- Член од
- 30 април 2018
- Мислења
- 258
- Поени од реакции
- 510
Има 2 работи кои ми се нејасни/ не ми се допаѓаат во законот:Со новиов закон за данок на капитална добивка за продажба на хартии од вредност ќе треба да видиме на кој начин ќе влијае врз тргувањето со опции
1. Во Член 7 се вели дека членот 62 се менува и гласи:
,,(1) Капитална загуба остварена од
продажба на хартии од вредност на
берзата во земјата во тековната година се
пребива со капиталните добивки
остварени од продажба на хартии од
вредност на берзата во земјата во истата
година.
*Дали ова значи дека капиталните загуби од продажба на хартии од вредност на
берзата во СТРАНСТВО, нема да се
пребиваат со капиталните добивки? Ова би значело ако остварам добивка од една трансакција 1000$, а од друга загуба од 1000$, пак ќе си платам данок пд 100$. Со ова би се ставиле во значително неповолно положба краткорочните шпекулативни тргувања на странски берзи - посебно тргувањето опции, најпосебно covered calls
2. Во Член 15 се вели дека по членот 85 се додава нов член 85-а кој гласи:
,,Член 85-a
(1) Централниот депозитар за хартии од
вредност е должен на органот за јавни
приходи да му достави годишен извештај со податоци за стекнување и продажба на хартии од вредност од страна на физички
лица, најдоцна до 15-ти јануари... "
Во Член 18 пак се вели дека по членот 91 се додава нов наслов и нов член 91-а кои гласат:
,,г) Аконтација на данок на доход на
капитална добивка од хартии од вредност
и удели во инвестициски фондови
Член 91-а
Аконтацијата на данокот на доход од
капитална добивка од хартии од вредност
и удели во инвестициски фондови од член
58 од овој закон, се пресметува од органот
за јавни приходи врз основа на
податоците од годишниот извештај од
член 85-а ставовите (1) и (2) од овој закон,
најдоцна до 15-ти февруари во тековната
година за претходната година. ”тековната година за претходната година
*Со оваа одредба се опфаќа само начинот на кој УЈП ќе го утврдува данокот на капиталните добивки од хартиите на домашниот пазар, а никаде не се уредува начинот на утврдување на аконтацијата на данокот за капиталните добивки од хартиите од вредност на странски берзи.