2ро место, следна фаза ЛШ...
Не знам дали да бидам среќен од горниве ствари, со оглед на фактот што играта ни е многу лоша последниве месец ипол дена.
Имавме многу турбуленции од крај на август до сега.
Пиоли многу некако одмерено ги вметна новите играчи, со Де Кетеларе одма го фрли во оган.
Многу често играат под грч, имаат недостаток на концентрација, ептен се лабави, како на тренинг да се. Други утакмици, гризат.
Мислам дека Милан покажа многу светли моменти овие 3 месеци, само треба да се биде конзистентен, пример утакмицата со Интер, Јувентус, Салзбург дома.
Повреди пак, секоја година во оваа рана фаза имаме по неколку првотимци кои се аут ради повреда. Но се чини дека го надминавме тој период некако.
Пред сезонава, искрено јас сосема бев, сеуште сум океј со второ место па и трето, и чекор понатаму во ЛШ.
Се што е над ова, мене ми е бонус.
Јеби га, реално лани немавме конкуренција, сега ние сме конкуренција на многу полетен и воигран тим во Наполи. Искрено играат многу добро и делуваат дека ќе можат да идат до крај.
Сепак за да се освои титула си треба и среќа, судиска наклонетост и сплет на околности.
Знам дека ќе бидам океј со топ 3 пласман годинава и истовремено знам дека ќе беше катастрофа и ќе биде катастрофа ако сме надвор од топ 4 и да не поминеме групи. Сега за сега, ниедно од тие сценарија не се остварува.
Значи ова не е воопшто катастрофа по сите наши очекувања и параметри кои што ги имавме кон крајот на август.
Имаме лимитиран тим и мора да се земе некој што ќе има импакт веднаш, ама не верувам дека би ризикувале.
Милан и следна година ќе зема некој играч(и) преку free transfer и тоа е тоа. Другото ќе биде перспективни млади играчи, за иднина.
Лошо е можеби што нема светско преку лето па може нешто добро да се земе на позајмица.
Од друга страна пак, она што можеби дава малку надеж за засилувања е утакмицата со Тотенхем каде што имаме шанси да поминеме понатаму.
Сите сме свесни дека треба да се пазари добро, ама за жал тоа нема да се случи во Јануари, макар не коштало добри резултати и back to back титула. Гарантирам дека сезонава ќе се закомплицира. Има уште 23 кола до крај, нема шанси било кој глатко да ја освои титулата.
Така да, chill out, ок е засега. Може подобро, може и полошо, особено последниов месец ипол со катастрофална игра и лабав пристап.
Ќе одмориме малце покрај светсково и ние
