е од големо значење за домашните инвеститори.

Е сега за оние кои што ја знаат акционерската структура во последните 5 години, ќе знаат дека акцијата најчесто ја продавале акционери кои имале најмногу 300 акции. Оние што имале над 300 акции скоро сите се се уште акционери, и секоја година го зголемуваат бројот на акции, се разбира со ретки исклучоци. Е сега оние акционери кои не ги продале акциите кога Коста ги истури своите акции на берза, кои не ги продале сите овие години кога немаше дивиденда, кои не ги продале лани кога беше лоша добивката, зошто би ги продале акциите сега, со исчистено кредитно портфолио, со најавена редовна дивиденда, со зголемена ликвидност, со влез во индекс и со се уште дупло пониско вреднување во однос на банките со кои има сличен поврат на капитал?

Идејата за препознатлив бренд и подобар имиџ на Банката од страна на менаџментот, доаѓа во исто време кога се направија сите потребни активности за пазарен раст на акцијата. Ова според мене е најважната варијабла која се промени, а многу инвеститори не успееја на време да ја видат. Кај нас успех имаат акциите од компаниите каде менаџментот има желба цената на акцијата да му расте: АЛК, КМБ, НЛБ.

И на крај, според сите карактеристики на Банката, таа според нејзината големина, пазарно учество и поставеност би била прв кандидат за продажба или за припојување. Сите други помали банки се на продажба, но нема математика да се троши толку време, ресурси и енергија за мерџирање на банки со мало пазарно учество.

Уни Банка според вреднување и перспективи е апсолутно најатрактивната акција во банкарскиот сектор. Исто по фундаменти моментално е најатрактивна и во однос на самата себе во споредба со било кое време во минатото. Таа е најголема позиција во моето портфолио и планирам така и да остане.

Прв пат кога пишав за УНИ на форумот, цената беше 680 денари. Така да се приклучувам на @Side Hustler со препораката за купување до цена од 6.800 денари. (10 x за тој што ме читал тогаш, и 2x за тој што ме чита денес).
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Прв пат кога пишав за УНИ на форумот, цената беше 680 денари. Така да се приклучувам на @Side Hustler со препораката за купување до цена од 6.800 денари. (10 x за тој што ме читал тогаш, и 2x за тој што ме чита денес).
Side Hustler не препорача купување на УНИ туку само артикулираше ФОМО. Но, сепак и приклучувањето кон неговото мислење е чекор понапред, за тебе. Следи 3.300 SPX фаза за ново приклучување ;)

#Тука сме никаде не одиме освен ако не сум Бошко Дабл О' Севен #Можеби и сум :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom