И знаеш што?
Без навреда, ама некој што има војничка позадина, многу зборуваш за трачарски моменти, Путин-мутин, момиња, проруски сме биле, итн.
Не ме вреѓа тоа, го почитувам твоето мислење иако не се сложувам со него. Ама како поранешен инструктор во повеќе воени дисциплини ме вреѓа дека не си ме разбрал. Ја погодуваш поентата како сторм трупер.
Јас погоре ти напишав едноставна теза, а ти сега некакви гачки ми пишуваш. Додека ми ја игнорираш тезата.
Уште еднаш: Тезата ми е дека северниот и јужниот фронт се една иста војна, а во таа војна лажњакот на Киев донесе успешни резултати на југ. Самата војна е успешна заради тој маневар. Ти слободно наречи го и пораз, според твое толкување, како сакаш викај го - немам ич проблем со тоа.
јас ти ја разбирам тезата, колку и да е климава, ама успешна војна е победена војна. Не ти ја игнорирам, само сметам дека не си во право и дека тоа што го зборуваш не прави никаква тактичка, оперативна или стратегиска логика.
Имам проблем не што ми зборуваш ваков сум бил таков сум бил, туку што избегнуваш да се соочиш со фактот дека тој маневар кај Киев за РФ донесе успех како краен резултат.
Ако само тврдиш дека е факт, не е навистина факт. Повеќе повторувана лага не станува вистина во науката (воена наука). Повеќе повторувана лага станува вистина во пропагандното делување (метод за управување со пошироки маси)
колку сакаш линкај ми за Пунските војни (за кои патем одамна веќе имам читано, и не ми требаат документарци на јутјуб да гледам за нив).
не беше целта Пуниските војни, целта беше дека на одредена секунда е линкот, точно каде што Роберт МекКалион објаснува што се тактички и стратешки цели. Каков сооднос имаат и како се поврзани.
Класичен пример како многу способен генерал, тактички и оперативно сметан за гениј, пропаѓа бидејќи нема стратешка визија. Џабе се победи ако не те водат до определена цел и не ја оствариш таа цел. Учи ја историјата за да не ја повторуваш. Русите ја повторуваат со оваа војна
Твојата премиса е дека Русија сакала брз завршеток на војната. Така и јас мислев на почеток (и тогаш можеби и така било). Но се што гледаме сега е дека РФ иде на спора разврска.
тоа што Русија иде сега на спора разлика не значи дека јас и ти не сме биле во право. Бидејќи и самите Руси тоа го изјавија, тоа значи дека не успеале во своите цели и сега се прилагодуваат на новонастаната ситуација.
Ако не успеале во своите цели тоа е неуспех. Во војна, неуспехот е еднаков на пораз. Губиш војска и воена техника а не добиваш ништо.
Можеби (акцент на можеби), можеби една од опциите тогаш на почетокот била брза капитулација - но после кратко време кога станало јасно дека САД нема да дозволат договор и мир, Русија отишле на втората варијанта: Долга војна и исцрпување на противникот, war of attrition (пребарај ја темава со овие зборови, уште тогаш ги употребував). РФ стратешки така е поставена, за долга војна. Минимум можна бројност за минимизирање на трошењето. Тоа го сменија тек пред скоро време, кога Украина ескалира на зерг/ИСИС тактики со масовни напади без обзир на сопствените жртви.
Значи план А е
неуспешен од било какви причини ==== неуспех
Одиме на план Б, ќе видиме тој како ќе се одвива
РФ стратешки не поставена за долга војна, ако беше, ќе направеа мобилизација пред војната. Како тоа долга војна оди со минимум можна бројност? Ќе ги воскреснуваат мртвите за пак да се борат? Како тоа во долга истрошувачка војна минимум ќе трошат? Или планот беше да направат војна 7 месеци па да направат мобилизицаија бидејќи се се одвива по планот?
Пак ќе речам, реков и претходно:
Украина не спроведува ИСИС тактики, ако го тврдиш тоа си очигледно тактички необразован