Многу е едноставно, ако твојот непријател е доволно глупав да заглави во долга војна најпаметно ти е да ја претвориш во прокси војна и да гледаш да заглави уште повеќе.
Е сега каде е проблемот, повеќето од вас овде мислите дека украина и украинците ја сакаат русија ама американциве со сила ги киднапираа и сега ги тераат да гинат за америка а украинциве со сила одат не им се оди ич. Тоа е неточно, Украина имаше руски марионети кој ја водеа и со сила ја држеа 'братска' со русија. Е сега америте им помогнаа со револуција да се ослободат од тоа влијание ама не дека украинците нешто беа изгорени да бидат под русите, затоа и успеа. Зошто не може циа истото во белорусија да го направи? Укрите не ја сакаат русија бидеќи ги клеца 500 години и така дојде до ситуацијава. Украинците сакаат да дадат отпор бидеќи им се преку кур дојдени овие, американците и западот не се будали да не искористат таква прилика, непријателот ти направил мискалкулација и се втерал кај што не го собира, златна прилика која не се пропушта.
Русија влезе во еднонеделна авантура и заглави 8 месеци and counting. Во тоа време изгуби техника колку скоро никој од втора светска војна што нема изгубено, илјади луѓе, се доведе во воена економија, се доведе до мобилизација, се доведе да лупа по маси и да се заканува со нуклеарки, се доведе во изолација и ги изгоре сите мостови што ги градеше декади. Си го наруши угледот на супер сила со тоа што дозволи една никаква украина не само да ги шлака на фронт туку и да им мава ракети и бомби дома во русија а притоа тие да седат скрз раце или од немоќ електрани и трафостаници да гаѓаат. И сето тоа за на крај ни целите да не бидат исполнети, не што не се исполнети туку не се ни близу. Во меѓувреме европеецот плаќа нешто поскапи производи, а и така 2 бона плата зема, и кој победува сега?
Ако е ова победување ко нема русија сто години вака да победува.