Томори е лимитиран играч што знае само една улога да игра добро....тоа е лани што го играше со Кјаер кај што овој беше истурен напред да добива дуели и ако не успее да земе дуел Томори со неговата брзина беше тука да запре контра...
Ама без Кјаер, Пиоли тера друга игра кај што слабостите на Томори се во израз...
На Томори му треба партнер што е добар со топка, левак. Има нешто добро во него, ќе крене пак форма, но и да има некој клуб од ПЛ спремен да го врати таму, нема да е трагично.
Автоматски споено мислење:
Коментаторов никако да примети дека е сменета формацијата и цело време Леао отишол десно, па отишол десно...
После освојувањето на лигата и губење на двајца битни првотимци потребно беше да донесат кадарни засилувања што веднаш ќе имаат импакт во играта а не талентирани играчи што ќе ги чекаат неколку сезони да се прилагодуваат.
Главниот проблем е што ниту едно летно засилување до сега нема придонес во играта на Милан.
Многу комплицираат и аматерски изгледаат во некои ситуации. Дефанзивец левак, десно крило мора да се донесе. Сигурно нема да ризикуваат да продолжат вака во другиот дел од сезоната.
Не се трескајте од земја другари.....конечно имавме среќа да тепаме со факинг Фиорентина дома после 100 шанси за нив и да сме на минус 8 од факинг Наполи, за Кеси и Ромањоли не ни треба замена а се може и без Леао и Бенасер...
Битно на крај на сезона финансискиот гуру Кастиел кога ќе ги спрема финансиските извештаи у плус да бидеме.....
Дест и Вранкс донесоа промена во игра. Во второ, шансите Фиорентина ги направи после наши грешки, како тие две на Леао.
Со влегувањето на Дест добивме уште еден фудбалер што знае да изнесе топка, Тео од десна страна. Влегуваше и во средина како него. Клучен играч за се добро што направивме.
За Вранкс сум спремен да ризикувам, и од малку видено да тврдам дека е подобар од Побега.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.