Одличен синопсис и едно своевидно опширно толкување пропратено со сериозна доза на основно фудбалско непознавање и невиден осврт на сите тактички одлуки кои го диктираа текот на играта.Финалево се одвиваше во скроз обратна насока од она што очекував, а тоа е пред се заради бледата игра на Франција. Скалони перфектно го имаше спремено мечот и буквално се што имаше замислено му се остваруваше. Го приметувам на неколку мечеви дека ин гејм менаџментот му е катастрофа, примија гол и се изгубија во свемирот и лесно можеа да изгубат на крај. Да беше 2-2 накај 70/75 минута ќе изгубеа 100000%, се распаѓаа како кула од карти во тие моменти. Не само кај Скалони, него и кај други млади тренери го приметувам тој пичкарски менталитет кога ќе заводат со 1 или 2 разлика, сместа мењаат напаѓач за дефанзивец и се бранат како умрени. Го извади Ди Марија и го стави Акуња, крило/напаѓач за бек, сакаше со дупли бекови да игра, бог да чува и да брани. Од друга страна Алварез невидлив цела утакмица овој упорно го држи во игра, наместо да го стави Лаутаро кој е доста пргав играч, знае да нагази на топка, да изнудува фаули, да троши време итн. Имаше огромна среќа Скалони што не направија фаул над Турам у 93та и што Мартинез у 123 минута со нинџа одбрана ги спаси од пораз. Чиста титула можеше да им избега ради очајно менаџиран меч од страна на тренерот.
Франција од друга страна ни бледа сенка од правата Франција, дали ради вирусот што ги зафати дел од играчите, дали ради нешто друго искрено не знам, али прелоши беа денес до 80та минута. Исто така не знам и зашо ги напраи измените у 40та, ако е ради вирусот тогаш ок, ама ако му пукнал филм од тактички аспект тогап скроз луд потег кој на крајот му се исплатеше до негде на Дешамп зашо со Турам и Муани почнаа поживо да играат и да прават проблеми на Аргентина. Тео беше дно денес, апсолутно неупотреблив во двата правци, Гризман скроз угушен, уствари цел тим беа ужас. И на крај пак можеа да тепаат, имаа шанси и во регуларен дел да ја свртат, а и во продолжението шансата на Муани во 123 минута.
Пратам фудбал 23/24 години, а СП ги памтам од 98ма па навака и може да кажам дека ова е најдоброто финале кое го имам гледано. 98ма едносмерна улица, 3-0 за Франција против Бразил кои имаа слично издание како Франција денес, 2002 Бразил лагано 2-0 против Германија, 2006 рак, 2010 рак, 2014 рак, 2018 ок 4-2 за Франција али очигледна беше разликата во квалитет. Ова денес беше епски меч, до 80та негде беше на прагот да биде слично на финалето од 98ма али Мбапе се погрижи тоа да не биде така. Од таа минута па се до крај еден куп шанси и измешани емоции, тоа е тоа што се бара од финале на едно СП.
Околу наградите све си е на место само што Гвардиол требаше да земе за млад играч, а не Енцо Фернандес али тоа е.
Меси запечати ГОАТ статус, дечкото буквално нема трофеј што го нема освоено, од ОИ, СП до 20 години па се до ЛШ, Копа Америка и СП како јаготка на шлагот. И тоа со стил освои СП, 7 гола, неколку асистенции, убедливо најдобар играч на цело СП, прав лидер. Многу ми е драго за него, доста скромен лик за така голема светска ѕвезда, заслужуваше ваква завршница на кариерата. Нека лапне сеа и ЛШ со ПСЖ за да им докаже на хејтерите дека може и вон Барселона да освојува ЛШ и нека иде у Америка да изигра уште 2 сезони и да си ужива у пензијата.
Лично за мене најмногу може да жалат Бразил на ова СП, имаа прејак тим, огромни амбиции и на крај изедоа ладен туш и све им се урна и отиде во провалија. Знам дека имаше и други јаки тимови што испаднаа порано, пред се Шпанија и Германија, ама Бразил беше апла меѓу најголемите фаворити и неочекувано, а јас би рекол и несреќно испаднаа од Хрватска.
Околу СП во Катар што би рекле старите како смо се надали добро смо се удали, не беше нешто wow првенството ама не беше и дно дна како што сакаа да го претстават некои пред почетокот на истото. Јасно е дека Катар е нефудбалска нација и дека не можеш тука да создадеш мундофорија како на пример во Аргентина, Бразил или европскиве земји, али барем им беше све добро организирано и под конец, а искрено и мерак ми е што бевме лишени од ЛГБТ и слични пропаганди што се редовен декор на вакви големи настани.
Оваа вонвременска днопертиза ќе биде запишана во аналите на Кајгана, заборавена засекогаш и ќе остане целосно непрочитана од 99,9 посто членови на формуот освен Џонтра кој нема да разбере точно 92% од искорисрениот вокабулар во истата.