...интересна перцепција и фидбек читам тука, значи членот ничем позван си ја отвори својата интима до најмала ситница и тоа на социјална мрежа т.е Кајгана форум, а ние ваму треба мноооогу да внимаваме што треба да искоментираме за неговата ситуација препорачливо да излажеме и да дадеме погрешна надеж или ај да речам тапшање по рамо совет, но не е баш така, реалниот живот е суров.
... зашто треба сите едногласно да напишеме ,,не се секирај, тоа е само ноќна брачна олуја што наутро ќе помине и ќе огрее сонце, пак ќе бидете среќни" ,
...како прво не сме ,,калап,, членови, барем не сум јас си имам мислење и си го пишувам, ретко грешам, но не значи дека не може да погрешам, затоа е подобро да има различни мислење кој како го толкува неговото моментално животно писание колку толку што ни напишал, отколку сите унифицирано ,,да го тешиме,,
...шокот секогаш е полесен кога сме подготвени однапред на најлошото, одколу да биде инертна состојбата и како гром од ведро небо ќе не' стрефне вистината, подобро да ги има сите полоши опции од нас пишани па да испадне дека не е така, отколку да нема спремен гард за ситуацијата па да го стрегне стресот за навек, затоа што не е лесна работа кога бракот е врзан со синџири затворен со цврст катанец наречен - дете.