Мислам титулата оди во Јужна Америка оваа година, Аргентина или Бразил. Секако би сакал Аргентина мада Бразил е нешто подобар. За мене се прв и втор фаворит.
Од европските пак Франција има најдобар состав но не верувам дека би ја одбраниле титулата. Шпанија е за мене фаворит од сенка, доста напредуваа како репрезентација последните 2-3 години. Белгија е добра, но мислам оваа генерација ја пропушти шансата да освои светско пред четири години.
Португалија е за мене најпреценета репрезентација. Имаат добар состав ама не е се' во тоа. Видовме неколку пати дека се ранливи во важни натпревари. Јас не ги ставам во кругот на фаворити. Исто не очекувам ништо посебно од Германија и Холандија.
Англија некако ми оди во екстреми. Може да стигнат далеку а може и скроз да флопнат. Србија и Данска може да бидат изненадувања.