- Член од
- 3 јуни 2022
- Мислења
- 1.759
- Поени од реакции
- 4.257
Иако пред руската инвазија на Украина, рафинеријата на Лукоил во Италија увезувала нафта од различни земји, во моментов 93 отсто од нафтата што ја преработува е од руско потекло. Со други зборови, не е претерано да се каже дека поради некоја причина рафинеријата на Лукоил во Италија е специјализирана за бизнисот со руската нафта, што е невообичаено во ситуација кога, наводно, ЕУ подготвува ембарго на нафта за увоз од Руси
Како и да е, откако рафинеријата на Лукоил на Сицилија ја преработува руската нафта во деривати, тие легално стануваат италијански деривати кои, очигледно, немаат никаква врска со руската нафта, иако се 93 отсто од руско потекло. Затоа, рафинираните нафтени продукти се истураат без ограничување во танкери кои ги транспортираат до складиштата на Ексон и Лукоил во Њу Џерси и Тексас.
