Кoј има можност и контакти со луѓе од други сцени може да примети дека еден муабет веќе кај сите доминира а тоа е навивањето се враќа пак на светски рамки, речиси секоја тифосцена по короната има препород, многу групи кои не биле активни се враќаат по години пауза, квалитетот е се поголем, доста акции, , само овој викенд имаше еден куп интересни натпревари низ цел Балкан.
Денеска ова не е никаков показател, работен ден, прелош термин, групи од кои еднава допрва треба да застане на нозе, другава само што се активира, однапред познат резултат, не носат услови соодветни за мобилизација, но наредната полусезона ќе има право дерби на терен, за трибините останува на самите групи, друго веќе како што дознавам доста други клубови исто така добиваат сериозни спонзори па ако и нивните групи се појават на кошарка ќе биде доста добар ветар у грб, уште место некој скопски баскет екипи да биде пример Вардар каде што Комбат беа исто така предобри може да се создаде повторно јака квалтетна баскет сцена.
Оваа сезона е само градење на јадра и не треба да се очекува ништо повеќе од тоа што се има сега на сценава, фудбалот е трагедија, ракометот е вреден само на крајот со плејофот, кошаркава допрва после аматеризам почнува да заличува лигата, со што со поквалитетен спорт и групите ќе имат поголем жар да бидат активни, таа е сезона каде што се градат јадрата, догодина ќе биде правиот тест за тоа каква сцена ќе имаме, мега ракометно дерби, може да се каже слободно најголемо на светско ниво во тој спорт, враќање на најголемото дерби до скоро во македонскиот спорт во кошарка, плус уште неколку силни кошаркарски колективи во најава, фудбалот е навивачки секогаш најинтересен така да и без некое посериозни промени на квалитетот на терен ќе носи квалитетни изданиа на трибина.
Со квалитетна работа на групите да продолжат во тој правец, со повеќето инвестиции во спортот, добивањето на прави спортски дербиња, активирањето на речиси сите групи од двата етнички табори, нашава мактифо сцена од наредната сезона може да почне да ги живее своите најдобри денови и да биде една од најинтересните на светско ниво, само нештата да продолжат да се движат во тој правец на спортски план.