Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.984
Поени од реакции
6.469
Историјата ја пишуваат победниците, а вие во WW2 сте биле на погрешната страна. Сеа тоа што СССР ја зел Молдавија ја зел, него зошто Молдавија е сега независна држава а не дел од Романија? Молдавците не се идентификуваат како Романци колку што знам.
Молдавија е независна држава поради фактот што заграбената територија во 1940 подоцна со Хрушчов се здоби со статус на федеративна единка, советска република. Како што сите републики кои го сочинуваа СССР 1991-92 станаа независни суверени држави 15 на број, така и Молдавија.
Не сум детално упатен во ситуацијата таму, знам дека говорат романешти, дека во 17-18.век постоела молдованска држава, дека 1852-1940 била дел од Романија но денес веќе постои засебна молдованска национална свест и практично е малку возможно да се спои со Романија.

Зачетоците на молдованската национална свест сепак е сталинистичката експанзија и бољшевички империјализам.
Треба да се знае и дека малата Антанта не постоела повеќе во 1940 (ЧСР е окупирана од рајхот 38-39) а запдните сојузници не мрднале со прст барем да ја осудат советската агресија.
Исто како Финска и Романија е ставена пред свршен чин. Но за разлика од Финска, во Романија навистина постоеле фашистички организации со антисемитска програма. Бруки.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.984
Поени од реакции
6.469

Дали се согласувате дека еден од Големата Тројка на соузниците уствари бил идиот?
Британски историчар прави compelling case околу наводната идиотија на Винстон Черчил но не можам да не приметам дека претерува.
Ако не ве мрзи, погледнете го видеото има интересни поенти. Овој историчар е специјализиран за WW2, имаше одлично видео за нафтата како главна предност за сојузниците и логистиката која ја решила војната додека извиканите оружени системи биле само ударна тупаница и ништо повеќе.
Интересно е што никогаш и никаде лoгистичарите не добиваат медали за храброст, не се споменувани по медиуми, не се снимаат за нив филмови и серии, како да не постојат.
Пример луѓето кои стоеле зад логистиката за Д-деј се неопеани херои кај сојузниците.
Чудновато но вистинито, СССР цело време имал подобра логистика од Рајхот, дури и во најтешките денови.

@Hello Kitty ако имаш време ѕирни го :)
@Eisenhorn и за тебе важи, дај постирај нешто, мене ме немаше пола година и више на форумов, ако имаш време секако :)
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.093
Поени од реакции
9.397

Кога ќе почне војна аматерите расправаат за тактика а професионалците за логистика.

По Ковид лабави денови сега имам повеќе работа а и повеќе време сум со семејството.

Пијандурата Черчил иако има прилично глупи потези (и во Прва светска) голема работа е што останувал упорен и покрај некои катастрофи на фронтот, и во Европа, Африка и во Азија.

Нафтата секако е најголемата предност на сојузниците, освен за гориво од нафтени деривати се добиваат уште многу работи кои се неопходни во војна како синтетичка гума.
Ако добро се сеќавам во 1944 година Јапонските пилоти имаат 50 - 60 часа самостален лет пред да пристигнат во ескадрилите низ Пацификот и Азија а Американските пилоти имаат 500 - 600 часа.

Колку што Јапонија испумпала и преработила нафта за цел тек на војната толку Америка успевала на секои 60 дена.

Секако ако најдам време ќе продискутирам но не ветувам.

Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463

Дали се согласувате дека еден од Големата Тројка на соузниците уствари бил идиот?
Британски историчар прави compelling case околу наводната идиотија на Винстон Черчил но не можам да не приметам дека претерува.
Ако не ве мрзи, погледнете го видеото има интересни поенти. Овој историчар е специјализиран за WW2, имаше одлично видео за нафтата како главна предност за сојузниците и логистиката која ја решила војната додека извиканите оружени системи биле само ударна тупаница и ништо повеќе.
Интересно е што никогаш и никаде лoгистичарите не добиваат медали за храброст, не се споменувани по медиуми, не се снимаат за нив филмови и серии, како да не постојат.
Пример луѓето кои стоеле зад логистиката за Д-деј се неопеани херои кај сојузниците.
Чудновато но вистинито, СССР цело време имал подобра логистика од Рајхот, дури и во најтешките денови.

@Hello Kitty ако имаш време ѕирни го :)
@Eisenhorn и за тебе важи, дај постирај нешто, мене ме немаше пола година и више на форумов, ако имаш време секако :)
Налетав на видеово пред некоја недела, онака како што е претставено во видеото Черчил e сосема можно да имал таков незрел став спрема војната воопшто.
"Oh give those Jerries a jolly good scrap" паднав од смеење, како да е војната тепачка во школски двор.
Светот ќе го памети по говорот за време на воздушниот блиц “ќе се бориме со нив на плажите, на ридовите, во градовите, никогаш нема да се предадеме“. Можеби и бил премногу уверен во моќта на британската војска во секоја војна во која учествувал, меѓутоа за време Втората Светска Војна и немал некој избор. Германија се наоружала и било извесно дека некој ќе го јаде стапот, ако му се приговара на Черчил дека сам си го барал, порано или подоцна и Британија ќе дошла на ред да го јаде ќотекот, така да и немал баш некој избор.
Како поинаку било кој би реагирал на негово место знаејќи дека Хитлер ѝ се спрема на Франција, а ако падне Франција инвазијата врз британскиот остров е неминовност. Оттаму и праќањето на британскиот експедиционен корпус да им помага на Французите, не знаејќи дека предавници кои на Хитлер ќе му ги отворат портите на Франција одвнатре се наоѓале во самиот врв на француската команда. И така нивниот корпус претрпел тежок пораз да морале со цивилни бротчиња самите Англичани да пловат до Денкерк да ги вадат преживеаните од пред носот на германската војска.
Да речеме дека Британија со Черчил добила вистински човек за тоа доба, алкохолизиран фалбаџија што не се плаши да почне војна кога војната била неминовност. Можеби затоа изгубил на првите повоени избори во Британија, Британците не му ја заборавиле некомпетентноста во Африка и колониите на Далечниот Исток.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.659
Поени од реакции
42.218
Член од
24 април 2008
Мислења
10.952
Поени од реакции
12.368
На денешен ден, 2 февруари 1943, пред точно 80 (ОСУМДЕСЕТ) години, битката за Сталинград заврши со предавањето на 6-та армија на германскиот Вермахт на чело со тазе унапредениот фелдмаршал Фридрих Паулус и уште 23 други генерали и илјадници офицери, во рацете на Црвената Армија.

Од 91.000 војници на Оската кои учествуваа во битката, а завршија во советско заробеништво, околу 5.000 дочекаа да се вратат во родните краишта после крајот на Втората Светска Војна.

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.093
Поени од реакции
9.397

На денешен ден Бугарските окупациони власти во Грција ги депортираат сите 4075 Евреи во наканаречената анектирана провинција Беломорие во кампот на смртта Треблинка.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.984
Поени од реакции
6.469
Дали знаете што се случило со милионите воени инвалиди во СССР?
Се работи за сторија која може да послужи како дефиниција за злото.
Имено, во Мај 1946 буквално преку ноќ ги снемува сите 2,5 милиони ветерани со трајни видливи последици како немање екстремитети, очи или вилица.
Оние психички здробените благодарејќи на тоа што немале видливи оштетувања биле оставени на мир.
Но оние 2,5 милиони според Сталин и Жуков ги нагдрувале советските урбани центри со питачењето и влечкањето по градовите, особено околу железнички станици, плоштади и други места каде секојдневно врват маса луѓе.

Со таа цел била донесена одлука за ликвидација на сите воени инвалиди.
Дел од нив кои имале каква таква работна способност завршиле во архипелагот Гулаг, но оние кои немале, завршиле со метак во тил или удавени во огромните баржи натоварени со инвалиди и потопени што по реките (Јенисеј) што по езерата (Ладога) што на отворено море.

Луѓето кои го уништиле своето здравје за победа над фашизмот биле ликвидирани бидејќи ја негирале новата советска урбана естетика. Наместо човечки и хуман однос кон хероите, тие добиле смрт.
 
Сталин ги викал “самовар“.

И не биле убиени или удавени, бездомниците биле собрани од големите градови каде питачеле по автобуските и железничките станици и пратени во “инвалидски домови за рехабилитација“ каде условите не биле најдобри но масовната егзекуција е мит.

Оние кои имале работа и/или демејства да се грижат за нив главно ги оствиле на мира.
 
Не знам за Сталин лично, но инвалидите страдале од вербално насилие од страна на обичната популација која не сакала да гледа стотици осакатени лица по секој ќош на градовите.
Не е воопшто мит, постојат луѓе сеуште живи кои ги паметат баржите и масовните помори.
Едноставно, еден метак чини пример една рубља, а доживотно згрижување на сакатиот ветеран кошта десетици илјади рубљи ако не и повеќе.
Инвалидските домови згрижувале некаде 0,1% од инвалидите, тоа биле претежно затворени манастири и цркви од страна на бољшевиците кои ги адаптирале за сакатите ветерани. Нит имало можност за да 2,5 милиони бидат згрижени по домови кои што не постоеле па така и причата со адаптирани конаци и манастири, нит имало доволно персонал за такво нешто. Па така, баржа.
Инаку точно, оние за кои се грижело семејство биле бо поголем дел оставени на мира.

За америчкиот пристап има еден документарец своевреено забранет од режисерот Џон Форд кој ги прати уништените психи кај ветераните од некаде 1946-47.

Но тоа е дел од поширока тема која се бави со односот на разни општества кон ветераните, најчесто ги оставаат на маргините на животот.

Советските ветерани од Афганистан добиле среден прст кога се вратиле дома, евентуално по некоја нискоквалитетна протеза и тоа е тоа. Настрана што тие ветерани го донеле првиот хероински бран во СССР навлекувајќи се на него во Афган.
 
Последно уредено:

2,5 милиони удавени или стрелани нема шанси, не може да се скрие нити во СССР. Имаш исто толку сведоштва и истражувања за инвалидските домови кои биле некаков вид затвор.

Секое семејство во СССР има изгубено барем 1 член во војната (дури и Сталин).

Инаку да, ветераните а посебно инвалидите генерално се забораваат во речиси секое општество освен на годишнини.

Мене ме запрепасти дека преку 30.000 Амерички ветерани на “војната против теророт“ извршиле самоубиство.
 
Има многу сведоштва за баржите кои биле потопувани, сеуште живи сведоци.

Penal camps were established in the Soviet Union for disabled prisoners and disabled veterans of the Russian Civil War and the two World Wars. The most infamous of these is the Spasskaia labor colony near Karaganda, Kazakhstan, to which 15,000 disabled prisoners were sent in the late 1940s and early 1950s (Solzhenitsyn 1985). Similarly, disabled veterans of the Second World War were secretly exiled from Leningrad (now St. Petersburg) and Leningrad oblast' to the Valaam archipelago, in the Republic of Karelia (Russian Federation). Valaam and the fate of those veterans are still shrouded in mystery (Fefelov 1986:51-57).
https://dsq-sds.org/article/view/936/1111

Ова е сериозна студиа која се бави со предметот. Тоа што има милион и кусур инвалиди на кои не им се знае местото на кое биле пост 46-7 е индикативно.
Никаде немаме број на суициди во СССР како резултат на војната, и тоа би било интересно. Знам зз Афган дека има шпенкулации 79-89 но и тоа е несигурно. Настрана што илјаднци умреа од наркоманија која ја донесоа од Афган и изобилието на квалитетен Доп, афганистанец, како што нагалено го викале тамошните џанаци.
Не знам за Сталин, но самата популација ги гледала инвалидите како паразити и имала презирачки став према нив, погрдни зборови, насилство, шиканирање.
А голем дел од тие собирни центри биле само гулази по све само не по име.
Замисли луѓе без раце и нозе да работат физички работи...или слепи да речеме.
А тоа дека ги евакулирале од големите градови за екстремно кратко време е факт.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom