Eisenhorn
Lord Inquisitor
- Член од
- 6 мај 2009
- Мислења
- 4.097
- Поени од реакции
- 9.407
Т-90 и Т-80 се тука некаде со Леопардот и донекаде најновите модернизирани верзии на Т-72.тоа е факт ама неможеш само врз основа на тоа да го ставаш на исто рамниште леопардот со руските тенкови тоа е само crew safety and survivability како фактор, тука има уште еден куп фактори, од оклоп па се до нишански системи стабилизација и така на таму. Т90ката може да се мери со Леопардот и е тука некаде, другите руски тенкови не мислам дека се на рамниште а како што гледаме т90ката не е нешто во големо изобилие кај русите
Сите предходни Советски тенкови се на горе-доле исто рамниште со своите генерации од запат. Мислам на Леопард - 1, М60, М48 и така натаму.
Сите наведени тенкови и западни и Советски имаат еден куп варијации, типови, серии и слично и секоја од нив има подобри/полоши нишани, стабилизатори и слично. Многу зависи и од тренингот на посадата и спремноста на командниот кадар (спореди Арапи со МиГ-21 со Виетнамци и Индијци со истиот авион во речиси исто време на пример)
М-1 Абрамс токму заради crew safety and survivability го сметам за најдобар бидејќи затоа е далеку над сите други. Ласерски нишан и балистички компјутер има и Југословенскиот М-84. Дали знаеш дека во почеток Абрамсот имал топ од 105мм? Истиот тој топ со кој биле наоружани НАТО тенковите во 70-те и 80-те имал проблем до предниот оклоп на обичен Т-72 во Ирачко - Иранската војна и тоа е делумно причина за воведување 120мм.
Мислам има тука многу интересен муабет ама дај да се вратиме на темата.