Значи сите проруски наклонети членови на форумот догматски треба да веруваат на Донбас моме, ама сите што барем малку поразлично „толкуваат“ тогаш тоа е субјективно и треба да се земе со резерва...ок...Па не кажуваш јасно критериум како „препознаваш“. Мене тоа ми личи на толкување.
Според мене сите овие „технички“ дилеми се излишни во вакви и лаички ама и реални дискусии. По мене треба да се гледа дали нешто е успешно или не е.
Така да ако сакаш да размислуваш дали Русите успеале да го освојат Киев - секако дека не биле успешни. Дури нема ни да навлегувам во правец колку е објективно реално да тврдиш дека навистина со 30К војска отишле да го освојуваат Киев.
Но дали истовремено биле успешни на друго место? Киевскиот лажњак (ти пораз наречи го) дали влијаел на одвлекување украински ресурси за справување со тој руски продор? Дали тоа влијаело на исходите кај јужниот фронт? Епа пошто одоговорот на трите прашања објективно е ДА, тогаш за мене заклучокот е дека Русите ОПШТО биле УСПЕШНИ. Без разлика на дефинициите за лажњак и за јадење стап, кои се извесно неважни во однос на реалноста на настаните.
Ова малку го сменив. Сега го имаме вистинското прашање кое дава недвојбено јасен и точен одговор за текот на војната.
едит: Aко го гледаш само Киев, тогаш не ја гледаш целата војна... Со други зборови, треба да се прошири видикот (во случајов не само на цела Украина, туку и на цела планета).
Јас погоре ти напишав едноставна теза, а ти сега некакви гачки ми пишуваш. Додека ми ја игнорираш тезата.Значи сите проруски наклонети членови на форумот догматски треба да веруваат на Донбас моме, ама сите што барем малку поразлично „толкуваат“ тогаш тоа е субјективно и треба да се земе со резерва...ок...
Се што можеме ние да коментираме е дојдено од медиумите - официјални или неофицијални. Вистинските информации нас најверојатно ќе не заобиколат.
За да не објаснувам јас најосновни работи, еве едно видео каде е убаво објаснето
Hannibal (PARTS 6 - 10) ⚔️ Rome's Greatest Enemy ⚔️ Second Punic War
Get Surfshark VPN at https://surfshark.deals/historymarche - Enter promo code historymarche for 85% off and 3 extra months for free! Hannibal Playlis...youtu.be
Кога Русија влезе во Украина целта беше денацификација. Тоа е крајната цел - стратешка цел. За да ја постигнат таа цел тие влегоа од 3-4 правци, зависи како гледаш на работите. Од север према Киев и Хостомел, североисток према Чернихив и Воронеж, од југ од кај Крим према Херсон, потоа кон Запорожје и исток нормално - Донбас. Тогаш Путин рече дека ова не е војна и дека е специјална воена операција, целта е да се денацифицира Украина и смени власта таму.
Овие воени цели Русија не ги оствари. После се пренасочи кон ослободување на Донбас и југот на Украина, што до денес се уште не е остварено.
Значи ако му веруваме на Путин, сега за сега неговите цели после 8 месеци специјална воена операција не се остварени. Кога некој не си ги остварува целите, тоа кај нас во село го викаат неуспех.
Вие сега може да го облекувате тој неуспех во свила и панделки од типот:
Путин никогаш не би си ги кажал вистинските цели... ова е шаховска игра....
Европа е на колена, ужасна им е ситуацијата со економија и енергенси...
Украина никогаш веќе нема да биде држава....трпат неверојатни загуби
Русија не војува против Украина туку војува против НАТО... да беше поинаку различна ситуација ќе беше....
Русија се грижи за цивилното население, до сега можеа да ги здробат со нуклеарки...
Чекајте сега залет земаат, ова е само почеток.....
Што и да си кажете себе си, неуспехот е неуспех, колку и да е прекрасен. Сето ова погоре и да е вистина, основните цели останаа неостварени.
Твојата премиса е дека Русија сакала брз завршеток на војната. Така и јас мислев на почеток (и тогаш можеби и така било). Но се што гледаме сега е дека РФ иде на спора разврска.Мое мислење (пристрасно како што ти викаш) е дека Путин сакаше реприза на Крим 2014. Молскавична акција и абсолутна контрола на настаните. Акцијата во 2014 беше толку добра, што западот не ни ја спомнува оти им е срам. Не се дискутира како Русија тогаш тоа го изведе, бидејќи е најверојатно преседан во историјата. Путин мислеше ова реприза ќе биде, ќе си анектира парче по парче. Ама не излезе така и сега цехот стана многу голем да се поднесе.
Ако Путин не беше премногу самоуверен годинава во февруари, и сакаше да ги обезбеди целите кои сега тврди дека сака да ги обезбеди, Киев и Чернихив не требаше воопшто да биде на маса. Требаше абсолутна концентрација на сили од Крин преку Херсон и Запорожје во правец на Харков. Со такво саобиколување, Украина ќе паднеше за две недели. Ама барем скапи се сметките струја во ЕУ и ние не плаќаме радиодифузна такса
Имаш стенографски записи што се договарале РФ со Иран во средбите низ годиниве наназад? И што е некомпатибилно во war of attrition со постојано и непречено нанесување штета на противникот, со (пре)евтини средства. И сето тоа безбедно, без да им гинат нивни војници.war of attrition со ирански дронови. Да, изглеа тотално планирано.
Ако планирале долга војна, можеле да испланираат производство на дронови. А не да купуваат и зависат од Иран, не од кејф, туку зашто немаат.Имаш стенографски записи што се договарале РФ со Иран во средбите низ годиниве наназад? И што е некомпатибилно во war of attrition со постојано и непречено нанесување штета на противникот, со (пре)евтини средства. И сето тоа безбедно, без да им гинат нивни војници.
Тезата ти е дека успехов им е непланиран? Ајде бе и така нека биде, ама што со тоа „сознание“? Што ти е тезата всушност?
па не ги купуваат сами ги произведуваат, по лиценцаАко планирале долга војна, можеле да испланираат производство на дронови. А не да купуваат и зависат од Иран, не од кејф, туку зашто немаат.
Ова е само уште една во низата импровизации за да се спаси ситуацијава. Дронови, а богами и war оf attrition, било задњо нешто на памет на русите во февруари.
Имате нешто заедничко со @Klinton а тоа е на успехот да му наоѓате нови имиња.Ако планирале долга војна, можеле да испланираат производство на дронови. А не да купуваат и зависат од Иран, не од кејф, туку зашто немаат.
Ова е само уште една во низата импровизации за да се спаси ситуацијава. Дронови, а богами и war оf attrition, било задњо нешто на памет на русите во февруари.
Зборевме за тоа што како планирале, а не дали е успешно или не.Имате нешто заедничко со @Klinton а тоа е на успехот да му наоѓате нови имиња.
Во ред. Како сакаш наречи го, тоа што е важно е дали е успешно тоа-нешто-како-сакаш-наречи-го. Успешно ли е?
Не е ни тоа поентата. Поентата е дека до завчера немале, ни залиха ни производство, што значи дека не се припремиле и се приморани да бараат чаре сега.па не ги купуваат сами ги произведуваат, по лиценца
Иран и Северна Кореја долго време се под санкции. САД и западна Европа ќе им го разработуваат бизнисот со оружје, па ќе почнат и да го усовршуваат. Да се припремат за во иднина коа ќе планираат они да носат демократија.Зборевме за тоа што како планирале, а не дали е успешно или не.
Успешно е, само ти кажува колку отсечени од реалност се руските генерали. Не обрнале внимание на тоа дека дроновите имаа огромна улога во последните неколку конфликти и влегоа во војнава неспремни ни за краток ни за долг судир. Сеа зависат од дроновите на Иран.
Автоматски споено мислење:
Не е ни тоа поентата. Поентата е дека до завчера немале, ни залиха ни производство, што значи дека не се припремиле и се приморани да бараат чаре сега.
War of attrition дефинитивно не била планирана. Немаше да купуваат дронови и балистички ракети од Иран ако планираа војна со години. Тоа што тврдите не кореспондира со состојбата и случувањата на терен и треба да сме реални за ситуацијата а не да смислува е толкувања, вака сакале, тоа сакале, ова или Ина планирале.Имаш стенографски записи што се договарале РФ со Иран во средбите низ годиниве наназад? И што е некомпатибилно во war of attrition со постојано и непречено нанесување штета на противникот, со (пре)евтини средства. И сето тоа безбедно, без да им гинат нивни војници.
Тезата ти е дека успехов им е непланиран? Ајде бе и така нека биде, ама што со тоа „сознание“? Што ти е тезата всушност?
Типците само Руската армија ја анализираат. Еден збор немаат пишано сите тројца заедно за учките на Бајден. Да не испадне дека не ве спомнувам @Menethil @Ne_sum_ja @Klinton .како ќе планира некој што може да биде и како ќе се одвиваат стварите. Иран ете се понудил како опција да се допуни тоа што фали и што има лошо во тоа? Украина пола свет и помага, а за тоа ништо не коментирате...
Уопште не е тоа поентата на муабетот. Ситуацијата не делува како Русија да се спремала за долга војна, зашто ќе имаше 1000 дронови во залиха и нивен погон уште пред пола година. А не да купува од Иран сега, кога им гори под нозе.како ќе планира некој што може да биде и како ќе се одвиваат стварите. Иран ете се понудил како опција да се допуни тоа што фали и што има лошо во тоа? Украина пола свет и помага, а за тоа ништо не коментирате...