Романија, Бугарија и Хрватска - Балканските нацистички колаборатори во Втората Светска Војна.

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.640
Поени од реакции
27.598
Еве генерално можеме тука да збориме за фашистичките движења во овие земји. Како и зошто настанале.
 
Еве генерално можеме тука да збориме за фашистичките движења во овие земји. Како и зошто настанале.
Некако ја прерипа Маџарија или они не се на балкан. Сорос евреи крадел да ве потсетам
 
Па добро, али не е Балкан Маџарска.
 
Па добро, али не е Балкан Маџарска.
Буквално се граничи со сите тие. Е пола пола . Словачка и украина и австрија не Ама маџарите дефинивно се на балкан
 
Добро бе, немора да ограничиме, ако имаш нешто да кажеш за Маџарска, кажи.
 
За хрватските усташи може да се каже дека биле бетер и од јапонците у смисол на ѕверствата извршени во логор Јасеновац, биле предупредувани од нацистите кои вршеле турнеја и обиколка и набљудување на нивите методи - и биле згрозени ако може така да се нарече од бруталноста усташка и биле укорувани.Немало релативно брза смрт во гасна комора таму,туку убиство со чекан,нож и она нивното "srbosjek" за брзо убивање на затвореници или турнирите за кој усташ повеќе ќе убие во една вечер.
795px-Srbosjek_%28knife%29_used_in_Croatia_-_1941%E2%80%931945.jpg



Дел од главните усташи биле ментално болни и целата таа марионетка држава Хрватска личела ко да е собрана од сурати болни за крв и нивно оправдување за одмаздата биле наводните тортури додека биле во склоп кралство Југославија.
 
Дел од главните усташи биле ментално болни и целата таа марионетка држава Хрватска личела ко да е собрана од сурати болни за крв и нивно оправдување за одмаздата биле наводните тортури додека биле во склоп кралство Југославија.
Od ona sto imam videno, samo ustashite se slikaat so kup mrtvi tela u pozadina gushnati u preden plan nasmeani kako nekoi trogloditi.
 
За Романија, причината е едноставна. Како членка на мала Антанта 1918-39 заедно со Југославија и Чехословачка и прозападно ориентирана во секој смисол, вклучително и војна опрема и извоз на нафта, Романија била затечена од инвазијата, западот не мрднал со прст а Германија како сојузник на СССР во тоа време мудро молчеле.
Романија во 1939 се прогласува за неутрална и таа позиција ја држи до 22,6,41. Шансата за враќање на заграбеното е искористена како зицер. Но, за разлика од Финска, апетитите на фашистчкиот диктатор Антонеску не биле задоволени па така ја заземаат и Одеса и други територии кои никогаш не биле романски. Има многу да се пишува, срамната улога и дното на романскиот народ биле Железната Гарда, нешто како Штурабтајлунг во Немачка кои лека полека станале највлијателна политичка опција без класичен државен удар. Таа збирштина на лудаци, психопати, манијаци жедни за крв жестоко ги окрвавиле рацете низ погроми вс. евреј и роми а секако и асистирале при депортацијата на истите во Аушвиц-Биркенау.
Железната Гарда е најголемиот блам во историјата на романскиот народ, едноставно нема подлабоко дно и за жал постоењето на една таква фанатичка фашистичка паравојска фрла темно светло врз романскиот народ. Таа флека во романската историја за жал никогаш нема да се испере и секој кој е разумен тоа треба да го признае, без разлика што ми се сонародници.
А за регуларната војска, морнарица и посебно авијација има многу да се пишува.
Треба да се знае и дека сојузниците деноноќно ја бомбардирале Романија со акцент на Плоешти како најголем европски центар за вадење нафта со 9 (девет!) рафинерии на лице место а потоа и Букурешт за да се срозал моралот на населението, причам ти причу.

Треба да се разглоби и верниот сојузник на третиот Рајх, имено Русија 1939-41 која ја хранела таа немачка машинерија со ресурси при нивните зулуми по Франција, Бенелукс, Норвешка, Југославија.
Германците кои дошле во Македонија се возеле на руска нафта и бензин, за да ја предадат вардарска Македонија на бугарите и Италијаните.
Што правиме со верниот сојузник на Рајхот, кутрата напатена мајчица Россија. Па некој да зуцнел нешто вс. немачка 39-41 завршувал во Гулаг. Непобитни, несоборливи факти.
Балканските фашисти и фашизоиди биле детска играчка према сојузништвото Берлин-Москва. На многу луѓе им се јавува когнитивна дисонанца бидејќи не можат да го прифатат фактот дека руси и немци биле браќа по оружје цели две години. СССР помогнала да се освојат Полска (директно), а индиректно Франција, Белгија, Холандија, Луксембург, Данска, Норвешка, Југославија, Грција...додека од своја страна русите вршат инвазии на Полска, Романија, Естонија, Литванија, Латвија и Тану-Тува додека Монголија е марионетска држава како Манџукуо кај јапанци.
И тоа без Власов и сета таа екипа, за тоа понатаму.

За усташите што помалку се каже тоа подобро. Самата помисла на усташа ми прави запек и морам да внимавам. Што се однесува до 20-ти век, едина конкуренција на усташите во злочини е Нултата година на Пол Пот во Камбоџа, ништо мање ништо више. Не ми е јасно како денеска млади хрвати одржуваат спомен скупови на крижни пут облечени во црни усташки униформи со буквата У на капите.
Па тоа треба да се поапси.
Инаку крижни пут е масакрот над илјадници усташи кои се обидувале да пребегаат во британската окупациона зона но британците ги вратиле назад кај Тито кој пак наредил да се нема милост кон усташи па и нивни фамилии, све тоа да се сотре.

А денес имаме песни како "Јасеновац и Градишка Стара то је куча Максових месара" од извесен Марко Томпсон, некаков си певач и закоравен усташа. Типот заслужува метак у потиљак.

Зошто е пропуштена Грција? Па тие имаат нео-фашисти чак и во парламент?!
 
Реално гледано единствена држава што заборавив е Албанија, ако земеме дека Маџарска не е на Балканот.

Иначе по бруталноста секако се издвојуваат Хрватите, па Албанците, после нив следат сите останати. Да бидеме фер да кажеме дека 1944 имало обид и Македонија да се стави под вазалска капа на Нацистичка Германија, меѓутоа за разлика од споменатите, не наишла идејата на некаква си поддршка во Македонија, па затоа и пропаднала.

Грција можеби имала фашисти во парламент, но реалноста е дека Оската го доживеала првиот пораз во Европа баш во Грција. И Грција, покрај Југославија е единствената држава каде што имало сериозно герилско движење, зборам на ниво на Европа. Приказните за герилата во Франција, кога ќе се спореди Балканот се приказни за мали деца, Франција под Германска окупација била малтене нормално и доста безбедно место, ако ги изземеме депортациите на Евреите, за кои во голема мера помогнало домицилното население.
 
Оваа темава ја отворивте за да ги продебатирате грешките на вашето движење од минатото?
Група фашиз, дебатираат други, isn't that most peculiar?
 
Оваа темава ја отворивте за да ги продебатирате грешките на вашето движење од минатото?
Група фашиз, дебатираат други, isn't that most peculiar?

Ој бе крапинец еден трујаш со wanna be паметен, а мозок на кикиритки, ај чику да ги читам луѓево рајат.
 
ајде читај си ги де, die Übermenschen. :place:
Автоматски споено мислење:

СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ.
 
Кога ќе ги анализираш сите овие про-наци режими низ цела Европа од ВВ2, од сите нив, Бугарите може и најсаглам ќе испаднат.
 
Кога ќе ги анализираш сите овие про-наци режими низ цела Европа од ВВ2, од сите нив, Бугарите може и најсаглам ќе испаднат.
Џабе Заев не ги вика административци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom