Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
30 април 2018
Мислења
258
Поени од реакции
510
Со новиов закон за данок на капитална добивка за продажба на хартии од вредност ќе треба да видиме на кој начин ќе влијае врз тргувањето со опции
Има 2 работи кои ми се нејасни/ не ми се допаѓаат во законот:

1. Во Член 7 се вели дека членот 62 се менува и гласи:
,,(1) Капитална загуба остварена од
продажба на хартии од вредност на
берзата во земјата во тековната година се
пребива со капиталните добивки
остварени од продажба на хартии од
вредност на берзата во земјата во истата
година.

*Дали ова значи дека капиталните загуби од продажба на хартии од вредност на
берзата во СТРАНСТВО, нема да се
пребиваат со капиталните добивки? Ова би значело ако остварам добивка од една трансакција 1000$, а од друга загуба од 1000$, пак ќе си платам данок пд 100$. Со ова би се ставиле во значително неповолно положба краткорочните шпекулативни тргувања на странски берзи - посебно тргувањето опции, најпосебно covered calls

2. Во Член 15 се вели дека по членот 85 се додава нов член 85-а кој гласи:
,,Член 85-a
(1) Централниот депозитар за хартии од
вредност е должен на органот за јавни
приходи да му достави годишен извештај со податоци за стекнување и продажба на хартии од вредност од страна на физички
лица, најдоцна до 15-ти јануари... "
Во Член 18 пак се вели дека по членот 91 се додава нов наслов и нов член 91-а кои гласат:
,,г) Аконтација на данок на доход на
капитална добивка од хартии од вредност
и удели во инвестициски фондови
Член 91-а
Аконтацијата на данокот на доход од
капитална добивка од хартии од вредност
и удели во инвестициски фондови од член
58 од овој закон, се пресметува од органот
за јавни приходи врз основа на
податоците од годишниот извештај од
член 85-а ставовите (1) и (2) од овој закон,
најдоцна до 15-ти февруари во тековната
година за претходната година. ”тековната година за претходната година

*Со оваа одредба се опфаќа само начинот на кој УЈП ќе го утврдува данокот на капиталните добивки од хартиите на домашниот пазар, а никаде не се уредува начинот на утврдување на аконтацијата на данокот за капиталните добивки од хартиите од вредност на странски берзи.
 
Член од
7 септември 2018
Мислења
297
Поени од реакции
402
Има 2 работи кои ми се нејасни/ не ми се допаѓаат во законот:
Не сум експерт за даночно право и паушално го толкувам законот, ама мислам дека законот ќе важи и за домашен и за странски пазар, а тоа би требало да значи дека ќе се пребиваат добивка со загуба, ама не сум сигурен.
За член 85-а не сум сигурен дали тоа значи дека ќе треба да пријавуваме сопственост на странски хартии од вредност до централен депозитар?
 
Член од
30 април 2018
Мислења
258
Поени од реакции
510
..ама мислам дека законот ќе важи и за домашен и за странски пазар, а тоа би требало да значи дека ќе се пребиваат добивка со загуба, ама не сум сигурен...
Законот важи и за домашниот и странскиот пазар и мене логиката ми велеше дека би требало и загубите - независно домашни/странски, да се пребиваат до добивките - независно домашни/странски.

Ама законот не вика така:

,,(1) Капитална загуба остварена од
продажба на хартии од вредност на
берзата во земјата во тековната година се
пребива со капиталните добивки
остварени од продажба на хартии од
вредност на берзата во земјата во истата
година.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
SPX.png

Од техничка перспектива после двете тестирања во resistance на надолниот тренд поради условно добриот CPI и после неочекуваниот hawkish стенс од Пауел следи малце подалечен support левел кој има генеза уше од 2016 година. СП500 на 3280 со тековниот 12 месечен EPS 193,36, inflation adjusted би имал складен mean п/е од 16.9 и претпоставувам ќе исцица голем наплив на капитал и нови тргувачи. Се е тоа ок, но историски кога паѓа трендот оди далеку под mean-от а тоа пресликано во ова време би можело да биде leg down поради earnings deterioration. Тука веќе SP500 би можел да биде во слободен пад заедно со економијата , претпоставувам во време на рецесија. Тек тогаш влага Пауел со пивот во вистинска смисла не во овој модифицираниот по мерка на капиталистиве :)
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2018
Мислења
297
Поени од реакции
402
Очекувам дека наредниве години-две ќе бидат понапорни за економијата. Затоа сум во компании што редовно даваат дивиденди и со помош на covered call-овите планирам да продолжам да купувам во нареднава година. Ќе продолжам да купувам само акции што даваат редовни дивиденди со yield 6% или повеќе. сите акции мора да бидат во пакети од по 100 (за да може да се игра со опции) и последен услов е да се тргуваат добро на пазарот за опции затоа што има многу добри компании кои не даваат никакви можности за продавање на covered calls. Новиов закон за даноци дополнително ми помогна во одредувањето на времето на држење на акциите, поточно немам намера да продадам ништо барем 2 години, а после тоа можно е веќе да започне нов бул маркет.
 
Во ред е тоа. Но велју или дивиденд акциите заради тромавоста скоро сите имаат IV на ниво на индексите и се скоро сите неатрактивни за играње поради ниските цени на опциите. Јас редовно ги следам тековните отскокнувања на IV и IVR (https://www.barchart.com/options/highest-implied-volatility) и продавам call credit spreads коа сум беариш на ординарни компании кои имаат каква таква ликвидност. Колатералот тука ти е всушност лонг колот поставен подалеку OTM од short-от. Потребниот марџин ти е на ниво на максимална загуба која ти е лимитирана, ти си ја оптимизираш преку распонот на спредот и нема потреба од 100 акции. Одлична условно covered стратегија за престојниот догледен период, trust me (y)
 
Последно уредено:

CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Здраво
Дали некој ја користи(ел) www.see-link.net, читам се користела за соработка со берзиве во регионов ?
Па се прашувам може ли директно да се иде таму како на нашава MSE се купи пордаде нешто?
Неможам да најдам некое упатство, што , како, каде ...
Секоја инфо е добродојдена.

Благодарам однапред
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Здраво
Сигурно има "волци" на кои овие работи им се во малиот прст, но сигурно има и почетници, како мене, на кои линков би им бил од корист.
линков
https://reddit.com/r/stocks/w/index?utm_source=share&utm_medium=android_app

Поздрав
Шо ќе ти се канадски брокери и крипто коини :)

Ова ти е класика. Шорт кат за едукација. Ама ве мрзи да читате (n)

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Чисто од љубопитност:
  1. Колку од вас живеат само од берза?
  2. Ако не е тајна со колкав капитал тргувате? (не барам точна сума, туку пример над: 5к/10к/50к/100к/300к/500к/1м евра)
  3. Колкава сума заработувате на годишно ниво/или ете процент (просек, а се однесува повеќе на тие што сте искусни, да не речам професионалци)?
 
Брат, си попримил од тоа кенгурскиот менталитет кај шо net worth ви стои у пасоши :)

Прво, ако го праиш ова за мотивација, убеден сум дека ќе добиеш искривена слика. Овдека викаат:,,шо се 1000 акции од КМБ бе? ''. Еден ми викаше ,, абе Сајд Хаслер, кој мангуп си ти со 200.000 ЕУР свртени на берза коа детево ми ги врти истите у ИТ индустрија''. Или пак ,,прв сум, втор, трет, третипол :) најголем акционер после главните"' еве ти додај...

Мислам дека од нашава берза скоро никој не ,,живее'', освен Иван Штериев, се шалам :).Освен ,,неамбициозни инвалиди*'', без капка желба да научат нешо повеќе и капиталот да го умножат преку повеќе стримови. Јас лично верувам во multiple source of income. Работам на едно место, директор сум на друго, имам моја фирма, инвестирав во недвижности, инвестирам тука и надвор во ХВ, трејдам надвор како моја понова пасија и така некако. Инаку по тоа колку трошам и сам не знам колку праам. Порано ги знаев во сон. Сеа како доаѓаат така се пополнуваат дупки и се реинвестира резидуалот.

Гледај си го друже сопствениот пат. Мотивација од инкогнито аватари може да ти донесат или фруст или девијантна слика за нормалност :)
 
Пази, не ми е поентата да омаловажам некој, повеќе ме интересира дали имаме такви луѓе што живеат од ова, и дали е истото изводливо со помал капитал, или е само за фаци што оперираат со капитал од по неколку милиони.

Јас како тебе имам дисперзирани примања од повеќе локации. Берзата ја гледам повеќе како место каде што турам пари кои не ми требаат за работа во моментов, и немам идеја во што би ги ставал во наредни 10-20 години. Ниту живеам од берза, ниту имам време активно да тргувам, ниту пак очекувам дека ќе ја заебам и ќе станам чорбаџија од истата.

Од крипто пример правев пари со автоматизации, ботови, напредна аналитикa, а се што вадев од софтверот наменет за крипто, користев за тргување. Кај крипто за споредба беше многу полесно да се направат пари и од тргување, отколку кај берзата (барем од досегашно искуство).

Мотивацијата ми е исклучиво од моите амбиции/планови, последно нешто кое ќе ме мотивира/демотивира се форуми или јутјуб видеа :)
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Здраво на сите
Овој дел допрва го учам, шетав по формуов ама не најдов конкретен одговор. Стануе збор за купување на хартии од вредност на странски берзи преку ИБКР или њима сличних:
Прашањево ми е за чување на странските хартии од вредност во странски банки или депозитари, купени преку некоја платфрома пример ИБКР?
Дали воопшто нешто некаде се чува/порамнува итн... ? Или она што ми е на акаунтот на ИБКР тоа е се...

Благодрам однапред
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Со црвено почна, а изгледа така и ќе заврши оваа 2022ра :facepalm:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom