ДРВОДЕЛСТВО како хоби

  • Креатор на темата Креатор на темата NerazzurroLab
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 јануари 2020
Мислења
19
Поени од реакции
17
Возраст
45
Ги разгледав сите теми и не најдов ништо за дрводелството како хоби.
Од секогаш сум имал желба за тоа, па сега почнав да купувам алат и да спремам просторија за работа.
Ако има такви на форумов што веќе го работат тоа, молам да споделите искуства, корисни линкови,
продавници за набавка на материјал (дрво, кои типови дрво за што...)
 
Ја ијам само желба, друго неам ништо. :)

Инаку по темата

со ова е ок да се почне после нова година :)
 
Ги разгледав сите теми и не најдов ништо за дрводелството како хоби.
Од секогаш сум имал желба за тоа, па сега почнав да купувам алат и да спремам просторија за работа.
Ако има такви на форумов што веќе го работат тоа, молам да споделите искуства, корисни линкови,
продавници за набавка на материјал (дрво, кои типови дрво за што...)
Ja sum. Више 2 години.
20221024_191229.jpg
20211029_130524.jpg
1638731011554.png20210221_150224.jpg
Забавно, ама си одбрал лошо време да почнеш.....
Ти препорачувам
-шмиршајбна со потенциометар(и лепезесите дискови и чичак)
-бормашина со кабел и евентуално држач со стега за маса, сет бургии за дрво(бред поинт и форстнери)
-убаа јапонска пила(волфкрафт или бахко)
-пристоен сет длета(не екстол-кој треба да го избегаваш по секоја цена).
-сет турпии
-бајги шмиргла
Дополнително... ќе треба да си набавиш статичен циркулар и ручно и електрично ренде...
 
Последно уредено:
Супер што се повеќе има интерес за столарство, еве и јас да се пријавам како хоби столар(почнав за време на пандемијата), како хоби е супер креативно но воопшто не е евтино хоби, па прво ќе ти препорачам што да избегаваш од машинерија.
Не купувај гер не ти треба :D, евтина стабилна пила исто така, најкорисен алат досега ми е потопна пила, моментално кај нас најдобра опција ти е бош зошто имаат добар попуст во електрометал.
Не би препорачал брендови како Maxpuls, Raider (иако имаат добар попуст моментално пр. можеш да земаш бансек и столбна бормашина за 10 000), Extol и слични.
Стеги секогаш купувај во пар, избегавај ги најевтините зошто брзо стануваат неупотребливи.
Ingco(алат и стеги) се ок за парите, a за алат исто можам да кажам и за Еинхел(на почеток изгледа пластично но добро си ја врши работата).
За сендер од кај нас само Бош или од али топла препорака за HYVST жолтиот, се друго има катастрофална ергономија и превише тресење, а неможеш ни да споредиш колку е побрзо отстранувањето на материјал со хѕвстот ;D
Во Србија има многу повеќе избор на алат така да барај што ти треба и на ,,купујемпродајем'', само пример нова шина за потопна макита кај нас е 100евра а таму 50евра.
За онлајн шопинг би го препорачал bangood и брендови како Veiko,Hongdui,Drillpro,Fonson.
Топ омилени youtube канали мене ми се:
Hooked on Wood,
10min workshop,
ScottBrownCarpentry,
laurakampf.

Се надевам дека помогнав на некој, со среќа и пофалете се со вашите изработки ;)
 
Не ќе може да сече даски надолжно со потопна.
 
Не ќе може да сече даски надолжно со потопна.
Точно ама делумно, ако направиш добар DIY MFT, можностите ти се неограничени, а потопната е и далеку побезбедна.
Но да сепак се сложувам дека надожно сечење на даски ти е далеку побрзо на стабилен циркулар.
Но искрено не препорачал евтин стабилен циркулар(Einhel,Parkside,Ingco,Мио стандард) на почетници, едноставно се пренебезбедни, со прелоша ограда, ќе се чудиш зошто се ти бега 2/3 цм на крај. И додека го преработиш ќе сфатиш дека се залудно потрошени пари и дека ти треба нешто подобро :D
Веројатно најдобар избор во однос цена/квалитет за стабилен кај нас би бил Метабо.
 
Ја имам комбинирка од бош. Врши колку толку работа. Рестото си имам батериски...
Ако би одбрал нешто поразлично, би земал бош или макита со подеслив агол.
И клизача гер. Што веројатно би било дупло или више поскупо , ама ќе бидат посаглам..
 
Аспиратор за аматерски потреби некој да има, на што да пазам, што да барам и каде, ми треба за дихт(повеќе за дихтот) и стабилна пила. Онлајн најдов само
Holzstar, Метабо и Адамик.

Барам и филтри за прашина

furnacefilters-lowres-7784.jpg

што е можно поголеми за направам филтрација на ситната прашина.
 
Повеќе луѓе монтираат тоа правосмукалките кон опремата со сет адаптери.
Аспиратор ти е многу хај тек
 
Имам правосмукалка и кофа со циклон, врши работа за сендерот и потопната пила ама за дихтов си треба и аспиратор, еднаш неделно ја чистам работилницата и многу ме нервира ситната прашина па затоа сакам да направам филтер за воздух/прашина.
 
Има годинава столарска работилница

,,Летна Столарска едукативна работилница за развивање на лични вештини: Столарството е традиција - Берово
Летната столарска едукативна работилница ќе трае од 3 до 10 август 2024 година, во Берово.
Наменета е за лица кои сакаат да стекнат лични столарски #вештини и сакаат да се занимаваат со обработка на полно, масивно #дрво. Искуство не е потребно. Поттикнуваме да се пријавуваат жени.
Во работилницата го имаме потребниот алат и материјали за спроведување на активностите. Ваше е да понесете лична заштитна опрема (заштитни наочари, заштитни ракавици, FFP2/N95 маска и тампони за уши) и да сте соодветно облечени за работа и можна прашина.
Групата е ограничена на 12 лица, со цел да се овозможи ефективно пренесување на знаењата од инструкторите - професионални столари и за да се овозможи комоција на движење и работа во просторот.
Материјалите кои ќе се употребуваат во работилницата се масивно дрво и тоа најмногу бука и чам (ела, бор, смрча) како локални, беровски видови, но за некои задачи ќе се користи и орев и даб. Дел од материјалите кои ќе се користат на работилницата се остаток од производството на мебел од компаниите - наши поддржувачи, со што успеваме да го намалиме отпадот кој се создава во мебел индустријата. „Во столарството не постои отпад, само парчиња кои допрва треба да најдат употреба.“
Работниот јазик е македонски.
Котизација за учество во работилницата е 21.900,00 денари. Во котизацијата е вклучен трошокот за самата работилница и материјалите кои ќе се искористат. Во котизацијата не е вклучено вашето сместување за време на работилницата, вашата исхрана, ниту трошокот за да стигнете до Берово.
Пријавувањето на работилницата е отворено до 20 јули. Пријавувањето ќе се врши на принципот - први пријавени - први услужени. За пријавени ќе се сметаат тие лица кои ќе имаат пополнето пријава ( https://shorturl.at/Niq6M или линк во био) и уплатена целосна или делумна котизација.
За да се спроведе работилницата потребни се најмалку 8 учесници.
Оваа работилница е спроведувана од страна на здружението на граѓани Одржливи инивијативи од Скопје, а е поддржана од компаниите: Дуја ГСВ дооел Берово, Пела Милан, Астал Масив и Монозеро.
"

450545936_471137348997760_3880336531242821965_n.jpg

Инаку да се надоврзам на муабетот погоре земав Camvac od Record Power од Грција зошто кај нас или немаа залиха од тоа што ми требаше или како по обичај машините беа прескапи за тоа што го нудеа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom