Пет утакмици по ред без победа, три порази по ред. А само пред пар години размислувањето беше дека треба да се намали разликата со Сити и Ливерпул па да пробаме можеби нешто.
Ете, добри вести, ја намаливме разликата со Ливерпул барем.
Мене лично поразиве не ме допираат толку бидејќи долго време клубов оди во лоша насока и се ова ми е некако предвидливо. Повеќе за изненадување се одличните резултати со Конте и Тухел отколку лошите резултати измеѓу/сега.
За жал, Потер изгледа дека не е на ниво на Конте и Тухел.
Како за почеток, Челзи има лош тим. Само маестрален тренер може да извади максимум од ваква екипа.
Еве, вчера Конте беше спасен од Бентанкур. Бентанкур да ти биде битен играч во ПЛ во 2022, стварно треба да си посебен тренер.
За Потер има време, сепак нели, затоа и беше донесен, дека извадил многу од играчите на Брајтон.
Арно ама, тимов на Челзи на хартија стварно не делува толку далеку од екипа од рангот на Брајтон.
Еве, вчера, овие 11 играчи - сакате да ми кажете дека ова вчера не делува на екипа што би се борелае за опстанок?
Тој е прототипот на екипи како Нотингем Форест на пример - ветерани и млади играчи со по некој Британец во екипа.
Буквално сме Нотингем Форест.
Чалоба - Британец, од академија.
Азпи - Ветеран, игра од љубов, психички летово веќе се чекирал на плажите во Барселона, нема што да му бараш
Хол - Британец, млад, од академија
Галагер - исто
Маунт - исто (за жал морам да го ставам во оваа категорија, има очајна сезона)
Армандо - Младо Албанче од академија
Во второ влегуваат:
Пулишиќ - Еднаш бил талент, ама повредите му ја сјебале кариерата
Силва - Ветаран, пред пензија
Кукуреља - Најдобриот играч на Брајтон лани
Хаверц - Еднаш бил талент, ама сега некако не е тоа што беше
Буквално ова е тип на екипа што би ја очекувал од екипа што штотуку влегла од Чемпионшип, па освен дечките од академија зела два-тројца 38 годишни ветерани што еднаш биле добри. Видете го тимот на Нотингем Форест или било која екипа што влегла од плејоф во Чемпионшип - тоа е. Вулверхемптон во моментов со Диего Коста ќе се борат за опстанок, ние со Тиаго Силва.
Тоа е, костурот на тимот е тој.
Жоргињо и Кова тука се вклопуваат во сивилото, а и тие не би се изненадил ако си отидат од Челзи летово, секако дека имаше муабети за Жоргињо да одел во Италија.
И тоа се. Млади дечки што треба да ги бива за 2-3 години од сега, и ветерани што ги бивало пред 5-6 години од сега, со по некој играч што тука и таму ќе влезе во форма.
Ама не е се до играчите. Има нешто и до духот на екипата, кој еве, во Арсенал е на највисоко ниво.
Кај нас тој дух не постои. Нови газди, нови тренери, неизвесна иднина минатата пролет...
А не е се и до духот и до играчите, има нешто и до тренерот.
А тренерот, само што дошол, прв голем предизвик во кариера, работи под притисок, пробува на туѓи играчи да наметне своја филозофија, ќе му треба време.
А не е и се до тренерот, играчите и духот на екипата, има нешто и до газдата и останатите што работат надвор од теренот.
А тие, само што дојдоа, непланирано им испадна прилика да го купат Челзи, па само едно лето имаа набрзина да си ги направат плановите.
Хаос е целава екипа, а не дека претходно бевме маестрални.
Ама буквално Челзи во моментов делува дека е на патека да стане новиот Јунајтед.
Една сезона во ЛШ, две во ЛЕ, една во ЛШ, една во ЛЕ, една во Конференциска..
Така делува иднината на клубов, во овој момент.
Ама нели, тоа може да се смени.
Можеби следното лето, а можеби и не.
Од математички аспект не е дека не можеме да фатиме топ 4, ама од аспект на тоа што се случува со екипава... јас би се изненадил ако Челзи заврши во топ 4 на крај на сезонава.
Паузава за светско им доаѓа во најдобар момент.
Повредите исто не помагаат, па како капак на се доаѓаат кај ептен битни играчи без кои немаме концепт.
А и нема кој да се обвини за ова.
Тренерот? Не би го, не е тој крив за срањата во последнава година со мењање газди и све. Треба сезонава да ја истера кога веќе го отпуштивме Тухел.
Играчите? Не се тие криви што им менуваат цело време газди и тренери. Или пак што се малери со повреди
Газдите? Не се тие криви што им излегло шанса да купат екипа ради некоја ретардирана одлука. Добиле шанса, си искористиле, им се може...
Тоа е, перфектна бура се случи и ги гледаме срањава на екипата.
Но, позитивното е што не е ништо готово во борбата за топ 4. Ако може Челзи со вакви срања да одржи константност со појавувања во ЛШ (и борба во истата) тоа е и повеќе од одлично.
Ги знаеме лошите периоди на Арсенал, Јунајтед, Ливерпул и каков пад имаа. Се додека Челзи е барем во борба за топ 4 и успева да завршува таму, добро е.
Ако се навикнеме на седмото место у следниве пар сезони... е тоа е лошото.
Ако не оди вака работава, се надевам дека за пар години од сега земјата на новиот сопственик ќе реши да стане злобна и да почне да напаѓа и бомбардира други држави, па така некако британската влада да го примора да го продаде клубот. Ама се додека тоа не се случи... Да се надеваме на подобро утре и да гледаме Светско.
Напред наши!