Летово замарав за совети за нова кола
Некој од вас тука препорача Субару Оутбек не дека имав желба да го проверам зашто како што пишав тука даноците ми се најголем проблем, ама секако се спроти салонот за хонда мотори па кога го носев моторот на сервис поминав да видам што како е колата. Стварно е голема и пространа, има и можност моторот да биде на етанол (со што данокот се намалува за 90% од 1300€ годишно на 125€) ама етанол кога би фатил накај Македонија гледам чешка/словачка/маџарска/Србија/МКД никаде не можам да го најдам
Затоа ја одминав
На крај се одлучив (денес ја нарачав) за Киа сеед св, 1.6 мотор плагин хибрид
Добив убав попуст плус гратис зимски гуми и гратис сервис за првите 3 години