Дали треба да се остава бакшиш?

Дали треба да се остава бакшиш?

  • Да

    Гласови: 127 70,2%
  • Не

    Гласови: 54 29,8%

  • Вкупно гласачи
    181

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
За жал заклучокот на владе е најточен, глумење џек пред други луѓе е најчеста причина.
Пред кого бе џек? Демек ти седиш у кафана јадеш пиеш и на крај стануваш, се качуваш на столче и пред цела кафана викаш еј гости, народе, погледнете колку пари ќе му остаам бакшиш на келнеров? :D

Искачаш со твое друштво, со твои луѓе што те знаат и познаваат што човек и карактер си и ништо не им мења дали ќе остаиш 30-40-50 денари бакшиш или ќе ја фрлиш салфетката и ќе истуриш чаша и ќе станеш со подждриг и заклучокот ај бе ќе собере малиов тоа му е работа.
Секако те знаат.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Во дел од локалите им го земаат бакшижот (како во Кашмир)! Нормално, пречесто менуваат конобари, и оние кои ги имаат работат без волја. Претходниот пат заборави да не услужи. Дојде, зема нарачка, отиде и не заборави. По 10тина мин "дечки, вие нарачате?". Дали имаше 5-6 полни маси. И да, не служат храна! Ебани дебили, ќе те збогатат тие 100-200 ден од смена. Дај боже да ти дојде некој кој ќе те подкраднува. Не, некој кој ќе те закрпи.

Во последно време не оставам, сем ако служат кафе. Која е таа политика "после 6 не служиме кафе"!? Зошто? "Затоа што било штетно"! Точно нула елементарна (бизнис) логика има во оваа нивна политика. И тоа не само во кафичи и пабови, туку и во кафе барови. Од една страна временската рамка е апсурдна, од друга страна служат алкохол, често и на малолетници, кој, секако е пожелен и добре дојден за организмот во било која доба! Не е некоја тешка философија да се измути кафе. Чисто за споредба, во Охрид, летово, само во еден локал ми кажаа дека не служат кафе (после Х саатот), во другите кафе можеше да се нарача и во 11-12 саат.

Кога све веќе на оваа тема. Седнавме минатата недела во Irish, се моткаше едно девојче и другаров го викна:
- За мене кригла пиво и чаша вода.
- Супер дечко, ама јас сум тука гостинка.
Пропадна во земја. :LOL:

Во некои држави, бакшижот е ставен во крајната сметка, само тоа не би било убаво да се имплементира кај нас, некои дополнителни 10-20-30 ден (во зависност од висината на сметката) во сметката за услугата. И не е новина, А1 (ВИП), ако платиш сметка во некоја нивна филијала, ти зема 15 ден за таа услуга. Така тука, угостителите, нема да видат ни пара, ниту ќе им ги покачат платите, парите ќе ги лапаат сопствениците.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Многу тапа споредби се ова пошто ти на продавачката у КАМ не и викаш оди донеси ми ова, тоа, оноа него идеш сам си пазариш и она само ти наплаќа.
Кондуктер исти курац, не му викаш еј друже оди извади ми карта, куцни ја и донеси ми ја.
На шалтеруша не и викаш еј оди уплатницава до банка среди ја, ископирај ми документи, најди ми ја таа уплатница што ми фали, захефтај ми ги документиве, поднеси си кајшто треба да се поднесат и слично.
На продавачката во трафика исто ко и за таа во КАМ.

Ама на келнер му викаш за мене еспресо у мала до горе, па донеси една чаша вода, еј друже ај уште една, па јадењево ова тоа, па донеси уште едно пиперче ама да не љути ко претходново, па донеси сол, па ај ако може чечкалици, па дај уште една вода, па дај едно пиво у таква и таква чаша, па донеси сок со 2 коцки мраз и едно парче лимон ама лимонот да го измиеш пред мене, па ај смени ми го тањиров, па донеси уште еден нож, па у палачинката ако може повеќе крем, па истреси ја пепељарава, па намали музика, па ај ако може оваа песна те молам, па донеси скара, па ај подгреј ни ја скарава, па донеси уште кромид, па ако може сиренце нарендај врз помфритот поише, па спакувај ми за дома, па донеси уште една чаша.

