Ако се читат коментариве овде се добива впечаток дека се заборавило дека се работи за специјална воена операција, а не за војна против Украина!
(се заборава дека се работи за блиски и сродни народи, кои со векови живееле заедно и имаат иста културна матрица, од тие причини нема жестоки реакции од страна на РФ, ако кај нас во време на СФРЈ имаше измешаност замислете како е таму, нема семејство кое нема роднини на другата страна и очекувањата дека ќе има жестоки рекации се посакувано сценарио на западната империја, никакви тактички удари ќе нема.... барем не на територијата на некогашна Украина, дури ни во Лавов)
Од почеток на СВО па до денес не е сменета агендата, односно и понатаму се изведува СВО, затоа и нема воени дејства какви што некои предлагаат (тепих и сл).
Она што се заборава е дека само војната се одвива на територија на Украина а истата се води помеѓу РФ и Западната империја, Украинците се топовско месо за интересите на таа западна империја (чисти платеници).
И самата СВО е изнудена од страна на западната империја, следствено и сите други чекори на РФ се реакција на агресивноста на западната империја.
Западната империја за да не ја изгуби својата доминатна позиција на хегемон во светот и да спречи еден нов светски мултиполарен поредок започна со серија на војни (креативен хаос), па скоро во сите делови на светот. (уште во 2009 можното сценарио беше објавено, колку што може да се види за сега се се одвива според истото)
Пред 2 дена Западната империја смисли 'цака' како директно да се вклучи во Украина, па Украина испали ПВО ракета (кога се лансира ракета Земја-Воздух истата на почетокот има една патека додека не постигне висина, потоа ја презема оператор и ја води во зона на очекување-пресретнување, кога ќе ја донесе во зоната каде може самата да се наведува ја ослободува контролата, таа самата се наведува, во нејзината глава има неколку системи за неведување, кога ќе се доближи до целта да речеме на 60-80м самата се активира и од деловите ја оштетува или соборува целта. секоја ПВО ракета има детонатор за самоуништување и сите приказни дека оваа залутала на полска територија се “сценарио“, за....) кон Полска, полското ПВО ја собори и при падот на останките усмрти две лица и уништи трактор...
Веднаш од страна на Полска се излезе со план: полските ПВО сили да се разместат до границата со Украина и од таму да ја штитат територијата на воздушниот простор на Украина!
Е ова беше целта на украинската ракета во полсиот воздушен простор!
Со оваа влогот се зголемува и ме интересира кој ќе биде одговорот на РФ....
Значи се се одвива според сценариото,... па северџганите не мора да се грижат, со сигурност ќе завршат на источниот фронт.