Здраво друштво, планираме да ставиме 3 клими во станот од кои една ќе биде
Gree Console 18(5.5), а другите 2 планирав
Amber Nordic 12(3.5), но мајсторот ми кажа дека ќе биле прејаки за просторот и ми предложи
Amber Premium 12(3.5).
Едната соба ми е 9m
², а другата 15м
². Знам дека просторот е мал и дека секоја клима би го загрејала, но мене ми е битно греењето да биде што е можно поекономично. Реално не ми е битна цената на климата дали ке е 40.000 МКД или 60.000 МКД туку битно ми е помалку да троши long term. Гледам дека Nordic-от троши помалку, но сепак просторот е премал и не знам дали тоа ќе има некакво значење во овој случај. Според овластен Gree монтер, прејака е и ми кажа "нема ни да уклучува во овој мал простор".
Ваше мислење на ова?