Станови во Скопје, совети за купување.

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
nestabilni se isto kako i kriptoto

zemjotres, pozar, soobrakajka, krazba i ostana bez niv.
Треба да работиш 2 саати секој ден на одржување и да потрошиш тон нерви и пари поради куќа. И чинат огромни суми тоа башка. Кола е како мини лоша куќа плус губи на вредност нон стоп
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
516
Поени од реакции
751

Храната што ја јадеш најмногу губи вредност. Само што ќе ја изедеш вредноста станува нула. Од економски аспект најнеисплљтлива инвестиција.
Да не зборам облека, чорапи, гаќи за два три месеца се распаѓаат. Пари фрлени во ветер.
Куќа мислам дека нешто подолго трае..?
 
Последно уредено:
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Централно греење и топла вода на струја во комбинација со новото тарифирање ги еба јако овие во кулите во Џевахир. Заедничките сметки за струја на зградата им се во тој најскапиот тарифен блок.
Од тоа што слушнав им исклучиле струјата за централните работи и сега греалки и тенџере на шпорет да згрееш вода да се избањаш. Некој ми објаснуваше и лифтот го изгасиле. Се надевам дека се само гласини, мали деца да имаш без топла вода и да живееш на високите спратови е доста лошо.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.671
Поени од реакции
34.995

Овие се еден од најпромашените проекти во тој град. Премали кирии и прескапо одржување за да бидат инвестиција, премногу скапи за живеење гледано од аспект на локација.
Лудост е да мислиш дека просечни Пеце ќе плаќа по 10 000ки месечно, а до вчера се тепал со комшиите/управителот за 200 денари „одржување на влез“, згора на тоа не ни заработува за да ти ги плати тие пари. Или дека некој ќе плати 500 евра кирија за стан кој може да го исплати на 20 години со по 400 евра рата во банка, и може да најде за купување во секој момент :D
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
356
Поени од реакции
484

За 500 евра ќирија ќе одам Словенија, а не да седам во Џевахир зградите на 300 евра минималец... Неисплатливо е секако со цениве на становиве во Скопје општо.
 
Не е секој на минималец и таму, само што се сеуште релативно ефтини за купување, и ги има да ги купиш, па тие што заработуваат ќе си купат самите.
Ако го пресметаш на долг рок не се ни исплати да фрлиш толку пари за ваков стан, за некое евро повеќе може да имаш куќа.

Овие би вределе ако градот се зголемува, бројот на недвижности намалува, имаш стандарди што и како смее да се изнајмува и се оди преку агенции, квадратот е многу поскап и не секој може да собере учество/услови за кредити.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Овие се еден од најпромашените проекти во тој град. Премали кирии и прескапо одржување за да бидат инвестиција, премногу скапи за живеење гледано од аспект на локација.
Лудост е да мислиш дека просечни Пеце ќе плаќа по 10 000ки месечно, а до вчера се тепал со комшиите/управителот за 200 денари „одржување на влез“, згора на тоа не ни заработува за да ти ги плати тие пари. Или дека некој ќе плати 500 евра кирија за стан кој може да го исплати на 20 години со по 400 евра рата во банка, и може да најде за купување во секој момент :D
Па не се промашени, мене ми се допаѓа како се изградени и самиот концепт. Ги имам гледано кога купував стан и ми се допаѓаа. Проблемот им настана што од неколку ситно илјади за заеднички трошоци за зграда(меѓу кои е и централно греење, топла вода) веќе им отишле над 10 000 па и некој суми по 300 евра слушав од стан само за заедничките сметки. А кога имаш огромен број станови што така стојат и газдите се по странство или не се во Скопје веќе најверојатно и сакаат да продадат.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.223
Поени од реакции
35.842
Првата Џевахир зграда е на едно броило за струја за сите станови. Не знам дали и за втората е истиот случај. За третата и четвртата зграда овој проблем е решен и секој стан е посебно броило.

Инаку ако добро ги разбрав, они редовно плаќале ама фирмата за одржување заебала работа.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.671
Поени од реакции
34.995
Па не се промашени, мене ми се допаѓа како се изградени и самиот концепт. Ги имам гледано кога купував стан и ми се допаѓаа. Проблемот им настана што од неколку ситно илјади за заеднички трошоци за зграда(меѓу кои е и централно греење, топла вода) веќе им отишле над 10 000 па и некој суми по 300 евра слушав од стан само за заедничките сметки. А кога имаш огромен број станови што така стојат и газдите се по странство или не се во Скопје веќе најверојатно и сакаат да продадат.
Не ме разбра, не наоѓам маана во квалитетот, туку во: како е замислено да се одржува влезот, кој е одбран да го одржува, на кого му е дозволено да купи.

Таквите објекти држат вода за инвестирање ако: цените на м2 се апла многу високи и не секој може да собере учество, кириите се високи и би ја вратиле ратата + парите за одржување, нема многу празни недвижности и брзо ќе се издаде, има доволно народ со такви приходи, нема земја или е прескапа за куќа.

Ако земеш во обзир кај нас нема ништо од ова.

Кај мене тука има вакви, и многу полуксузни, и се изгор за одржување, кирија, ама пак се полни.
Ако истиот стан во помала постара зграда е 2000 долари месечно, овие се по 3000. Ако одржување на обична зграда е 6-7к годишно, кај ваквите е и преку 20к.
Финтата е што нема слободни станови, денес го огласуваат и за една недела има веќе нови кираџии со уште поскапа кирија. Додатно ги лупаат на Airbnb и се по 400+ долари од вечер на долг престој, а кога не е сезона на заебанција ќе го издаде на кираџии за 3-5к месечно.
Едноставно она што ја дупи работата таму е премногу недвижности.

Еве ти пример, само 4 дена слободни во цел Декември:
Screenshot_2022-11-17-18-11-38-58_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
516
Поени од реакции
751
Сиромаштија е преголема на Балканот за такви згради. Јас кога се мислев да купувам пред 6-7 години баш претпоставив знаејќи го менталитетот и куповната моќ на населението дека одржувањето ќе биде катастрофално. Дека баш вакви работи ќе се случуваат.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Не знам ни имам време ни желба ни ми се исплати да имам и да одржувам станови. Така да :motorce: си бегам од темава.
Згора на тоа имам максимално земено кредити и ни една банка нема да ми даде станбен кредит.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom