Откако пратам СП, ова е дефинитивно најслабата генерација со која Австралија настапила.
Во првиот состав денеска против Данска играа со голман кој брани за Копенхаген. Одбраната составена од двајца играчи кои настапуваат во просечни тимови од Шкотското првенство - Данди Јунајтед и Хартс, еден кој игра за Стоук во Чемпионшип и еден од МЛС.
Одиме понатаму, во средина играч на Селтик, еден од втора Бундес лига и двајца од домашно првенство. Нападот го сочинуваат играч на јапонска Окајама и играч на Мидлзброу. На клупа шта речи. Пола од доманшно првенство, еден од Верона, еден од Бреша и уште два-тројца од Шкотско првенство.
Реално, алал нека им е. Особено ме радува кога вакви комплетни аутсајдери имаат две победи а екипа составена со играчи кои играат исклучиво во Топ 5 лигите едвај еден бод и само еден гол постигнат. Тоа е магијата на Светското првенство и зашто е најтешкиот трофеј за освојување. Данска засега најголемо разочарување.