Решени сме да се тргне уставната одредница „20 отсто“ за албанскиот јазик, велат Адеми и Снопче
Решени биле да се тргне одредницата „20 отсто“, и плус викаат: „Станува збор за вредности градени со години по Охридскиот договор кои се сега бетонирани и кои нема да дозволиме да бидат уништени, рече Адеми, додека Снопче ѝ порача на ВМРО-ДПМНЕ доколку условуваат, како што рече, тогаш и албанската опозиција ќе изнесе нови услови.“
Нови услови на нови услови. Нема крај ова... Сите граници ги преминуваат со ваквото нивно условување. Што ќе биде следно? Уставни измени дека мора Албанец да биде премиер на секој втор мандат и сл.?!
Не сакале ни да слушнат да бидат тргнати балансерот и бадинтеровиот принцип, а што ако дојде момент кога нема да сакаат Македонците ни да слушнат повеќе за ваквиве услови?