Кога се во прашање Комити секоја бројка е неуспех. Јер Скопје милионски град, срамота е да не можат стадион од барем 70.000 да наполнат.
На прсти се бројат сите пофалби што сме ги добиле овие две години
Као океј е, ама сепак ќе бараме влакно во јајцето
Еве уште еден коментар кој е типичен коментар на "едуциран навивач кој не навива за ниту еден клуб, не оди по утакмици, ама знае се".
Прегледај го приврзокот 355239
Целата најава била копирана од српските групи, па дури и од Варвари. Па после вика 40 групи вака најавиле (кој од кого копирал, мајката...).
Комити немале капацитет надвор од Скопје, а погодете кои го држеле Скопје?
Не се замарајте со што ќе кажат другите. Уживајте во утрешниот ден. Ми течат солзи уште сега кога знам што ќе се случува, кога гледам каква барем моментална еуфорија владее по населбиве. Ме кине пролив од возбуда уште од сабајле, немам излезено од вц на работа
Цел товар на организацијата падна на Комити, душа оставија дечките, со месеци трае организацијата на настанот, бркање цела работа што треба да ја брка клубот кој нема ни управа, ни финансии, ни ништо. И сега некој ќе замара вака било онака било, а неивните групи не личат на ништо.
Како само сакате да си ги извртувате нештата, ќе најдете некој коментар напишан од некој и еве сите зборат од инат, љубомора, не ти знам што, секое мислење кое е контра одма го извртувате, едноставно тука мислењата и критиките кои ги добивте од нас одредени поединци сите беа на место, но вие успеавте да свртите дечки кои до вчера навивањето им беше You Tube клипчиња да имат посериозна тежина од нашава дека оди во ваша полза.
Реално веќе почнав а и ќе ја терам темава на курташак и пак ќе имам поиздржани мислења од речиси 2/3 од активните на темата.
Во навивањето се е веќе направено , нема да се измислува топла вода, едноставно само начинот на кој се реализира треба да биде креативен и оригинален, тоа е се, критиките конкретно во организацијата на прославата сите си беа на место, како вие ќе се носите со нив е друго.
Нормално е дека вие ќе бидете под лупа на сите, секоја ваша грешка ќе биде посочена со прст, сепак сте Комити а не Праскари Росоман или Ѕидари Маџари, aко не ви одговара тежината на тоа, формирајте си маалски групи и пичете филм.
Конкратно за акцииве, си утнавте датум на прослава, ај да згрешиш правопис на ден/месец ама датум, друго иако се работи за мали финеси сепак се значајни
СУГС гимназија Јосип Броз Тито - прва скопска гимназија
Јосип Броз Тито - историска личност
Или иде вака СУГС Јосип Броз Тито навива за Вардар - средно училиште во Скопје навива за клубот
Јосип Броз Тито навива за Вардар - историска личност навива за клубот, тоа доста контроверзна посебно за група со идеологија како вашата, ќе се согласиме сите тука или пак ќе тераме инает ?
На вакви ситници треба да внимавате , ако не внимавате ние ќе ве реметиме, исто како што ние ако нешто утнеме вие ќе не реметите нас, нема некоја филозофија преголема во тоа нели.
Дека постојано сите ги земат на форумов Делије за пример, па Делије најголемиот ремет од навивачките ривали го имат јадено за погрешно напишана буква Л на платно искористено во кореографија , плус мислам пак ја утнаа на една парола, ги реметеа за тоа со години, цели тутироали им дрежа по правопис ривалите, клипови се снимаа за тоа, па и други групи за погрешно напишан збор биле реметени во соседството.
Според мене и противникот кој го каниш од ултрас гледна точка, можеби за макуслови тоа е небитно, ама у нормален свет и тоа каква тежина има, симболиката поврзана со противникот понекогаш ја прави самата прослава, знаете дека е така ама пак терате инает и за тоа.
Што се однесува до бројката, според тоа што ви било цел 10 000 публика со 2 500 на запад да го земаме како мерило, според мене колку има луѓе на Запад не ми значи ништо, како ултрас судам понудено на квалитет а не на квантитет, а за обична публика следниов критериум :
0- 3 000 - дебакл
3 000 -5 000 - разочарувачки
5 000 - 10 000 задоволително и реално
10 000- 12 000 остварување на целта на целиот ваш труд
12 000 - 16 000 симнување капа до под
се над тоа е веќе срамно и да се дискутира од наша страна.
Толку од мене, понатаму ако вреди темата ќе се впуштам сериозно во дискусија, ако не ќе си терам курташак, едноставно каква ќе е дебатата , таков ќе е и односот на мене кон неа.