S-1 е специфичен случај на турање младо вино во старо шише, чудна одлука да се модернизира Т-55 до непрепознатливост, дури може да се каже дека тоа воопшто не е Т-55 туку само S-1, во далеку поголема мера од М-84 кој е 95% Т-72.
Зошто словенците толку вложиле во S-1 е мистерија, но без разлика, со топ Л7 од 105мм значајно го надоградиле борбениот потенцијал на тенкот.
Друга слична ситуација што ми текнува е Лансер, драстично модернизиран МиГ-21 во Романија во соработка со израелски и јужноафрички фирми па така со израелски радар во носот на мигот од Бисот кој имал радарски опсег од 25км со зафат од 16км, тука имаме опсег од 75км со зафат околу 52км. Освен брзината која е незначително намалена, сите други параметри се драматично подобрени. Вклучувајќи ја и можноста за стрелање на израелски ракети ВВ и ВЗ. Колку се паметни такви модернизации кој би знаел да каже...