Затоа ферски е на човекот да му остаиш некој денар бакшиш пошто те услужувал доека си седел и си уживал. Секако зависи колку те услужувал и пред се како.
Ти инкасаторот не си го викнал специјално за да ти го отчита саатот.
Епа за да не се мачи да трча човекот дури јас уживам, за брзо ќе го замениме со робот ;)
Тука веќе почнавме :)
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.240
Поени од реакции
3.137
Во дел од локалите им го земаат бакшижот (како во Кашмир)! Нормално, пречесто менуваат конобари, и оние кои ги имаат работат без волја. Претходниот пат заборави да не услужи. Дојде, зема нарачка, отиде и не заборави. По 10тина мин "дечки, вие нарачате?". Дали имаше 5-6 полни маси. И да, не служат храна! Ебани дебили, ќе те збогатат тие 100-200 ден од смена. Дај боже да ти дојде некој кој ќе те подкраднува. Не, некој кој ќе те закрпи.

Во последно време не оставам, сем ако служат кафе. Која е таа политика "после 6 не служиме кафе"!? Зошто? "Затоа што било штетно"! Точно нула елементарна (бизнис) логика има во оваа нивна политика. И тоа не само во кафичи и пабови, туку и во кафе барови. Од една страна временската рамка е апсурдна, од друга страна служат алкохол, често и на малолетници, кој, секако е пожелен и добре дојден за организмот во било која доба! Не е некоја тешка философија да се измути кафе. Чисто за споредба, во Охрид, летово, само во еден локал ми кажаа дека не служат кафе (после Х саатот), во другите кафе можеше да се нарача и во 11-12 саат.

Кога све веќе на оваа тема. Седнавме минатата недела во Irish, се моткаше едно девојче и другаров го викна:
- За мене кригла пиво и чаша вода.
- Супер дечко, ама јас сум тука гостинка.
Пропадна во земја. :LOL:

Во некои држави, бакшижот е ставен во крајната сметка, само тоа не би било убаво да се имплементира кај нас, некои дополнителни 10-20-30 ден (во зависност од висината на сметката) во сметката за услугата. И не е новина, А1 (ВИП), ако платиш сметка во некоја нивна филијала, ти зема 15 ден за таа услуга. Така тука, угостителите, нема да видат ни пара, ниту ќе им ги покачат платите, парите ќе ги лапаат сопствениците.
Финтата е да пиеш алкохол кој само ти го носат, а не го припремаат и има поголема шанса да земеш повеќе пијачки.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
Епа за да не се мачи да трча човекот дури јас уживам, за брзо ќе го замениме со робот ;)
Тука веќе почнавме :)
Па боље, озбилно. Има стварно некои умрени келнери кои боље е да не постојат него да доаѓаат и ко за инат да те служат, или па некои што те забораваат и треба 15 пати да ги потсетиш дека постоиш и дека си нарачал нешто. Не дека ги бранам слепо, има некои од нив што се стварно за нигде и не заслужуваат бакшиш во никој случај.
Бакшиш треба да добие тој што заслужил, ти како гостин сам ќе осетиш дали треба некому да му остаиш некој денар бакшиш или ќе чекаш 20 денари кусур.
Не дека треба да биде правило тоа за бакшиш.
Финтата е да пиеш алкохол кој само ти го носат, а не го припремаат и има поголема шанса да земеш повеќе пијачки.
И финтата е да не им зафаќаш маса со кафе и вода, нешто што чини 200 денари преку сила.
Кафе шема преку ден, навечер алкохол и друго што носи поише пари. 2 пива се поскапи од 2 кафиња, плус ко што викаш не трошат време за припрема а и 2 пива влечат други 2-4-6 итн.
Кафе поише од 1 не можеш да испиеш. :D
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Па боље, озбилно. Има стварно некои умрени келнери кои боље е да не постојат него да доаѓаат и ко за инат да те служат, или па некои што те забораваат и треба 15 пати да ги потсетиш дека постоиш и дека си нарачал нешто. Не дека ги бранам слепо, има некои од нив што се стварно за нигде и не заслужуваат бакшиш во никој случај.
Бакшиш треба да добие тој што заслужил, ти како гостин сам ќе осетиш дали треба некому да му остаиш некој денар бакшиш или ќе чекаш 20 денари кусур.
Не дека треба да биде правило тоа за бакшиш.
Па тоа е муабетот, голем дел од нив не се ни да им ја дадеш платата, а не пак екстра.
Ми имаат заборавано нарачки, ми имаат наплатено работи кои не минале ни покрај масата, арогантен однос, и сељачки како да сме турале заедно плоча. Ако си имаат приватни проблеми, или ако не им се допаѓа работата нека се јави дека не доаѓа на работа, не сум отишол таму за да ми фучи со носот околу мене.

Инаку и на примерите што си ги пишал од горе, само на Балканот на мајстор (плочкар/водоводџија/електричар и сл.) му се прават сите „метании“ со кафиња/алкохол/ручеци. Услуга како услуга, прашуваш за понуда, ти дава естимација, завршува работа и чао пријатно.

По логикава за келнерите треба да се дава бакшиш на секоја дејност, барем во Македонија ретко се на минималец за да бидат третирани по филозофијата на Американците.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.036
Поени од реакции
10.247
Ај да се доволно платени келнерите кај нас океј....., ама во реалноста многу од нив земаат помалку од 20 000 денари месечно, така што да не им е бакшишот, нивната егзистенција сигурно е под знак прашалник. Иако ви го сфаќам револтот на некои од вас, токму од истите причини, ако некој нема доволно за себе, нема ниту многу простор да се расфрла со пари. Али не би требало висината на парите што ги оставаш како бакшиш да те прави џек во очите на другите, едноставно, гестот е убав, макар и да станува збор за 10 денари, чоколадо, кафе, сок.

Значи, оставањето бакшиш не е обврска, туку е опционално и практично се сведува на вашата добра волја, да ги наградите оние кои се љубезни и си ја вршат работата како што треба.
Автоматски споено мислење:

По логикава за келнерите треба да се дава бакшиш на секоја дејност, барем во Македонија ретко се на минималец за да бидат третирани по филозофијата на Американците.
Па така е на Балканот.
Имаш работа во банка, се знаеш со тетка Маре, чекај едно кафе да се почастат на работа со колешките успут побрзо ќе ми заврши работа. Ова е практично исто, само се менуваат дејностите. And i think it's beautiful :D

Па и мајстор кога ќе дојде дома, непријатно би ми било цел ден да ми поправа по дома едно кафе да не го почастам. :D
Веројатно ми е всадено тоа од моите. Они се од типот на луѓе што ако доаѓаат мајстори по дома, покрај кафето, сокот, по завршувањето на работата, даваат и скара, и ова и она. Наводно следниот пат кога ќе дојде мајсторот, нема да те заебава (оноа типичното мајсторско, ќе дојдам денес, ќе дојдам утре, па ова па она), туку се свршува работата за брзо време. :D
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Ај да се доволно платени келнерите кај нас океј....., ама во реалноста многу од нив земаат помалку од 20 000 денари месечно, така што да не им е бакшишот, нивната егзистенција сигурно е под знак прашалник. Иако ви го сфаќам револтот на некои од вас, токму од истите причини, ако некој нема доволно за себе, нема ниту многу простор да се расфрла со пари. Али не би требало висината на парите што ги оставаш како бакшиш да те прави џек во очите на другите, едноставно, гестот е убав, макар и да станува збор за 10 денари, чоколадо, кафе, сок.

Значи, оставањето бакшиш не е обврска, туку е опционално и практично се сведува на вашата добра волја, да ги наградите оние кои се љубезни и си ја вршат работата како што треба.
Претпоставувам знаеш дека голем дел од шалтерските работници во скоро сите институции се на минималец, или малку над тоа?
Дали ти оставаш бакшиш на вработените на шалтер во банка, катастар, билетара?
Дали му оставаш пари на поштарот? Или зошто келнерот, или пак оној што прави достава на пица/сендвич треба да добие бакшиш, а не му давате на поштарот/инкасаторот?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.036
Поени од реакции
10.247
Претпоставувам знаеш дека голем дел од шалтерските работници во скоро сите институции се на минималец, или малку над тоа?
Дали ти оставаш бакшиш на вработените на шалтер во банка, катастар, билетара?
Дали му оставаш пари на поштарот? Или зошто келнерот, или пак оној што прави достава на пица/сендвич треба да добие бакшиш, а не му давате на поштарот/инкасаторот?
Па да. Ако ми се допаѓа услугата оставам на келнери бакшиш, ако не, не. И никому ништо.
Најчесто заокружувам на сметката, и најчесто е ситна пара, али кога се некои прослави во прашање не ми е криво да оставам и некој денар повеќе искрено.

Во банка и други некои институции би ми било незгодно бакшишот да го дадам како пари, па одам на варијанта, кафе, бонбони, чоколадо, вино.
Ми се случило и во фризерски салон истото, и кај козметичарка итн.
Катастар и билетара, сеуште не, ама why not? Можеби некогаш...првенствено зависи од услугата, а потоа и од околностите.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Па да. Ако ми се допаѓа услугата оставам на келнери бакшиш, ако не, не. И никому ништо.
Најчесто заокружувам на сметката, и најчесто е ситна пара, али кога се некои прослави во прашање не ми е криво да оставам и некој денар повеќе искрено.

Во банка и други некои институции би ми било незгодно бакшишот да го дадам како пари, па одам на варијанта, кафе, бонбони, чоколадо, вино.
Ми се случило и во фризерски салон истото, и кај козметичарка итн.
Катастар и билетара, сеуште не, ама why not? Можеби некогаш...првенствено зависи од услугата, а потоа и од околностите.
Епа тоа е работата, скоро и да нема некој што не заокружува сметка/остава нешто за нив ако имаат добра услуга, само она што мене ме мачи е зошто само на келнери/доставувачи, а не и на сите други во услужна дејност?

Инаку шала на страна, тоа со носење кафе/бонбони/чоколадо по институции е една од најлошите навики на Балканот. Од тоа сме дојдени на дереџе доктор без виски и бајадера да не ти обрнува внимание ни на обичен преглед, а да не правиме муабет за посериозни работи.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.407
Поени од реакции
62.001
Кога све веќе на оваа тема. Седнавме минатата недела во Irish, се моткаше едно девојче и другаров го викна:
- За мене кригла пиво и чаша вода.
- Супер дечко, ама јас сум тука гостинка.
Пропадна во земја. :LOL:
Го гледал Hitch изгледа. :pos:

 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.036
Поени од реакции
10.247
Епа тоа е работата, скоро и да нема некој што не заокружува сметка/остава нешто за нив ако имаат добра услуга, само она што мене ме мачи е зошто само на келнери/доставувачи, а не и на сите други во услужна дејност?

Инаку шала на страна, тоа со носење кафе/бонбони/чоколадо по институции е една од најлошите навики на Балканот. Од тоа сме дојдени на дереџе доктор без виски и бајадера да не ти обрнува внимание ни на обичен преглед, а да не правиме муабет за посериозни работи.
Па не е само на келнери, ете ти кажувам дека тука на Балканот секаде го има тоа носењето кафе, бонбони, сок.....како еден вид основна благодарност кога не можеш да дадеш пари, затоа што би било погрешно интерпретирано. И да, за жал таков е менталитетот тука, пишав и јас погоре, даваш "со надеж" дека ќе добиеш подобра услуга, а не како благодарност по добивањето на истата. Принципите според кои се водат луѓето пред давање бакшиш тука и на запад не се исти! Едноставно културата на давање бакшиш кај нас не е развиена.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Па не е само на келнери, ете ти кажувам дека тука на Балканот секаде го има тоа носењето кафе, бонбони, сок.....како еден вид основна благодарност кога не можеш да дадеш пари, затоа што би било погрешно интерпретирано. И да, за жал таков е менталитетот тука, пишав и јас погоре, даваш "со надеж" дека ќе добиеш подобра услуга, а не како благодарност по добивањето на истата. Принципите според кои се водат луѓето пред давање бакшиш тука и на запад не се исти! Едноставно културата на давање бакшиш кај нас не е развиена.
Затоа не треба да се продолжуваат, или уште полошо засилуваат, лошите навики на нашите предци.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Во банка и други некои институции би ми било незгодно бакшишот да го дадам како пари, па одам на варијанта, кафе, бонбони, чоколадо, вино.

Катастар и билетара, сеуште не, ама why not? Можеби некогаш...првенствено зависи од услугата, а потоа и од околностите.
Заради ова ги навикнавте тие паразити по институциите што мислат дека ми прават услуга, а не дека тоа им е работа и сега психички се спремам цела вечер кога морам да терам некоја работа и да зимам ден од одмор затоа што заради такви ко тебе неможам да дојдам на ред или да ми завршат работа како што треба па морам да се расправам со тие паразити кои системот им работи само со тие што носат кафе, бонбони и чоколади.

Инаку шала на страна, тоа со носење кафе/бонбони/чоколадо по институции е една од најлошите навики на Балканот. Од тоа сме дојдени на дереџе доктор без виски и бајадера да не ти обрнува внимание ни на обичен преглед, а да не правиме муабет за посериозни работи.
Иди објасни им дека носење кафе на тетка Славица што работи на вадење пасоши прави само штета затоа што има народ што мисли дека тетка Славица им врши услуга, а не дека тоа им е работа. Ги навикнаа од комунизмот и затоа имаме најпаразитска администрација. Едно 30 000 - 40 000 ги мавам и би ги заменил со софтвери што немора да им се остава вино, кафе и било кое друго и нема да има паузи од 2 часа и да работи само кога има желба.

Он топик оставам бакшиш ако сум задоволен од услугата и планирам да дојдам пак, секогаш не оставам. Со екипата кога седнуваме го имаме еден другар што се секогаш вели дека треба да оставиме добар бакшиш и обично оди на исто место. Бенефитот што го има тој од тоа е што во таа кафана сабота во 8 часот да отиде ќе има маса за него, сметка е најчесто со попуст, келнер ќе каже кои се најсвежите јадења.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom