Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.515
Не мора да значи.Нема неисплатливо, метата што ја гаѓаат вреди многу повеќе од ракетата од ПВО, секоја воздушна закана мора да се пресретни.
Интересно е што дронов е прилично ефтин (веројатно една крстосувачка ракета вреди најмалку 50 дронови), има огромен досег, носи солидно полнење и за земји поголеми од Израел е скоро невозможно да се одбраниш од овие. Од 50 дронови, 45 да бидат пресретнати, тие останатите 5 ќе ја завршат работата.
Претпоставувам дека на една мета пуштаат повеќе дронови.
Настрана фактот што покрај нападот вршат уште 2 работи, трошат драгоцени ресурси од ПВО (тоа што викаш, проектил од ПВО вреди неколкукратно повеќе од дронот, а често пати за една мета требаат повеќе од еден проектил) и ја откриваат локацијата на ПВО, што значи дека може веднаш да биде гаѓана од други понапредни системи.
Единствено решение за ова е попречување на сателитски комуникации (веројатно користи сателити за да стигни до метата), технологија што ја има само Русија и уште 1-2 земји.
Бидејќи имам доста искуство во оваа проблематика, ќе пишам некој збор што мислам дека користат, или барем како би играл јас.
Генерално може да го направиш да лета со различни сензори, бидејќи ова е custom решение може да го програмираат да користи глобална, аугментациска или диференцијална навигација за одреден дел од рутата, а крајните неколку километри да се движи со жироскопот.
Едноставно му внесуваш рута, истата може да варира по сите оски, на почеток се закачува на сите фрекфенции кои ги има наоколу, а може да ги чита сензорот, и добива точна локација. Од последната позната точка да го оставиш да лета само на жироскоп, дури и на различни, дигитални и аналоген за апла последниот сегмент со што нема да може да го турнат ни со EMP.
Гарант имаат дури и 3д модели на територијата, дури и од lidar може да е со точност од 1-3 метри, и за да не оптеретува може да ги користат само карактеристичните коти и координати кои треба да ги избегне за да не се забие на погрешно место, со што ќе бидат 100% сигурни дека нема да се забие во дрво/погрешна зграда. Со новата технологија може и да прават нови модели и мапирање на секои 2 денови.
Со среќа во погаѓање на ова, само играње со сензорите и технологии кои постојат со децении имаш ефтино оружје.
Ако е оставен на сите сензори до крај, може да му исцртаат и рути со илјадници прекршни точки од по неколку метри, и ништо не го фаќа, само на тој начин има шанса да го турнат со EMP, или да му прават пречки на фрекфенциите.
Околу навигацијата, глонасс користи модулација со офсет на фрекфенциите, за разлика од останатите со играње кај кодот, така да може да се заебаваат и на тој дел, или да дигаат локални мрежи каде со активација на неколку бази може да го третираат како ровер кој би користел ртк или диференцијален од локалната мрежа (тотално нови фрекфенции, а може да го наведуваат со дециметарска точност на 50км од секоја станица).