Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.666
Поени од реакции
33.842
Teхнички гледано тоа би идело и накај зорастријанизам/манихејство... Но те разбирам што сакаше да кажеш. Проблематично е што освен вртењето кон нематеријалното, богомилството имало елементи и од зорастријанизамот а промовирање на такво нешто би донело повеќе раздор отколку заедништво. Раздор е последното нешто што ни треба нам како народ (него ионака веќе го имаме премногу).

За останатите - не сакам да наметнам дискусија за промена на православието како религија, едноставно на мислење сум дека црквата (повторно, не зборувам за религијата) црквата би била покорисна за нас народот кога би функционирала според христијанските начела - наместо според материјалните желби на сегашниот облик на свештенството.
Автоматски споено мислење:

Затоа монасите ги посочив како пример за тоа како треба да функционираат православни христијански свештеници.
Истовремено не велам дека црквата не треба да има имот, треба да имаат имот и да обезбедуваат приходи и надвор од донациите на верниците. Но свештенците не треба да ги злоупотребуваат тие приходи, туку истите треба да бидат користени за јакнење на мисијата на црквата и помагање на народот и верниците со потреба.
 
Последно уредено:
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.039
Поени од реакции
2.473

Monasite se dobar primer za mnogu raboti, proveri kako se hranat :)

Ednash Hepta... ( ne ovoj tuku vistinskiot, toj sho pishuva na podolgo ) imashe prateno video za sveta gora.....
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.880
Поени од реакции
5.006
...znaci i vrzuvanjeto so materijalnostite(pari,avtomobili,kujki i sl) e isto od nebesata?
Да-во идеална состојба, онака како што Бог првично ја створил Земјава, а на неа Адама, кој, ради материјалниот дел од своето битие (телото), има потекло и од материјалниов Свет. Поимот „Едем„ значи „изобилство-богатство-уживање„, така да почетно, Адам имал прилика да ужива во Рајските убавини.

Не-во сегашна, отпадната состојба, каде неразумното и неумереното врзување за било кои материјални нешта, го спречува човековиот ум да размилува за Бога и за вечноста.
Автоматски споено мислење:

Христијанството, посебно православието - се базира на други вредности и етика.
Кои се тие?...
Автоматски споено мислење:

Затоа монасите ги посочив како пример за тоа како треба да функционираат православни христијански свештеници.
Истовремено не велам дека црквата не треба да има имот, треба да имаат имот и да обезбедуваат приходи и надвор од донациите на верниците. Но свештенците не треба да ги злоупотребуваат тие приходи, туку истите треба да бидат користени за јакнење на мисијата на црквата и помагање на народот и верниците со потреба.
Се согласувам...
Монасите и за мене се референца, а парохиските свештенци само како (позитивни) исклучоци, можат да бидат добар пример...
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.666
Поени од реакции
33.842
Кои се тие?...
Сочуство, несебичност, помагање на блиските и на сонародниците, неподлегнување на завист и лакомост, неправење на другите тоа што не сакаш да ти се случи тебе... Чувство за заедништво и добробит на заедницата. Итн, итн.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.769
Да-во идеална состојба, онака како што Бог првично ја створил Земјава, а на неа Адама, кој, ради материјалниот дел од своето битие (телото), има потекло и од материјалниов Свет. Поимот „Едем„ значи „изобилство-богатство-уживање„, така да почетно, Адам имал прилика да ужива во Рајските убавини.

Не-во сегашна, отпадната состојба, каде неразумното и неумереното врзување за било кои материјални нешта, го спречува човековиот ум да размилува за Бога и за вечноста.
Автоматски споено мислење:

Кои се тие?...
Автоматски споено мислење:

Се согласувам...
Монасите и за мене се референца, а парохиските свештенци само како (позитивни) исклучоци, можат да бидат добар пример...
...ubavo bi bilo koga site lugje bi gi prifajkale ovie podatoci taka kako sto ti gi izlagas,porano bilo taka
...NO,vo denesnicata lugjeto se povejke pravat od prilozenite informacii paralela so realnosta i donesuvaat vrz taa osnova i zaklucoci.Sto e potpolno logicno i normalno
...ili kako jas miluvam da si kazam sam na sebe,koga razmisluvas za religiite iskluci ja logikata i ukluci go srceto :)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.880
Поени од реакции
5.006
Сочуство, помагање на блиските и на сонародниците, неподлегнување на завист и лакомост, неправење на другите тоа што не сакаш да ти се случи тебе... Чувство за заедништво и добробит на заедницата. Итн, итн.
Е ми, тоа го чинат и атеистите, чисто на разумна и душевна/сентиментална основа.

Во регигиите е потребно „нешто повеќе„ а тоа се возвишените мерила и вредности, согласни со волјата Божја, односно со „она„ кое сам Бог го очекува од човекот, во облик од почитување и практикување на Неговите Заповеди, но без присила, ами доброволно.
Автоматски споено мислење:

...ubavo bi bilo koga site lugje bi gi prifajkale ovie podatoci taka kako sto ti gi izlagas,porano bilo taka
...NO,vo denesnicata lugjeto se povejke pravat od prilozenite informacii paralela so realnosta i donesuvaat vrz taa osnova i zaklucoci.Sto e potpolno logicno i normalno
...ili kako jas miluvam da si kazam sam na sebe,koga razmisluvas za religiite iskluci ja logikata od tie razmisluvanja :)
Во религозноста, логиката се „исклучува„ а се „вклучува„ Божјата надлогичност.
Логичноста е корисна само за овосветовни/материјалистички дејанија, додека за духовноста е потребно живеењето во волјата Божја.
Човекот е и духовно и материјално битие па може да ги применува и двете вредности.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.666
Поени од реакции
33.842
Е ми, тоа го чинат и атеистите, чисто на разумна и душевна/сентиментална основа.

Во регигиите е потребно „нешто повеќе„ а тоа се возвишените мерила и вредности, согласни со волјата Божја, односно со „она„ кое сам Бог го очекува од човекот, во облик од почитување и практикување на Неговите Заповеди, но без присила, ами доброволно.
Никаде и не реков дека за да биде добар, човек мора да биде православен христијанин. Не знам како дојде до таква претпоставка. Ова е non sequitur освен ако не се надоврзуваш на муабетот со Колосек повеќе (десетици) постови наназад.

Тезата (за која ми реплицираш) ми е дека црквата треба да биде покорисна за народот, за верниците.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.880
Поени од реакции
5.006
Никаде и не реков дека за да биде добар, човек мора да биде православен христијанин. Не знам како дојде до таква претпоставка. Ова е non sequitur освен ако не се надоврзуваш на муабетот со Колосек повеќе (десетици) постови наназад.

Тезата (за која ми реплицираш) ми е дека црквата треба да биде покорисна за народот, за верниците.
Пошто исповедам православна вера, под религиозност и духовност ја подразборам токму таа религија/вера.

Црквата е создадена токму со таа намера, да биде корисна за народот, поточно, да собира и спасува (човечки души), а дали сите членови во Црквата тоа го чинат, тоа е друго прашање...
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.666
Поени од реакции
33.842
дали сите членови во Црквата тоа го чинат, тоа е друго прашање...
Тоа е прашањето на кое давам одговор: Црквата треба и мора да биде покорисна за народот, за верниците. За тоа да се оствари мислам дека црквата треба темелно да се реформира.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.666
Поени од реакции
33.842
... еволуциски карактеристики кои имале голема корист во далечното минато, сега не толку ама карактеристиките остануваат со нас. :)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.880
Поени од реакции
5.006
...toa dokazuva deka sme so greska vo genetskiot kod :)
Гревовното однесување е причина за појавата на грешки во гените, кои потоа се наталожуваат генерациски, а предизвикуваат поголеми или помали душевни и телесни маани, од раѓање.

Во почетокот не беше така...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.145
Поени од реакции
12.126
Monasite se dobar primer za mnogu raboti, proveri kako se hranat :)

Ednash Hepta... ( ne ovoj tuku vistinskiot, toj sho pishuva na podolgo ) imashe prateno video za sveta gora.....
Кога вие не праќате видеа од религиите кои крстосуваат низ Македонија и не знаете дали сте или не христијани или муслимани, туку од се по нешто сте собрале од страв да не бидете „во толпата“ - морав јас на времето да споделувам :)

@Vanlok ...
Христијанството и исламот не може да се променат. Бесцелен е таков муабет за промена на тоа какви да биле свештениците. Небитни се тие, кога мноштвото го сочинуваат верници не многу упатени во нештата на религиите и верувањата. Кога се е адети (што е добро според мене). Не може мирјанинот кој што не е во манастирот да живее по тие начела кои нели се токму оние христијанските. Не може муслиманот да сонува за шеријатски закон на Земјата. Мислам може да сонува, но сонот и јавето... прават проблеми кај верникот.

Светот не може да биде целиот еден голем православен „манастир“ бидејќи....?? Можете да го дадете одговорот зошто не може?

@Goyathlayyy ...

П.С. Нема кому да пишувам на долго и на широко, премногу знаете за нештата за да човек сеуште пишува на долго и на широко... помина тоа време, сега имате повеќе прочитано и многу повеќе искуство :)
 
Те фативме на кондиција. :)
 
Мое мислење е не само што не мора христијанинот да биде монах за да ги живее христијанските начела, туку дури не мора ни да се биде верник за да се живее според тие начела и вредности. Ти можеби зборуваш за доживување и живеење на религиското искуство, а јас за почитување на начелата и задржување на христијанските вредности. За мене тоа е начин да се постигне заедништво и просперитет, додека истовремено не сакам духовноста да ја ограничам на правила и норми кои се резултат на нечие друго животно и духовно искуство стекнато во некој сосема различен свет од пред повеќе милениуми.

Она што е заедничко и во двата случаи, е тоа дека мнозинството свештеници (не сите) и концептот на сегашната организација на црквата - се контрапродуктивни и за двете работи за кои зборуваме јас и ти. Со нивните постапки ниту ја поттикнуваат верата, ниту практикувањето на христијансктие начела и вредности.
Се разбира чисто теоретски дискутираме, не дека јас повикувам на конкретна акција за менување на сегашната состојба... Тоа би бил предизвик за некој многу поголем духовно и карактерно од мене.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom