Прествртница и за Саудиска Арабија?

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Bice rata, kazu svi...

 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.209
Поени од реакции
78.747
Уште малку и излегоа од Среден Век.
Да ти ебам ретардираните, да ти ебам.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Уште малку и излегоа од Среден Век.
Да ти ебам ретардираните, да ти ебам.
Значи кај нив сега е ренесанса :pos:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.659
Поени од реакции
21.681
абе не личи уште дека се до таму, ова како да тргнале натаму
Само почекај малце, со темпово со коешто тргнало гомново мало за 5 години сегашна Турција во споредба ќе изгледа како Авганистан во време на талибанците.

Декември 2019-та. Премиера на Middle Beast Festival, (кој го смислил имево свака част :D ). Со танчеркa во воздух, со сите мирудии. Фали уште алкохол


и (прогледано низ прсти) екстази, ама за година-две и тоа ќе биде.


 
Последно уредено:

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.659
Поени од реакции
21.681
Интересно, една од првите работи што Бајден ја прави на полето на надворешната политика како претседател на САД е заострување на позициите во однос на Саудиска Арабија и ОАЕ, со тоа што ја става во мирување продажбата на оружје према ови 2 земји.


Исто под негов притисок, една активистка за права е ослободена од затвор


Девојкава била активист за жени да можат да возат во Саудиска Арабија, нешто што претходно им беше забрането. Откога е уапсена само месец-два подоцна принцов дозволува жени да возат. Прашањето е зошто тогаш ја апси девојката кога и така ќе ја укинува забраната? Одговорот е дека принцот сака заслуги за сите реформи дека доаѓаат од него, а не од народот и со тоа воедно презентира и реформаторство и моќ.

Интересена дебата на таа тема


Паралелно со забраната за продажба на оружје, Бајден ги трга Хутите во Јемен од листата на терористички организации.


Дали е ова намигнување кон Иран ќе видиме во блиска иднина, според следните потези, посебно по прашањата на санкциите што САД ги има према Иран како и замрзнувањето на нуклеарниот договор од страна на Трамп. Ако Бајден олабави една или двете работи тоа ќе значи сигнал за поголема соработка со Иран на штета на Саудиска. Мене како навивач на шиитската позиција ова ми се допаѓа се додека истово не значи и поголема поддршка на двоецот Катар-Турција. За сега потегот со забраната за вооружување и ова со Хутиве му оди во прилог на Иран. Но покрај ривалството Саудиска Арабија-Иран како центри на вековното непријателство помеѓу шиитите и сунитите постои и внатресунитско ривалството помеѓу Саудиска Арабија, ОАЕ, Египет, Бахреин од една страна и Катар и Турција од друга. Саудискиот блок е против Муслиманското Братство, радикалниот ислам (колку и да делува ова нелогично за оние што не ја пратат поновата историја на овие земји) за Хафтар а против ГНА во Либија и сл. Од друга страна Турција и Катар заедно со Пакистан се последните земји со некаков импакт фактор кои стојат зад сунитскиот ислам како modus operandi. Ако овие потези на Бајден се насочени кон зближување со таа оска тогаш пак ќе има подотворена врата за алкаеди и исиси.

Случајно или не, под влијание на САД или не, Италија се одлучува за истиот потег.


Во либискиот конфликт Италија е на страната на ГНА која е про Муслманско Братство односно составена од негови членови, чии сојузници се и Турција, Катар, и САД, а контра Хафтар зад кој стојат Русија, Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ. Доколку Бајден одлучи за поагресивна воена поддршка на ГНА за разлика на попасивната до сега од Трамп тогаш ова позиционирање на Бајден и Италија нажалост ќе добие смисла. По овој потег останува да видиме каков ќе биде ставот на Бајден кон Либија и дуото Турција-Катар. Ако од сево ова само Иран ќари тогаш супер, ако дел од колачот добијат и овие вториве тогаш блискоисточните шиптaри пак ќе земат замав.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Бајден го врати главниот Американец кој го договараше Нуклеарниот договор со Иран, така што ако не возобновување на истиот тој договор(тешко ова) ќе има дијалог со Иран. Трамп немаше појма што се случува таму, па со оглед на тоа дека зет му е Евреин администрацијата сите карти ги стави на Израел таму. А нели Иран има изгласано закон за тоа дека до 2051 година не треба да постои државата Израел. Токму поради тоа Трамповата администрација беше исклучиво против Иран. Оваа моменталнава ќе има многу подобар однос кон Иран, а земено во предвид дека и моменталниот лидер на Иран посл убиството на Сулејмани ќе биде многу помек во разгорувањето на битки по шиитска линија. Сулејмани беше буквално лидер на Иран и држеше вкупно 51 шиитска милиција насекаде на Блискиот исток. Многу моќен човек. Сегашниот лидер на Иран е Персиец(читај помалку е склон на муслиманство/шиитизам, а повеќе на така да се изразам ,,пан-персизам") и е многу посклон кон САД. Се смета за близок со Американскиот преговарач кој ќе го врати Бајден на функција.
Турција ќе губи исто така од смената на Бајден. Јасно си кажа Џо што мисли за гнасата исламистичка Ердоган, така што не му следат добри 4 години на султанот.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Фирмите што произведуваат оружје се со десна проминција. Lockheed Martin, Raytheon и истите го продаваат оружјето во СА и сите зависни држави. Texaco, кој е дел од Chevron исто е дел од тие елити, исто тексашки, јужњачки, републикански профил. Истите имаат најмногу интерес во тој дел од светот. Реално, со СА и УАЕ раководи Велика Британија.
Бајден сега ќе си ја врти водата на своја воденица.
Таму има некои чудни трендови сега, на релаксација на односите со Израел. Скоро имаше отварање на амбасада во Абу Даби, што на многу луѓе им делува чудно, ама реално, никој веќе не ги ферма палестинците. Таа солидарност на арапската лига, одамна се знае дека е тешко фолирање. Либан одамна функционира коректно со Израел. А другите држави само формално стојат позади палестинците. Единствено Јордан, кој е економски уништен и ги прибра сите избеглици од таму, па и од Ирак и од Сирија.

Демократите тераат многу поперфидни политики. Трамп беше фушер, политички аматер, со интуитивни потези, нелогични, популистички. Ама пак очекувам да не загризат на Иран. Иран и Израел се како кучиња што лаат преку ограда, а да им ја тргнеш оградата ќе избегаат.
Све мислам дека јенките многу ќе пикаат нос во нашиов регион, Србија, Турција и многу од тегот со срањата ќе се натежне овде.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.928
Поени од реакции
7.780
Иран има многу подобра преговарачка позиција сега, отколку во моментот кога го преговараа и потпишуваа JCPOA. Сега имаат стратешки алтернативи, кога ги немаа пред 5 години. Плус, екскурзијата со атентатот на Сулејмани, им даде ветер во грб на оние hawks во политичкиот врв на Иран, кои беа донекаде маргинализирани, пред администрацијата на Трамп.
Сега Американците, и целиот западен блок со нив, ќе треба да платат многу поголема цена, ако сакаат покооперативен Иран. Преведено во гео-политички јазик, ќе треба да прават стратешки отстапки, кои не ни замислувале дека ќе ги прават пред 10ина години. Дали жртвата ќе бидат интересите на Израел, тоа допрва ќе видиме. Да се потсетиме дека, администрацијата на Обама, која ќе биде горе-доле пресликана во оваа администрација на Бајден, не беше баш наклонета кон Израел. Затоа и лобито на ортодоксните Евреи во САД, беше толку гласно со напади против Обама и тој естаблишмент на Демократите. Некои гласноговорници од тој камп, уште го третираат Обама како некаков антихрист.

Глупоста е што, во моментот кога одлучија да ја тераат агесивната политика на maximum pressure, симултано решија да ја антагонизираат стратешката алтернатива на Иран, односно оската Кина-Русија, особено Кина која е клучна за успехот на стратегија што се базира на некаков економски притисок врз Иран. Плус, ги изиграа и Европјаните, кои наголемо почнаа да инвестираат во Иран, со закани за екстратериторијално санкционирање на непослушните европски компании. Со претворањето на доларот во оружје, само ги мотивираа Европјаните да создадат алтернативен платежен систем, што ќе го заобиколи SWIFT (INSTEX) и индиректно, сериозно, го загрозува статусот на доларот, како светска резервна валута.
Брилијантност и далекувидна стратегија од Трамп и неговите имбецили, неспорно.

Не е никакво изненадување што администрацијата на Бајден, мисли дека може да продолжат, таму каде што Обама застана пред скоро 5 години. Американските политички елити имаат изгубено допир со реалност, комплетно се oblivious дека светот е сега многу поразличен од пред 4 години. Плус, многу опасен избор е да се нервираат С. Арабија и нејзините заливски сојузници, кога веќе ја натераа да инвестира толку во политики кои се во интерес на САД. Кинезите промовираат дигитален јуан, во кој ќе инсистираат да се одвива целата билатерална трговија со сите свои трговски партнери.
А во 2021 Кинезите се најголемиот клиент на заливските фосилни горива. Не е ова светот од 70ите години на минатиот век.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.635
Поени од реакции
5.316
Еве малце да му направам ќеф на господин @Ron Burgundy и да пишам на темава:

Саудиска Арабија како и Иран треба со декрет во Обединетите нации да му се забрани такво водење на држава со репресии кон сопствениот народ, и брутално изживување кон сопствените граѓани. Големите сили треба да го употребат своето влијание за да ги ослободат од прангите Саудијците, како и Иранците.

САД како земја која има поголемо влијание врз Арабија треба да преземе конкретни чекори, како што и Русија треба да преземе со Иран.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.572
Поени од реакции
38.703
Еве малце да му направам ќеф на господин @Ron Burgundy и да пишам на темава:

Саудиска Арабија како и Иран треба со декрет во Обединетите нации да му се забрани такво водење на држава со репресии кон сопствениот народ, и брутално изживување кон сопствените граѓани. Големите сили треба да го употребат своето влијание за да ги ослободат од прангите Саудијците, како и Иранците.

САД како земја која има поголемо влијание врз Арабија треба да преземе конкретни чекори, како што и Русија треба да преземе со Иран.
добро е, ќе те биде, само пак иран и русија не ги извади од уста ццц.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.280
Поени од реакции
22.504
Еве малце да му направам ќеф на господин @Ron Burgundy и да пишам на темава:

Саудиска Арабија како и Иран треба со декрет во Обединетите нации да му се забрани такво водење на држава со репресии кон сопствениот народ, и брутално изживување кон сопствените граѓани. Големите сили треба да го употребат своето влијание за да ги ослободат од прангите Саудијците, како и Иранците.

САД како земја која има поголемо влијание врз Арабија треба да преземе конкретни чекори, како што и Русија треба да преземе со Иран.
najubavo... eve kako gi oslobodija libijcite od gadafi.

1668607679931.png

1668607837971.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom