Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.667
- Поени од реакции
- 33.844
Teхнички гледано тоа би идело и накај зорастријанизам/манихејство... Но те разбирам што сакаше да кажеш. Проблематично е што освен вртењето кон нематеријалното, богомилството имало елементи и од зорастријанизамот а промовирање на такво нешто би донело повеќе раздор отколку заедништво. Раздор е последното нешто што ни треба нам како народ (него ионака веќе го имаме премногу).
За останатите - не сакам да наметнам дискусија за промена на православието како религија, едноставно на мислење сум дека црквата (повторно, не зборувам за религијата) црквата би била покорисна за нас народот кога би функционирала според христијанските начела - наместо според материјалните желби на сегашниот облик на свештенството.
Затоа монасите ги посочив како пример за тоа како треба да функционираат православни христијански свештеници.
Истовремено не велам дека црквата не треба да има имот, треба да имаат имот и да обезбедуваат приходи и надвор од донациите на верниците. Но свештенците не треба да ги злоупотребуваат тие приходи, туку истите треба да бидат користени за јакнење на мисијата на црквата и помагање на народот и верниците со потреба.

Автоматски споено мислење:

Последно уредено: