Во многу поразличен свет живееме од тој во времето на Хирошима и Нагаски, тогаш САД беше единствената нуклеарна сила, фашизмот беше пред крах, и другите веле сили беа со САД против заедничкиот непријател. Моментално имаме повеќе од 7 нуклеарни држави речиси сите со свои геополитички интереси. Не е малце чудно зошто после Хирошима и Нагасаки не е искористено нуклеарно оружје?
Тотално небитно е во муабетов дали се потпишале договори помеѓу Украина и Русија, ако гледаме така и Русија потпиша договор после предавањето на нуклеарките на Украина дека нема да вршат агресија таму, само реков не ми е тоа поентата, поентата ми е дека после искористување на нуклеарно оружје во геополитички конфликт влагаме во друг свет во кој што мислам дека и Русите се свесни дека е подобро да не влезиме во тој свет.
Тој свет што го знаевме од 1945та до 2020та веќе не постои, т.е не постои веќе 10+ години откако се појавија и нови играчи за тронот. Лесно беше додека беа САД и СССР, па после тоа само САД околу 2 децении, сега од колачот сакаат да каснат: Русија, Кина и за брзо Индија.
Пред се е битно што има нова распределба на богатството во светот, истото се одлева од претходните колонизатори, што значи дека ќе губат моќ се повеќе и повеќе.
После ковидот (алтернативната 3та Светска) работите се менуваат, и она што беше примарен двигател на мирот е нарушено (непречен економски развој и напредок на технолошки и економски план).
Ќе видиме што доаѓа, искрено се надевам дека нема да влеземе во таков тип на игра оти нема да е арно за никого.
Ако западот не прекине со трупање на оружје ќе гледаме уште мноогу долга војна/или кратка со употреба на ова оружје. Русија не се откажува овој пат оти се влезени all in, и Украина мора да биде пример за сите што ќе сакаат да се заебаваат со нив во иднина. Ако навистина сакаат да бидат ценети мора да направат пример од Украина, а тоа значи се само не арно за народот што живее таму, и за Европа како прв загрозен.