Договор си е договор...Абе види, со @Red Zurla се договоривме дека гравитација не постои. Темава е за рамна земја. Логично е поставените прашања да бидат одговорени од следбениците на дотичниот култ/вера/религија/шо-ти-знам-јас-шо.
Фино ќе беше кога прашањето од погоре да е одговорено. Ама некако тешко ви оди. Ти се "тепаш" со гравитација, Зурла си постира линкови. Одговор - нема.
Гравитацијата, како сила, е непосредно поврзана со тела кои ротираат околу своја оска, така да ставот дека Земјава е рамна и дека е неподвижна, автоматски ја исклучува потребата од постоење Земјина гравитација, со која Земјата влече кон себе све живо, не пушта па не пушта, а околу Земјата „пуца„ вакуум, кој никако не може да ја оттргне Земјината атмосфера кон празниот меѓупланетаран (вакуум) простор...
Се надевам дека имаш одговор на оваа дилема...
Што се тиче падобранците, еве го одговорот; падобранецот кој паѓа со отворен падобран, секако дека ќе паѓа побавно и ќе падне подоцна, затоа што падобранот и воздухот создваат триење, односно падобранот, поради развиената платнена површина, дава отпор (кон воздухот) при падот од падобраноцет. Падобранецот кој заборавил (се зезам...) да го отвори падобранот, ќе паѓа неспоредливо побрзо од првонаведениот падобранец, затоа што во неговиот пад/движење низ воздухот, нема да се појави дополнителен отпор, освен триењето на телото при минувањето низ воздухот/атмосферата, кој е недоволен за бавно и бездено паѓање и приземјување.
Просто кажано, падобранецот со отворениот падобран ќе падне побавно и ќе падне/ќе се приземји безбедно на тлото, а падобранецот без падобран ќе паѓа побрзо во однос на претодниот падобранец и ќе акне на тлото...