Се согласувам дека се претера со непотребни дискусии, се изнаобјаснувавме, останува да си тераат групите понатаму.Ниту едните сте 200 на "најава", ниту другите бевте 300+ на ракомет пред некоја недела. Не ми е јасно како луѓе од 30+ се понашате ко деца од 13 и си се убедувате самите себе во вашите филмој па после се препуцавате овде и ја серите цела тема.
Друга работа, не ми е јасно што се замарате толку со бројката, ко сите знајме колку и кој од луѓето по трибиниве се вистински навивачи. Терајте си го филмот работете на себе, а добри изданија можат да се направат и со коп од 50-100 души. Го гледаме често то по балканскиве групи, а и кај нас станвит практика. Поминаја тие времиња кај нас ко можеше освен за дерби, група да соберит појќе од 300 души и то никогаш немат да се вратит. Не само Охрид, туку цела држава немат луѓе то е..![]()
п.с. 170тина бакљи се запалени вчера, а севкупно на собир околу 200 луѓе

Анализирајте удари, на поени играчите на шкендија го добија фајтот. Најсмешен е тој што улета прв со наочарите за сонце. Дојде се залета, застана на метро од играчите, испи 4-5 бокса и избега накај трибина. Забележете го у позадина, скока пробува да се фати за раце за да го извлечат нагоре ама не му успеава, па си скока во празно 2-3 пати 





