Супер што се повеќе има интерес за столарство, еве и јас да се пријавам како хоби столар(почнав за време на пандемијата), како хоби е супер креативно но воопшто не е евтино хоби, па прво ќе ти препорачам што да избегаваш од машинерија.
Не купувај гер не ти треба
, евтина стабилна пила исто така, најкорисен алат досега ми е потопна пила, моментално кај нас најдобра опција ти е бош зошто имаат добар попуст во
електрометал.
Не би препорачал брендови како Maxpuls, Raider (иако имаат добар попуст моментално пр. можеш да земаш бансек и столбна бормашина за 10 000), Extol и слични.
Стеги секогаш купувај во пар, избегавај ги најевтините зошто брзо стануваат неупотребливи.
Ingco(алат и стеги) се ок за парите, a за алат исто можам да кажам и за Еинхел(на почеток изгледа пластично но добро си ја врши работата).
За сендер од кај нас само Бош или од али топла препорака за
HYVST жолтиот, се друго има катастрофална ергономија и превише тресење, а неможеш ни да споредиш колку е побрзо отстранувањето на материјал со хѕвстот ;D
Во Србија има многу повеќе избор на алат така да барај што ти треба и на ,,купујемпродајем'', само пример нова шина за потопна макита кај нас е 100евра а таму 50евра.
За онлајн шопинг би го препорачал bangood и брендови како Veiko,Hongdui,Drillpro,Fonson.
Топ омилени youtube канали мене ми се:
Hooked on Wood,
10min workshop,
ScottBrownCarpentry,
laurakampf.
Се надевам дека помогнав на некој, со среќа и пофалете се со вашите изработки