Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.407
тоа е факт ама неможеш само врз основа на тоа да го ставаш на исто рамниште леопардот со руските тенкови тоа е само crew safety and survivability како фактор, тука има уште еден куп фактори, од оклоп па се до нишански системи стабилизација и така на таму. Т90ката може да се мери со Леопардот и е тука некаде, другите руски тенкови не мислам дека се на рамниште а како што гледаме т90ката не е нешто во големо изобилие кај русите
Т-90 и Т-80 се тука некаде со Леопардот и донекаде најновите модернизирани верзии на Т-72.

Сите предходни Советски тенкови се на горе-доле исто рамниште со своите генерации од запат. Мислам на Леопард - 1, М60, М48 и така натаму.

Сите наведени тенкови и западни и Советски имаат еден куп варијации, типови, серии и слично и секоја од нив има подобри/полоши нишани, стабилизатори и слично. Многу зависи и од тренингот на посадата и спремноста на командниот кадар (спореди Арапи со МиГ-21 со Виетнамци и Индијци со истиот авион во речиси исто време на пример)

М-1 Абрамс токму заради crew safety and survivability го сметам за најдобар бидејќи затоа е далеку над сите други. Ласерски нишан и балистички компјутер има и Југословенскиот М-84. Дали знаеш дека во почеток Абрамсот имал топ од 105мм? Истиот тој топ со кој биле наоружани НАТО тенковите во 70-те и 80-те имал проблем до предниот оклоп на обичен Т-72 во Ирачко - Иранската војна и тоа е делумно причина за воведување 120мм.

Мислам има тука многу интересен муабет ама дај да се вратиме на темата.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Дали воопшто си прочитал нешто ти за инвазијата на САД на Ирак? Колкав отпор имало? Колкав бил рејтот на дезертерство и слични работи? Колку војници масовно се предавале и слично? Лојалноста на Ирачаните за време на Америчката инвазија на Ирак, не е ништо поголема од лојалноста на Ирачката војска во Мосулската брука. Дури и оние кои сакале да опонираат на САД (било да се дел од режимот или шиитските групи блиски до Иран), решиле да ги сочуваат силите за герилата која следи наредните години и која дефакто сеуште се одвива. Тоа значи дека САД води војна во Ирак веќе 20 години, пред некој месец на два пати им бомбардираа база и после тоа некаков си конзулат. Истото се случуваше и во Авганистан. САД беше во војна 2 децении и никогаш не превзема контрола врз целата територија иако исто како и во Ирак, обучуваше војска која требаше да го направи тоа.

Тоа значи дека операциите на САД не завршиле за 2 недели како што сакаш да прикажеш. Туку траеле со години, со децении.
За 48 часа целосна воздушна доминација имаа над цел Ирак. Најмалку 5 пати видеа имам пуштано за цела оперија.

Герилата нема начин како да ја уништиш, се додека не 'истребиш' физички да нема герилци.

Цели градови имавме освоено, талибаните делуваа по планини и правеа по клисури најчесто, поставуваа IED и бегаа по текот на ноќта. Нормално бомбаши самоубијци беа присутни константно.
Автоматски споено мислење:

Т-90 и Т-80 се тука некаде со Леопардот и донекаде најновите модернизирани верзии на Т-72.

Сите предходни Советски тенкови се на горе-доле исто рамниште со своите генерации од запат. Мислам на Леопард - 1, М60, М48 и така натаму.

Сите наведени тенкови и западни и Советски имаат еден куп варијации, типови, серии и слично и секоја од нив има подобри/полоши нишани, стабилизатори и слично. Многу зависи и од тренингот на посадата и спремноста на командниот кадар (спореди Арапи со МиГ-21 со Виетнамци и Индијци со истиот авион во речиси исто време на пример)

М-1 Абрамс токму заради crew safety and survivability го сметам за најдобар бидејќи затоа е далеку над сите други. Ласерски нишан и балистички компјутер има и Југословенскиот М-84. Дали знаеш дека во почеток Абрамсот имал топ од 105мм? Истиот тој топ со кој биле наоружани НАТО тенковите во 70-те и 80-те имал проблем до предниот оклоп на обичен Т-72 во Ирачко - Иранската војна и тоа е делумно причина за воведување 120мм.

Мислам има тука многу интересен муабет ама дај да се вратиме на темата.
Тек новиот Абрамс што доаѓа :D еве едно видевце.

 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.690
Поени од реакции
42.278
тотално незнаење е темава, еден руски тенк тежи 45 тони, абрамс тежи 65 тони, и тоа ако не кажува кој тенк е подобро заштитен не знам што.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.407
тотално незнаење е темава, еден руски тенк тежи 45 тони, абрамс тежи 65 тони, и тоа ако не кажува кој тенк е подобро заштитен не знам што.
И да и не.

Абрамсот заради 4 члена посада има поголем габарит и автоматски треба повеќе оклоп за иста заштита што значи и поголем и потежок мотор штоа пак бара повеќе оклоп и.т.н. Јас го сметам за најдобро заштитен тенк на светот ама пред се заради решението со муницијата.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
тотално незнаење е темава, еден руски тенк тежи 45 тони, абрамс тежи 65 тони, и тоа ако не кажува кој тенк е подобро заштитен не знам што.
Нема врска тежината, еве убаво феникс сега што го покажа видевцево со новиот Аbrams X. Тоа што го правеше абрамс безбеден за посадата, беше тоа што муницијата не го чуваше како карусел за аутолоадот. Е сега најнова варијација абрамс Х ја имаат направено со аутолодер и сега исто така ќе биде ранлив како и другите тенкови со аутолодер.

^^
И да и не.

Абрамсот заради 4 члена посада има поголем габарит и автоматски треба повеќе оклоп за иста заштита што значи и поголем и потежок мотор штоа пак бара повеќе оклоп и.т.н. Јас го сметам за најдобро заштитен тенк на светот ама пред се заради решението со муницијата.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.690
Поени од реакции
42.278
И да и не.

Абрамсот заради 4 члена посада има поголем габарит и автоматски треба повеќе оклоп за иста заштита што значи и поголем и потежок мотор штоа пак бара повеќе оклоп и.т.н. Јас го сметам за најдобро заштитен тенк на светот ама пред се заради решението со муницијата.
па сега нормално е кога е поголем да има поголем габарит. Кога ќе го извадиш аутолоадерот од т-72 и ставиш човек да става зрна и т-72 ќе ти се гледа простран внатре. Абрамс е друга лига у поглед на заштита, од напред куполата скоро невозможно е да се пробие пошто има блокови од осиромашен ураниум.

Нема врска тежината, еве убаво феникс сега што го покажа видевцево со новиот Аbrams X. Тоа што го правеше абрамс безбеден за посадата, беше тоа што муницијата не го чуваше како карусел за аутолоадот. Е сега најнова варијација абрамс Х ја имаат направено со аутолодер и сега исто така ќе биде ранлив како и другите тенкови со аутолодер.

^^
Ауто лоадерот не е лоша работа, и Т-14 армата е на тој принцип дизајниран со аутолоадер поставен независно од посадата. Проблемот со тие аутолоадери е што има луѓе меѓу нив во старите советски дизајни.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
За 48 часа целосна воздушна доминација имаа над цел Ирак. Најмалку 5 пати видеа имам пуштано за цела оперија.

Герилата нема начин како да ја уништиш, се додека не 'истребиш' физички да нема герилци.

Цели градови имавме освоено, талибаните делуваа по планини и правеа по клисури најчесто, поставуваа IED и бегаа по текот на ноќта. Нормално бомбаши самоубијци беа присутни константно.
Токму тоа е најголемата грешка на Украинците, што не се префрлија на герилска војна. И ништо не значи што во Авганистан ги земале големи градови, ако се знае дека најголемите вооружени групи во Авганистан одсекогаш биле во руралните и планинските предели. Авганистан под талибан немаше никаква сериозна војска. Немаше ПВО, немаше тенкови. Денеска после воената операција на САД, Талибан е сериозно наоружана армија со најново западно оружје.

А во Ирак, како што кажав моралот кој и така беше пред колапс, колабрира инстантно кога почна бомбардирањето. Ирак беше под тешки санкции 13 години, имаше една „хуманитарна“ програма за Ирак што се викаше нафта за храна, што може јасно да ја покаже сликата на очајот на Ирачаните. Армијата им беше од 70-80тите, И можда беше некој опонент во 1990, но во 2003 беше бледо издание на тоа што го имаа, имајќи го во предвид и слабото одржување под санкциите. Згора на тоа проблемот што го насочува @Eisenhorn. И тоа е тоа.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Не постои најдобар тенк по некој универзален критериум. Секоја држава си го прави тенкот да и одговара на својата национална доктрина и потреби. Како што абрамсот е правен да се вклопи во америчката доктрина така Меркава е правен да се вклопи во израелската, итн.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Ауто лоадерот не е лоша работа, и Т-14 армата е на тој принцип дизајниран со аутолоадер поставен независно од посадата. Проблемот со тие аутолоадери е што има луѓе меѓу нив во старите советски дизајни.
А има ли некои нов принцип на аутолодери ?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.690
Поени од реакции
42.278
А има ли некои нов принцип на аутолодери ?
па на Т-14 куполата скроз независна е од екипажот напред. Екипажот е како во капсула заштитен, и дури да се детонира муницијата екипажот нема да биде допрен.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
па на Т-14 куполата скроз независна е од екипажот напред. Екипажот е како во капсула заштитен, и дури да се детонира муницијата екипажот нема да биде допрен.
Аха, ама генерално истиот принцип на карусел, само што е енкапсулирано телото на тенкот.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.407
па сега нормално е кога е поголем да има поголем габарит. Кога ќе го извадиш аутолоадерот од т-72 и ставиш човек да става зрна и т-72 ќе ти се гледа простран внатре. Абрамс е друга лига у поглед на заштита, од напред куполата скоро невозможно е да се пробие пошто има блокови од осиромашен ураниум.

Ауто лоадерот не е лоша работа, и Т-14 армата е на тој принцип дизајниран со аутолоадер поставен независно од посадата. Проблемот со тие аутолоадери е што има луѓе меѓу нив во старите советски дизајни.
Во 1995 или 1996 НАТО преку Мароко од Русија тајно купуваат неколку парчиња Т-80 и веднаш еден е однесен во Британија на тестирање до уништување.

Абрамс и Челинџер имале проблем да го пробијат предниот оклоп на Т-80 пукајќи со истите топови и муниција со кои ги потепале Ирачаните во 1990. На 2км одалеченост пробивале во 50% од погодоците а истиот успех го имал Т-80 пукајќи во нивните оклопи на 2км.

Веднаш потоа НАТО почнува да развива нова генерација пенетратори (хехе) за своите АПСФДС зрна. Еден од проблемите што Ирак го има во 1990 и во 2003 е што пенетраторите се од 1960-те и 70-те години и едноставно не може да го пробијат поновиот оклоп.

Затоа треба посебна тема мислам дека не е само тенкот, има и до топот, нишанските уреди, балистичките компјутери па и мунуицијата како и тренингот на посадите.

ЕДИТ: во иднина сите тенкови ќе имаат аутолодери бидејќи се зголемува големината на муницијата. Следно е 130 до 140мм.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
@Fenix955 каков принцип на аутолодер има новиот Абрамс ?
Карусел систем ќе има и абрамс Х по тоа што можев да го најдам но муницијата ќе биде заштитена како и на досегашниот абрамс позади blast doors, во случај на детонација на муницијата ќе има blow out panel.
1667394487040.png
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Инаку видеово што вика, дека САД ќе го напушти стариот концепт и ќе го следи концептот на Русија и Кина за тенковите со компактни тимови :)
Автоматски споено мислење:

Карусел систем ќе има и абрамс Х по тоа што можев да го најдам но муницијата ќе биде заштитена како и на досегашниот абрамс позади blast doors, во случај на детонација на муницијата ќе има blow out panel.
Прегледај го приврзокот 350256
Еве го гледав видеото. Незнам колку може blast door да биде ефикасен во случајов со абрамс. Пошто муницијата буквално се наоѓа во спојката и воопшто не е енкапсулирано телото. Но добра работа кај тенков што гледам дека го развиваат да може да се управува од далечина. И исто така користат глобална мрежа од повеќе единици. Нешто што Русија го има развиено во ПВО системите. Мислам дека веќе Русите и експериментираат со Т62 на далечинско, тоа ќе е уствари најновиот упгрејд на тенковите. Како што пишав во претходниот пост, пораката на самото видео е:

„This autoloader system would be a major departure from western tank design, and looks more similar how Russia and China's armored forces operate, with smaller crews...“. Зошто би го следеле принципот, ако не го бива на пример ?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom