Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.976
Поени од реакции
7.373
Како ти знаеш што били планирано?
Пази - за знаење зборувам, не за претпоставки. Ти знаеш, или претпоставуваш (посакуваш можеби)? Пошто ако не си Путин или во рускиот генералштаб, тогаш не знаеш.
Ова често го пишувате, ама тоа истото важи и за прорускиот табор, дека не знаете ништо што планирале Руските служби.


Мое мислење (пристрасно како што ти викаш) е дека Путин сакаше реприза на Крим 2014. Молскавична акција и абсолутна контрола на настаните. Акцијата во 2014 беше толку добра, што западот не ни ја спомнува оти им е срам. Не се дискутира како Русија тогаш тоа го изведе, бидејќи е најверојатно преседан во историјата.
Која ли е веројатноста ликови кои извеле совршена акција, за после да сметаш дека се до толку неспособни:

Путин мислеше ова реприза ќе биде, ќе си анектира парче по парче. Ама не излезе така и сега цехот стана многу голем да се поднесе.
Македонскиот воен кадар што е без некое реално воено искуство не прави грешки како што кажувате дека Руската војска ги прави, а не па Руските стратези со троа поголемо искуство. И тоа во соседна држава, за која што имаат информации за секој нејзин дел.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.806
Поени од реакции
26.369
Не знам кој се има декларирано за неутрален. Ако за мене збориш,ја сум про Русија. И за Јуве навивам па не пишувам дека играме добро.
Автоматски споено мислење:


Хипотетички ако се десеше нешто со власта во иран, од кај ќе ги земеа дроновиве? Класична зорт реакција е купувањето.
Хопотетички си во право. Ама и Јелоустон(ако беше тој мегавулканот во САД) да експлодираше, кој ќе им дадеше Химарси на Украинците?

Иран не падна кога беше најслаб 80-88 во една од најисцрпувачките војни после ВСВ, во моменти кога САД беше во зенитот на својата моќ, па колкава е можноста да падне сега?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.336
Поени од реакции
31.204
Ова често го пишувате, ама тоа истото важи и за прорускиот табор, дека не знаете ништо што планирале Руските служби.
Јас анализирам резултати од војувањето.
Не читам умови и не знам што е планирано, ниту па пишувам што планираат Русите да направат.

