Бразилците повторно со 5 или 4,5 офанзивци во прв состав, останаа верни на идејата од прв ден. Мислев дека ќе бидат повеќе прагматични, но сигурно веруваат доста во себе, а и не ја респектираат премногу Хрватска.
Кај Хрватите очекував Оршиќ да стартува со Петковиќ, па да пробаат нешто како Динамо против Челзи, само сега и со Перишиќ. Но, Оршиќ имал некои здравствени проблеми и во напад одат со друга филозофија, со Крамариќ и Пашалиќ.