Бугарско државјанство (процедура и потребна документација)

Член од
21 ноември 2021
Мислења
51
Поени од реакции
49
Дали може тоа да се направи кај нас, затоа што бугарите уште не се влезени во устав???
Може, само врски требаат, тоа што мислиш се работи за во изводи на родени, ова е друг посебен документ кој се исто издава во управата за водење на матичните книги
 
Член од
1 септември 2022
Мислења
3
Поени од реакции
0
Не знам дали на некого ќе му биде од корист меѓутоа мислам дека сепак вреди да се сподели, а некој можеби и веќе забележал дека тие линкови ги имаше и на сајтот на ДАБЧ но повеќето веројатно е дека ги игнорирале. На Државниот архив месецов е објавено следното соопштение кое се однесува на докажувањето на бугарско потекло.

Прегледај го приврзокот 302653

Се работи за архив од егзархија во кој се вклучени т.н. еноријски регистри каде на секоја страна посебно е излистана по една фамилија со нејзините членови по име, занимање, возраст итн. (која "духовно припаѓа под јурисдикција на егзархијата") и сето тоа така организирано по тогашната административна структура т.е. село, каза, епархија, вилает. Чисто од љубопитност пробав да најдам што е тоа, и за чудо најдов такво нешто, и еве тука како за пример:

Прегледај го приврзокот 302656
Прегледај го приврзокот 302657

Ако ги отворите линковите од соопштението означени со "инвентарен опис" најдолу имате форма за пребарување на населените места (кои треба да ги внесете на бугарски јазик - ако не знаете точно како, побарајте го и ископирајте го од БГ википедија, типично има страници дури и за села):

Прегледај го приврзокот 302659
Во случајов еве за Маврово на пр. За жал од тоа што можев да го видам изгледа дека не сите места се вклучени и што е уште полошо пробав во архивна единица Маврово да пребарам (бидејќи има таква опција исто најдолу) специфично по име раководејќи се од оној регистар што успеав да го најдам достапен, меѓутоа таквата опција изгледа од архивот не е овозможена бидејќи на било каков начин и со било кои параметри не дава резултати. Дали е така по дизајн или планираат понатаму да го направат тоа достапно - не знам - иако и во самото соопштение пишува дека ако си го најдете местото кое го барате на сајтот имате опција преку нивниот портал е-услуги да си направите регистрација и закажете термин за да го прегледате тој регистар лично (за разлика од воениот архив кој е во Велико Тарново ова е во Софија така да поблиску за сите). Ако си го најдете местото на живеење на некој ваш предок и тој е внесен во ваквиот регистар (макар и како дете, пак е запишан нели) имате во рака доказ за потекло. Единствено што ви останува е да си ги покриете трошоците до Софија.

Се извинувам за големите слики и се надевам на некого може да му биде од помош.
Здраво,

Пред малку се обидов да го отворам линкот од соопштението, но не го отвара и воопшто не може да се пристапи до страната на ЦДА исто и до страната ДВИА во Велико Тарново. Дали некој може да го отвори линкот и како?

Поздрав.
 
Член од
11 март 2019
Мислења
25
Поени од реакции
28
Здраво дечки,
сакам да прашам нешто доколку некој знае да одговори,
сега на 16,12,2022 имам закажано интервју за двете малолетни деца.

Прашањето дали треба двајцата родители да присуствуваат и дали ќе има некаков вид на прашање од типот за нивната историја?
Фала.
Јас исто бев на интервју за моите деца 14 г и 6 г пред 1 месец, ми рекоа само тоа од 14 години да го носам, а тоа од 6 години да не го носам
На интервјуто ја прашуваа основни работи , таткото кога е роден, кога е мајката родена,во кое школо учи, ништо не ја прашаа за историјата, буквално за ништо
Двајцата родители обавезно
Поздрав
 
Член од
21 октомври 2016
Мислења
522
Поени од реакции
672
Може, само врски требаат, тоа што мислиш се работи за во изводи на родени, ова е друг посебен документ кој се исто издава во управата за водење на матичните книги
мижи митро тулумби паѓаат документот
 
LePAk

пензиониран воваџија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
113
Поени од реакции
80
Здраво дечки, ај ако може некој со искуство да каже. За месец дена летам за Лондон од Скопје со бугарски пасош кој сега првпат ќе го користам. Да не ми прават проблем дека до сеа нигде не сум одел со пасошот?
 
Последно уредено:
Член од
9 јануари 2021
Мислења
36
Поени од реакции
46

Картата си ја купуваш со Бугарски пасош и на аеродром на шалтер на прв спрат се чекираш со Бугарскиот. Кога ќе се качиш горе на пасошка контрола го даваш само Македонскиот, кога ќе поминеш пасошка дигни го Македонскиот зошто веќе не ти е потребен. Од тука натаму за влез во авион ќе користиш Бугарски пасош како и за влез во Велика Британија.

(Не би требало но ако на пасошка каде го даваш Македонскиот пасош, службеникот те праша зошто немаш виза за Велила Британија, тука ќе кажеш дека си двоен државјанин и ќе им го покажеш Бугарскиот пасош. Исто важи ако те прашаат зошто на авионска карта број на пасош не ти е ист со Македонскиот, го покажуваш Бугарскиот, дека нели си ја купил картата со Бугарскиот)

За назад постапката е обратна. Не му мисли многу не си единствениот со двојно државјанство сите на аеродром имаат доста големо искуство со двојно па дури и тројно државјанство и ќе ти помогнат ако треба. Но факт е дека ти мора како македонски државјанин на пасошка да ја напуштиш државата со македонски пасош. А за натаму надвор од граница само со Бугарски. Истото важи и за враќање како Македонски државјанин во Македонија можеш да влезеш само со македонски пасош.
 
Ти благодарам на одговорот @Sublimius , ми значи

Иначе пошо очигледно смешно изглеа моето прашање, ми рекоа дека првпат патувам со пасошот за Британија дека може да имам дополнителни контроли таму.
 
Член од
14 ноември 2022
Мислења
31
Поени од реакции
19
Јас исто бев на интервју за моите деца 14 г и 6 г пред 1 месец, ми рекоа само тоа од 14 години да го носам, а тоа од 6 години да не го носам
На интервјуто ја прашуваа основни работи , таткото кога е роден, кога е мајката родена,во кое школо учи, ништо не ја прашаа за историјата, буквално за ништо
Двајцата родители обавезно
Поздрав
Децата не ги прашуваат историја
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
36
Поени од реакции
46
Ти благодарам на одговорот @Sublimius , ми значи

Иначе пошо очигледно смешно изглеа моето прашање, ми рекоа дека првпат патувам со пасошот за Британија дека може да имам дополнителни контроли таму.
Нема везе, не ти треба виза но ти треба причина за посета. А според Веб страницата на влада на Велика Британија сеуште можеш да ги употребуваш електронските e-gates за влез во земјата како ЕУ државјанин, без да одиш на шалтер и да зборуваш со службеник.
 
Член од
10 ноември 2022
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво, сакав да ве прашам колку време се чека за пасош со стари документи и дали има некоја брза постапка???
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.474
Поени од реакции
4.630
Да прашам да не знае некој човек што посредува за проверка и вадење стари документи од бугарска архива?

Или да го знае процесот? Каде да се отиде, што документи треба да се однесат и т н?
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
769
Поени од реакции
322
Од вечерва ми се смени статусот од Финален експертски преглед во Нередовна, ќе морам да однесам документи од вујко ми како доказ во рок од два месеца иначе имав интервју СОФ 29.10.2019

Иначе да се надополнам дека за жал на многу луге им давале одкази ради тоа што немале доказ за роднинска врска, тоа што вујко ми има бугарски ми било голем плус бар така ми кажа посредникот
 
Kajgana Shop

На врв Bottom