Ова се факти, а кој не се согласува лесно може да ме демантира со соодветен цитат.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.806
Поени од реакции
26.369
Македонскиот воен кадар што е без некое реално воено искуство не прави грешки како што кажувате дека Руската војска ги прави, а не па Руските стратези со троа поголемо искуство. И тоа во соседна држава, за која што имаат информации за секој нејзин дел.
Egzactly, збориме за апсолутно потценување на Русите, до ниво на пародија. Просто неверојатно.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.807
Поени од реакции
4.499
И знаеш што?
Без навреда, ама некој што има војничка позадина, многу зборуваш за трачарски моменти, Путин-мутин, момиња, проруски сме биле, итн.
Не ме вреѓа тоа, го почитувам твоето мислење иако не се сложувам со него. Ама како поранешен инструктор во повеќе воени дисциплини ме вреѓа дека не си ме разбрал. Ја погодуваш поентата како сторм трупер.
Јас погоре ти напишав едноставна теза, а ти сега некакви гачки ми пишуваш. Додека ми ја игнорираш тезата.
Уште еднаш: Тезата ми е дека северниот и јужниот фронт се една иста војна, а во таа војна лажњакот на Киев донесе успешни резултати на југ. Самата војна е успешна заради тој маневар. Ти слободно наречи го и пораз, според твое толкување, како сакаш викај го - немам ич проблем со тоа.
јас ти ја разбирам тезата, колку и да е климава, ама успешна војна е победена војна. Не ти ја игнорирам, само сметам дека не си во право и дека тоа што го зборуваш не прави никаква тактичка, оперативна или стратегиска логика.
Имам проблем не што ми зборуваш ваков сум бил таков сум бил, туку што избегнуваш да се соочиш со фактот дека тој маневар кај Киев за РФ донесе успех како краен резултат.
Ако само тврдиш дека е факт, не е навистина факт. Повеќе повторувана лага не станува вистина во науката (воена наука). Повеќе повторувана лага станува вистина во пропагандното делување (метод за управување со пошироки маси)
колку сакаш линкај ми за Пунските војни (за кои патем одамна веќе имам читано, и не ми требаат документарци на јутјуб да гледам за нив).
не беше целта Пуниските војни, целта беше дека на одредена секунда е линкот, точно каде што Роберт МекКалион објаснува што се тактички и стратешки цели. Каков сооднос имаат и како се поврзани.
Класичен пример како многу способен генерал, тактички и оперативно сметан за гениј, пропаѓа бидејќи нема стратешка визија. Џабе се победи ако не те водат до определена цел и не ја оствариш таа цел. Учи ја историјата за да не ја повторуваш. Русите ја повторуваат со оваа војна
Твојата премиса е дека Русија сакала брз завршеток на војната. Така и јас мислев на почеток (и тогаш можеби и така било). Но се што гледаме сега е дека РФ иде на спора разврска.
тоа што Русија иде сега на спора разлика не значи дека јас и ти не сме биле во право. Бидејќи и самите Руси тоа го изјавија, тоа значи дека не успеале во своите цели и сега се прилагодуваат на новонастаната ситуација.
Ако не успеале во своите цели тоа е неуспех. Во војна, неуспехот е еднаков на пораз. Губиш војска и воена техника а не добиваш ништо.
Можеби (акцент на можеби), можеби една од опциите тогаш на почетокот била брза капитулација - но после кратко време кога станало јасно дека САД нема да дозволат договор и мир, Русија отишле на втората варијанта: Долга војна и исцрпување на противникот, war of attrition (пребарај ја темава со овие зборови, уште тогаш ги употребував). РФ стратешки така е поставена, за долга војна. Минимум можна бројност за минимизирање на трошењето. Тоа го сменија тек пред скоро време, кога Украина ескалира на зерг/ИСИС тактики со масовни напади без обзир на сопствените жртви.
Значи план А е неуспешен од било какви причини ==== неуспех
Одиме на план Б, ќе видиме тој како ќе се одвива
РФ стратешки не поставена за долга војна, ако беше, ќе направеа мобилизација пред војната. Како тоа долга војна оди со минимум можна бројност? Ќе ги воскреснуваат мртвите за пак да се борат? Како тоа во долга истрошувачка војна минимум ќе трошат? Или планот беше да направат војна 7 месеци па да направат мобилизицаија бидејќи се се одвива по планот?

Пак ќе речам, реков и претходно:
Украина не спроведува ИСИС тактики, ако го тврдиш тоа си очигледно тактички необразован
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.446
Поени од реакции
40.309
Пак ќе речам, реков и претходно:
Украина не спроведува ИСИС тактики, ако го тврдиш тоа си очигледно тактички необразован
А каква тактика е тоа да натовариш невин шофер со експлозиви и да го кренеш у воздух?
 
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Вака порано се цртаа мапи за десант и освојување на Одеса. Сега дојдовме до ирански мопеди :D
Ќе дојде и тоа кога тогаш. Русите не ја заборавиле Одесса. Тоа е истотака руски град. Времето работи за Русите.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.807
Поени од реакции
4.499
А каква тактика е тоа да натовариш невин шофер со експлозиви и да го кренеш у воздух?
диверзантска - герилска
да индоктринираш лице што свесно ќе се самоубие со надеж дека ќе добие 72 девици, целта е терор, сеење страв и параноја и нема никаква тактичка придобивка = тоа е ИСИС тактика
Да натовариш камион со експлозив што не е твој човек, за да разурне витална комуникациска инфраструктура е саботерска - диверзантска тактика, често употребувана во герилски дејствија
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.446
Поени од реакции
40.309
диверзантска - герилска
да индоктринираш лице што свесно ќе се самоубие со надеж дека ќе добие 72 девици, целта е терор, сеење страв и параноја и нема никаква тактичка придобивка = тоа е ИСИС тактика
Да натовариш камион со експлозив што не е твој човек, за да разурне витална комуникациска инфраструктура е саботерска - диверзантска тактика, често употребувана во герилски дејствија
значи исис тактика мора да се вртат 72 девици, иначе не било тоа, а? Не се сеќавам у понова историја некој вакви герилски тактики да користи друг клинтоне. Така да тоа малу морген.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.807
Поени од реакции
4.499
Која ли е веројатноста ликови кои извеле совршена акција, за после да сметаш дека се до толку неспособни:
Која ли е веројатноста 6 светски шампиони во фудбал да не се пласираат во плеј-оф веднаш по 4 години на нареден мундијал?
8 години се долго време, секој го студира непријателот, како што Русија очекуваше исти успех, Украина очекуваше иста постапка од Русија. Свети Џавелин ги благослови поштено
Македонскиот воен кадар што е без некое реално воено искуство не прави грешки како што кажувате дека Руската војска ги прави, а не па Руските стратези со троа поголемо искуство. И тоа во соседна држава, за која што имаат информации за секој нејзин дел.
гледаме, без грешка се, перфекција у пм
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.385
Поени од реакции
12.093
Не ме вреѓа тоа, го почитувам твоето мислење иако не се сложувам со него. Ама како поранешен инструктор во повеќе воени дисциплини ме вреѓа дека не си ме разбрал. Ја погодуваш поентата како сторм трупер.

јас ти ја разбирам тезата, колку и да е климава, ама успешна војна е победена војна. Не ти ја игнорирам, само сметам дека не си во право и дека тоа што го зборуваш не прави никаква тактичка, оперативна или стратегиска логика.

Ако само тврдиш дека е факт, не е навистина факт. Повеќе повторувана лага не станува вистина во науката (воена наука). Повеќе повторувана лага станува вистина во пропагандното делување (метод за управување со пошироки маси)

не беше целта Пуниските војни, целта беше дека на одредена секунда е линкот, точно каде што Роберт МекКалион објаснува што се тактички и стратешки цели. Каков сооднос имаат и како се поврзани.
Класичен пример како многу способен генерал, тактички и оперативно сметан за гениј, пропаѓа бидејќи нема стратешка визија. Џабе се победи ако не те водат до определена цел и не ја оствариш таа цел. Учи ја историјата за да не ја повторуваш. Русите ја повторуваат со оваа војна

тоа што Русија иде сега на спора разлика не значи дека јас и ти не сме биле во право. Бидејќи и самите Руси тоа го изјавија, тоа значи дека не успеале во своите цели и сега се прилагодуваат на новонастаната ситуација.
Ако не успеале во своите цели тоа е неуспех. Во војна, неуспехот е еднаков на пораз. Губиш војска и воена техника а не добиваш ништо.

Значи план А е неуспешен од било какви причини ==== неуспех
Одиме на план Б, ќе видиме тој како ќе се одвива
РФ стратешки не поставена за долга војна, ако беше, ќе направеа мобилизација пред војната. Како тоа долга војна оди со минимум можна бројност? Ќе ги воскреснуваат мртвите за пак да се борат? Како тоа во долга истрошувачка војна минимум ќе трошат? Или планот беше да направат војна 7 месеци па да направат мобилизицаија бидејќи се се одвива по планот?

Пак ќе речам, реков и претходно:
Украина не спроведува ИСИС тактики, ако го тврдиш тоа си очигледно тактички необразован

Ахам. Ај вака малце да те раштимаме.
Пикање на воена техника позади цивилно население/објекти не е ИСИС тактика? Не мора да е ИСИС еве ти како поранешен инструктор или што и да си објсни ми според кое конвенции/доктрини користење како штит цивилно население е доктрина на војување.

За тоа што го раманат со земја Донбас нема ни да те прашам, веќе знаеме според која доктрина се водиш и според таа тоа во ред е таму. Добро што не истрча дека сами Русите си се гаѓаат во Донбас.

Абе секоја чест што си бил инструктор ама со компасот изгледа ти ги раписале Каубојците. Затоа бе ти цело време разочаран од Русите што не удрија со хамерот и не праат карпет бомбинг над цивили.





Герилски тактики рече инструкторот. Јебем ти ја герила бе. Једина горила е ИСИС, Чеченија 2001 што користеа слични срања и сега учките на Бајден.


Аоао свети Џавелин. :pos: Отиден си ти бато, те изеде темната страна.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.807
Поени од реакции
4.499
значи исис тактика мора да се вртат 72 девици, иначе не било тоа, а? Не се сеќавам у понова историја некој вакви герилски тактики да користи друг клинтоне. Така да тоа малу морген.
Ај не се прави на три ипол и прочитај го постот без 72 девици и реплицирај ми на тој дел
Буквално секоја војна вклучува диверзатски дејствија и попречување на комуникации на непријателот. Уште во времето на Цезар се рушеле мостови за спречување на логистички линии, тоа што ти не се сеќаваш кажува за твоето знаење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom