Изгледа Рустите почнаа да ги плаќаат и
дописниците на Њујорк тајмс...Јбг, изгледа долга е раката на Путин....
Западот веќе со децении ја мами Москва. Известував од источна Европа на крајот од Студената војна. Ги гледав овие милитаристи ...
Прво, го прекршија ветувањето дека НАТО нема да да се шири надвор од границите на обединета Германија.
Потоа, го прекршија и ветувањето дека нема „трајно да стационираат значајни воени сили“ во новите земји-членки на НАТО од источна и централна Европа.
Потоа, го прекршија и ветувањето дека нема да поставуваат ракетни системи долж руската граница.
Потоа, не го одржаа зборот дека нема да се мешаат во внатрешните работи на погранични земји како Украина, оркестрирајќи пуч во 2014-та што ја урна владата на Виктор Јанукович, а на нејзино место донесоа антируска - фашистички настроена - влада, која пак резултираше со осумгодишна граѓанска војна затоа што источните региони населени со руско население бараа независност од Киев.
После пучот, НАТО ја наоружа Украина и обучи 100.000 украински војници. Потоа ги регрутираа неутралните Финска и Шведска.....
„Мораме да бараме итни преговори за да ѝ ставиме крај на војната во Украина, или ќе се најдеме во трета светска војна. И од нашата планета нема да остане ништо - само затоа што глупавите немале појма. Тие не сфаќаат со што си имаат работа, со разорната сила на нуклеарната енергија,“ вели тој.
Како дописник за Њујорк тајмс од светот, имав работа со голем дел од овие идеолози - Дејвид Петреус, Елиот Абрамс, Роберт Каган, Викторија Нуланд.... Ако од градите им ги тргнете медалите и силните дипломи, ќе наидете на
плитки мажиња и женчиња, стрвни кариеристи кои побожно ѝ служат на воената индустрија која пак им овозможува напредок, им ги спонзорира нивните тинк-тенкови и ги полни со пари како членови на одбори на воени компании.