Македонска берза

Член од
10 декември 2008
Мислења
1.313
Поени од реакции
2.380
Изгледа Милка ја обои УНИ денес во зелено. :)
Во периодов ќе биде во зелено, најпрвин поради влезот во индекс, после поради купувањето на Публикум МБИ10, а на крај на јануари поради резултатите од 2022 година.

Ај па боже здравје на кај на Мај, пак да тераме кафани за исплата на нето дивиденда од по 340 денари по акција. :pijani:
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Ај па боже здравје на кај на Мај, пак да тераме кафани за исплата на нето дивиденда од по 340 денари по акција. :pijani:
Јас не ти доаѓам уше од сеа ти кажувам.Ти на ниедно славје за КМБ и ТНБ не си се појавил, напротив дури и ни ги хејташе дивиденТите :)
 
Последно уредено:
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635
Во периодов ќе биде во зелено, најпрвин поради влезот во индекс, после поради купувањето на Публикум МБИ10, а на крај на јануари поради резултатите од 2022 година.

Ај па боже здравје на кај на Мај, пак да тераме кафани за исплата на нето дивиденда од по 340 денари по акција. :pijani:
Милка ми посака пријатни пензионерски денови, а јас ни на пола пат од работниот ми век :cool:

Очигледно ќе има и за кафана, и за се останато.

Надвор од темата МСЕ, еве една добра анкетичка која мислам ќе биде добро четиво за сите, посебно за почетниците кои имаат време да прочитаат нешто повеќе: Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија
 
mishevski

Неимар
Член од
20 јуни 2010
Мислења
107
Поени од реакции
170

Честитки професоре! Добра опција е предвремена пензија само не знам кои параметри да се постават за потврда на пензионирање, големина на портфолио или висина на дивиденда на годишно ниво?

Ова е некоја друга тема, но веројатно сите тежнееме кон ова :

Честитки до тие што ја имаат UNI во портфолио, каскаше последниве години, се надевам до пролет ќе си го најде местото според потенцијалот.
 
Да, фала за честитките, УНИ ми е некои 93% од портфолио.

Параметар за пензионирање ми е моментот кога годишната дивиденда ќе ги надмине моите редовни примања по основ плата. Тоа ми беше некаков бенчмарк уште во октомври 2006 кога ги купив првите 2 акции од Алкалоид :) Во тоа време сонував и креирав стратегии како еден ден ќе можам да живеам само од дивиденда, и еве го после 16-17 години можам да си го допуштам и тоа задоволство. Но (секогаш има едно но) сега веќе очекувањата и плановите се далеку повисоки, особено откако се создала фамилија, деца итн...
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Пари: Компаниите кои успешно работеле, ќе плаќаат данок на екстра профит. Што значи ова, кои фирми ќе плаќаат данок?

Николоски: Ова прашање се отвори во рамки на дискусијата за Концептот на даночна реформа, што го организираше Министерството за финансии во изминатиот период. Како резултат на тоа, се пристапи кон анализи во Министерството за финансии, а се започна и дијалог со бизнис-заедницата. Решението што ќе се примени ќе се бара некаде помеѓу она што го покажуваат анализите, она што е сугестија на бизнис-заедницата и она што е пракса во соседните земји.

Ова е данок кој не е новина, се воспоставува со времен карактер и со цел да одговори на дисторзиите што се јавуваат од некој шок. Исто така, важно е дека не ги опфаќа сите компании, туку само оние кои направиле екстра профит, а на кој влијаеле вонредните услови. Тоа се приходи кои не се создадени врз основа на инвестиции и стратегија за развој, туку врз услови кои во еден момент се појавиле и овозможиле некој да направи екстра профит. Се работи за големи фирми, успешни, кои оствариле значително повисок приход во 2022 година, во споредба со приходот остварен во претходните години.

За примената на ваков данок има примери во земјите во ЕУ, има примери и во регионот, како во Хрватска, така што и ние ќе бидеме во таа линија, а и во линија со политиките што ги спроведува ЕУ.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Да, фала за честитките, УНИ ми е некои 93% од портфолио.

Параметар за пензионирање ми е моментот кога годишната дивиденда ќе ги надмине моите редовни примања по основ плата. Тоа ми беше некаков бенчмарк уште во октомври 2006 кога ги купив првите 2 акции од Алкалоид :) Во тоа време сонував и креирав стратегии како еден ден ќе можам да живеам само од дивиденда, и еве го после 16-17 години можам да си го допуштам и тоа задоволство. Но (секогаш има едно но) сега веќе очекувањата и плановите се далеку повисоки, особено откако се создала фамилија, деца итн...
93% доверба во УНИ со 17 години искуство во инвестинг. Сигурно знаеш нешо повеќе од нас инаку би било хазардерски. Поготово после сите премрежја шо поминавте со банката.

