СП 2022 Катар - генерална дискусија

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Член од
14 август 2006
Мислења
45.366
Поени од реакции
84.599
Alvarez > Lautaro Martinez every time, every place...
Не знаеш ти дека Лаутаро даде седум гола у квалификации. Ја пратам квалификации и затоа го ставив да ми биде у напад у фантази лига за светсково.
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.777
Поени од реакции
5.775
Меси и Роналдо па дури и самиот Меси е појак од сите овие погоре. Ти дечко играј шах фудбалот ти е француска азбука непозната работа.
Во свето на бајките. Да играа една две децении порано со такви дефанзивци немаше ни пола да постигнат од то денес шо го имаат. Можат да се силат на смешни одбрани на Елче и Ајачо, ама еден Вини Џонс го јади меси за доручек и роналдо за ручек.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.888
Поени од реакции
67.509
А бе што ми се смеете на овој пост, за Гризман?

Одличен е до сега, клучна улога во француската репрезентација.
Има една интересна статистика што почнаа ова Светско да ја форсираат, пасови примени меѓу линии, обично меѓу одбрана и среден ред на противникот. Гризман неколку утакмици предничи кај Франција по овие параметри, и иако не го забележуваш тоа премногу со голо око, доста говори за тоа колку ги поврзува нападот со средината на Франција и зошто го игра Дешамп.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.617
Поени од реакции
6.418
Очекувано беше да ги снајде ова хрватите. Далеку се од таа репка од пред 4 години башка издишани беа.

На Аргентина ептен и се поклопија коцките. САД, Холандија, Хрватска, ниту една од овие не е врвна селекција, би рекол се втор па и трет шешир екипи.

Очекувам Франција да освои, не верувам аргентинците да се справат со брзите играчи од нападот на Франција. Ма да какво е првенството не ме чуди и да отпаднат од Мароко. Ако освои Аргентина мило ќе ми е за Меси, едноставно заслужува таква величина да го земе последниот трофеј кој го нема, инаку како тим ми се многу одвратни гаучосите на чело со голманот.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.940
Поени од реакции
4.438
Имаше неколкумина што Аргентина ни во 1/4 финале не ја гледаа после прво коло.
Не би рекол неколкумина. И зарем може човек да ги/нѐ обвини. Тотален циркус беа против арапите. 100 офсајд имаа, нема излез рогни ја напред или додај му на меси...
 
Член од
17 ноември 2022
Мислења
84
Поени од реакции
133
Ајмо Мороко напред вечерва. Македонците ќе навиваат и треба да навиваат за Мороко. Не за Европска репрезентација освен дамите кои се палат на Мбапе.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.366
Поени од реакции
84.599
Ајмо Мороко напред вечерва. Македонците ќе навиваат и треба да навиваат за Мороко. Не за Европска репрезентација освен дамите кои се палат на Мбапе.
кои бре дами се палат на Мбапе
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
За головите секако не е крив Далиќ, но за тоа што Хрватска изгледаше стерилон пред и како недорасната после пеналот е во целост негова вина.

1) Почнува натпревар со трио напред Перишиќ - Крамариќ - Пашалиќ. Која е тука целта? Која е идејата? Крамариќ не знае да игра, ниту има таква способност да е сам истурен напаѓач и до сега ниту еднаш не функционираше тоа. Крило ставен Пашалиќ да игра....спор и тром играч го ставаш крило. Претпоставувам дека идејата му е да оди внатре во 16 (висок играч со добра игра со глава) и да прави место позади себе за Јурановиќ. Ама проблемот е што ако веќе сакаш таков играч во 16 што мајка бараш да почнеш со Крамариќ?

2) Изведување на прекини. Нема полоши од Хрватска во тоа, а посебно се лоши во изведување корнери каде што секој корнер пробуваат да испаднат паметни со краток пас. Као дечки....3-4 години го правите тоа скоро секој корнер. Сите знаат што правите, а ниту еднаш нема доведено до гол.....дури успеавте да примите после изгубена топка од таков корнер во полуфинале на светско првенство.

3) Второ полувреме паника.... Се виде дека Далиќ не знае веќе што прави и само менува играчи колку да смени нешто. Кога видов измените на полувреме веќе знаев точно како ќе тече вториот дел.
Го разби својот најсилен дел - средениот ред кога го извади Брозовиќ (затоа и го примија третиот гол....немаше човек од средина да се врати на време и да покрие) за да внесе втор напаѓач и го извади Пашалиќ за да го стави Влашиќ на крило. Очекуваше дека на крило ќе му проигра играч кој што 2 пати пропаѓа во Премиер лига баш поради тоа што го играа на крило место полушпиц. Ем ја разби формацијата и целата концепција и стави формација која што никогаш не ја играле, ем продолжи со ставање на играчи на своите неприродни позиции и плус додатно им внесе немир на своите играчи наместо да ги примири.

Се затоа што не им верува на Оршиќ и на Мајер. Дечките веќе 4 години се отепуваат од играње одличен фудбал и пак не можат никогаш да добијат повеќе од 10 минути на терен. Ако веќе Соса не може, ок Перишиќ нека продолжи како бек, но стави ги Оршиќ и Мајер крила и еден од Петковиќ/Ливаја во напад. Така добиваш од двете страни и бекови и крила што можат да нафрлат и крила што имаат добар шут од надвор од својата природна страна. Плус добиваш висок и силен играч во шпиц што знаат и да задржат топка ако ти е важен поседот и терај така. 2-0 не е недостижно, треба само да продолжиш смирено и да играш на твоите најсилни страни. Не да трчаш во напад по секоја цена и да делуваш како раштиман оркестар.

4) Можам да палмудам цел ден за што направи Хрватска лошо, но треба да се честита на Аргентинците затоа што тие беа поставени како треба, казнија грешките на противникот, а не направија свои грешки.....едноставно на секое ниво беа подобрата екипа. Факт е дека се едноставно поквалитетната екипа и тоа е тоа. Дури и кога Хрватска ќе направеше се добро, Аргентинците имаа решение и индивидално нивните играчи одиграа на своето ниво покрај тоа што Скалони феноменално ја припреми оваа утакмица и одлично ја постави својата екипа.

5) И покрај се Далиќ е светска легенда со своите резултати. Да донесеш нација од 4 милиони 2 пати во полуфинале на СП по ред не може да е само среќа. Тука има заслуга целиот систем од спортската култура и вредности, па производство на играчи и на крај и водењето на самата репрезентација. Секогаш на Балканот сакаме да кажуваме како немаме систем, се е стихијски, се е хаотично, но реалноста е дека барем во фудбал Хрватска прави нешто како што треба. Еве и сега кога ќе отиде оваа генерација во пензија сигурно ќе има некаков пад, ама и ако има тој би бил од краток рок. Гвардиол, Сучиќ, Батурина, Бељо, Шимиќ, Шутало, Станишиќ, Видовиќ заедно со малку постарите Мајер, Грбиќ, Влашиќ, Соса се гаранција дека ќе останат да се мотаат и понатаму околу топ 10 екипи. Кога се веќе таму, кој знае можеби и пак ќе добијат шанса да им се отвори некои полуфинале.
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.771
Поени од реакции
11.773
Сите знаеме како, со 1 шут, за колективен квалитет беше муабетот, небитно...ќе има супер финале у секој случај.
Уште не им е јасно дека Бразил ќе освои. :motorce:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom