На рекламата слушнав 260 километри автопатишта дека ќе изградат во следниот мандат, милијарда инвестиции итн. милијардите од странските инвестиции неможеме да ги осетеме оти имавме 600 милиони (од кој 400 поради даноците) и не видовме никаква инвестиција, ама во автопатиштата видовме и ќе видеме, само да ги набројат од каде до каде ќе бидат тие автопатишта.
Иако на хартија знаеме дека сигурно ќе успеат да ги направат за 4 години, во реалноста ситуацијата е поинаква, пишав пред некој ден дека се планира изградба на 20000 метри автопат и никој не ме поправи оти којзнае дали некој слушнал дека ќе се прават само 2 киломтра (2000 метри).
Автопатот Скопје – Блаце ќе се гради годинава – Готов до 2023?!
Ова е од Телма про СДССМ телевизија, не е измислено од Алфа на пример, и е
Објавено на 11 јануари, 2019 во 16.26 ч, пред еднаипол година.
со други зборови изготвен е проект на 2 километри и требаше да почнат да се градат до 30 јуни лани, останатите 10,5км ќе се проектираат ако даде госпоТ пари, па мош ќе биде направен до 2023 целиот со должина од 12500 метри.
Значи ако даде госпоТ пари (а во овие времиња тешко) ќе се направат 260000 метри автопат за цели 4 години или во реалноста можеби ќе направат 12,5км за 3 години, 4,166км годишно или над 62 години ќе и требат да ги изградат сите 260км.