Don’t Put All your Eggs in One Basket, еднаш се живее :)
 
mishevski

Неимар
Член од
20 јуни 2010
Мислења
107
Поени од реакции
170
Да, фала за честитките, УНИ ми е некои 93% од портфолио.

Параметар за пензионирање ми е моментот кога годишната дивиденда ќе ги надмине моите редовни примања по основ плата. Тоа ми беше некаков бенчмарк уште во октомври 2006 кога ги купив првите 2 акции од Алкалоид :) Во тоа време сонував и креирав стратегии како еден ден ќе можам да живеам само од дивиденда, и еве го после 16-17 години можам да си го допуштам и тоа задоволство. Но (секогаш има едно но) сега веќе очекувањата и плановите се далеку повисоки, особено откако се создала фамилија, деца итн...
Одлична стратегија, многу блиску до мојата :)

И мене бенчмарк ми е дивидендата годишно да надминува просечни годишни примања, само што тие примања последниве неколку години се зголемија, па цело време се поместува нагоре, а за расходите исто така :) како што спомна и самиот

И јас во МКД берза сум скоро 80% во УНИ. Имав исто некои лоши одлуки за влез и излез на берзава но се префрлив во знаење.

Освен берза, имам инвестирано и во неколку мали бизниси, кои едниот е одржлив, но не може да скалира иако и од него земам годишна дивиденда. Остантите се релативно нови бизниси и ќе видиме за некоја година.

Инвестирав и нешто како бизнис ангел, што е доста ризичен капитал, ама одлично поле за учење. Мислам дека ова допрва ќе биде простор за инвестирање, посебно за искусни инвеститори, иако бара малку поразличен пристап. Затоа ги продлабочувам знаењата и искуството во ова поле за да повеќе навлезам.

Во странство, имам некакви позиции кои сакам да ги зајакнам периодов, но ништо позначајно ради целава ситуација :) Исто имам нешто ситно инвестирано преку crowdinvesting платформи fundersbeam и wefunder.

Сакам да диверсифицирам, но во момент само Уни најавува поврат. Останатите... да сме живи и здрави.
Има уште до пензија :)
 
Член од
20 декември 2021
Мислења
204
Поени од реакции
232
Ne daj boze da im se zgresi i na ovie od STB i PKB da isplatat dividenta ednas posle sto godini eden kup ke imame penzioneri,firma koja deli dividenti ednas vo decenijata barem za mene ima znacenje kako invalidska penzija a so istata ne se pokrivaat trosocite za izminatiot period na posti.
 
Член од
24 август 2015
Мислења
249
Поени од реакции
365
Zdravo bi sakal da postavam nekolku prasanja kako da kupam akcii potocno koja aplikacija bi ja koristel kolku e min deposit i ako ima nekoj koj bi mi pomognal poveke na ovaa tema sekako bi kupil i e kniga ako postoi vi blagodaram
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
343
Поени од реакции
333
Има книга со речиси 1600 страни. Во неа има се живо и диво, сите прашања и одговори, а штом ја прочиташ стануваш своевиден гуру во инвестирањето.
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
592
Поени од реакции
1.102
 
Член од
24 август 2015
Мислења
249
Поени од реакции
365
Има книга со речиси 1600 страни. Во неа има се живо и диво, сите прашања и одговори, а штом ја прочиташ стануваш своевиден гуру во инвестирањето.
Mozi link za download
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
343
Поени од реакции
333
Mozi link za download
Веќе го имаш линкот, книгата е форумов. Досега многу пати сме објаснувале, има во претходните 2-3 страни, но еве набрзина.
Апликација за тргување со инфо за логирање ти дава брокерот, таму следиш цени и даваш налози, нема минимум депозит, но ако планираш да тргуваш со помали суми не вреди да плаќаш за апликацијата, околу 100 евра беше годишно.

Сепак, можеш и без апликацијата да даваш налози и да следиш цени преку комуникација со брокерот, слободно може да ги прашуваш за моменталните продажни и куповни цени и да им даваш налози, но така процесот е побавен и помалку ефикасен.
Провизиите за купување и продавање варираат меѓу брокерските куќи, како и во зависност од направениот промет, за почеток очекувај да биде 1-1,5%, а штом направиш позначителен промет може да се спуштиш и под 1%.

Предлагам да разгледаш на нет, па после да тркнеш до некоја банка или брокерско друштво кое мислиш дека ти нуди најповолни услови, сите не се исти.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom